Не мора да значи дека нема да ти изгледа убава доколку направиш минивал, тоа се зависи од квалитетот на косата, квалитетот на киселината со која ќе ти ја прават и секако до начинот на виткање... Погоре прочитав многу позитивни коментари т.е. убави искуста Најубаво консултирај се со фризерката каде редовно одиш, она најдобро ти ја познава косата и нејзиниот квалитет А каква ти е косата, долга кратка...?
Јас пошто не бев задоволна од минивалот ја ишишав кратка (не од депресија сум имала и предхпдно кратка коса) и одкако се ишишав многу ми се згусна... Си размислувала некогаш за таков потег? Секако треба и да ти одговара на обликот на лицето кратка фризура Мене многу убаво ми стои да си се пофалам
сум размислувала али нема шанси кратка коса , не ми стои ич ( бев пред 15 години со кратка машка фризура )
Мојата е кратка црвена и одлично ми одговара на очите (зелени) и тенот (секако страшно бела ) Каква ти е фарбана?
@anakonda88 Јас планирам кон крајов на годината да правам ладна , но со крупни локни, како на видеово. Мислам дека и тебе ќе ти заврши работа... Уште да најдам некој кој го прави ова кај нас. Девојки, помош ?
Анаконда, што направи со минивалот? Јас кога правев пролетва на фризер ми рекоа дека на фарбана коса не се прави минивал затоа што косата од фарбата е оштетена и киселината уште толку ќе ја оштети. Ама ме интересира во меѓувреме дали си направила минивал случајно?
не се направив , ме предомислиа , и мене истото ми го кажаа дека на фарбана коса не можи , а и мн се оштетувала , првите недели била убава после катастрофа
Zdravo devojki feminki. Me interesira dali otkako ke se napravi trajno vitkanje na kosata moze da se farba (prasuvam zosto bev plavusa, pa stanav brineta i znam deka ako napravam trajna dosta ke osvetli poradi blansot koj e seuste vo vlaknoto, a sakam da bidam brineta - temno kafena) i so kakvi farbi a da ne iscezne pritoa vitkanoto?
Кога бев мала голема желба на мајка ми и баба ми им била да имам виткана коса. Затоа баба ми ме однела кај една фризерка познаничка да ми направи минивал но сепак не успеа и многу брзо падна бидејќи користеле послаба киселина за да не ми ја оштетат косата. Не ми се допаѓа лично, немам ништо против виткана коса но јас сакам убави крупни и дефинирани локни а не такви какви што испаѓаат при оваа постапка. Е сега и за тоа има решение, доколку имаш минивал локните се трајни и по миењето на косата таа може да се навитка со крупни витлери и така да трае подолго, имајќи во предвид дека скоро сите кои имаме долги густи прави коси знаеме дека локните се исправаат за 2-3 часа во нормални услови. Ама јас не би губела толку време после секое миење. Освен тоа кај коренот треба да се доправа редовно за да не биде права како што расте а со тек на време може и надолу да наслабне. А и дефинитивно косата се оштетува, и целосно да попушти сепак косата нема да биде повеќе иста на она место каде што поминала киселината и ќе треба тој дел целосно да се израсне и исече. Значи внимателно со оваа постапка, ако не ви се допадне нема назад, ќе треба долг период за обновување на косата.
Јас правев минивал едно добри 7/8 години. Го правев на 6/7 некогаш и 8 месеци. Од моето искуство ова го знам: - Да, косата се оштетува, ама еднократно и после имаш период на обновување ( не ја гориш на три недели како за фарбање) - како расте коренот така и минивалот ќе паѓа(ослабува) па така и нема да го имаш оној смешен момент на пола виткана пола права коса. Плус киселината го фаќа и коренот и тој се подигнува - виткањето ми беше со поголеми витлери ми делуваше скроз природна - 24часа по правење минивал не смеете да ја миете косата и туширањето треба да ви биде кратко (пареата од топлата вода во овој период може да го ослаби дејството на киселината) - на фарбана коса не излегува добро минивал, дури некогаш и не може да се навитка - после минивалот треба соодветна нега- маска за коса (може и природна), не многу чешлање или чешлање со чешел со широки запци; користење на пена или крема за коса; силиконски капки - обавезно косата да биде во степен шишана, во спротивно ќе изгледате како триаголник да имате на глава