Женчиња, ај ве молам искуства со минивал ???? Крупни или ситни локни правеше? Јас имам ептен ретка коса која премногу се масти , па искрено се надевам дека со оваа постапка малце бар по живо ќе ми делува косата и не ќе морам толку често да ја мијам.... Што би ме советувала ти ?
Па и мојава коса не е нешто кујзнае колку густа, ама виткана ептен ми се свиѓа како ми стои. плус имам мала глава а широки рамена и витканово правеше баланс Кога правев минивал витлерите беа од прилика широки колку показалец ( значи подебело од молив).... Дефинитвно нема да треба толку да ја миеш, бидејќи витканото си трпи и малку замастување, не се познава толку .... Мене спас ми беше витканата коса ама за тебе не знам како би ти било, види советувај се со твојата фризерка (ако си имаш некоја што со години те прави) ....
Ти благодРАМ многу за советот, јас веќе се направив минивал, денес Па можам да кажам дека не е лоша , убаво изгледа, само што локниве ми се поситни од очекуваното, но толкави витлери имаше фризерката, најголемите што ги имам ќе ги ставам ми рече.... Што е најважно ќерка ми и мажот ми ептен ме бендисаа , а то ми беше ептен битно Се на се, во глобала сум задоволна. Поубава сум одошто бев претходно Па сега ќе видиме како ќе биде понатаму....
Тоа со локните може и на прв поглед така да ти се чинат.... Може ќе се опуштат после едно две миења па ќе се ослободи малку витканото. Баш ми е мило што те бендисале . Сега заборави на чешел, купи си добар шампон и маска и немаш гајле. Јас сакав некое омбре/сомбре да правам ама пак ме влече на виткано. Ај кажи каде ја правеше?
Дали може да се бира големината на витлерите затоа што не сакам да ми биде многу навиткана ама сепак да биде убава брановита?
Имам правено еднаш. Мојата коса претходно беше бланширана, па не фати од прва. Локните беа какви што сакав, преубави. Е сеа кај ја зафркнав работата? Ја исфарбав после еден месец оти од киселината ми осветле бајаги. По фарбањето локните беа ужасни. Па ќе ве прашував, што се прави отпосле со бојата на косата доколку не ни се свиѓа а да не се исправат локните?
Ми светна нешто... ако ја отстраниме бојата со отстранувач и птооа нели мора да се избои во природната, па тогаш да направиме минивал, каква ќе и' биде бојата?!
@nadelinka ти се обраќам тебе како последен член што коментирал. Јас еднаш ја имам направено трајна виткана ама на природна - нефарбана (со најситните витлери) и многу брзо ми пуштија локните Сега сакам пак да ја правам ама на фарбано Да споделиш ако може некој совет за добар шампон и маска се со цел одржување на формата на локните И фризери ако може да ни го испромовираш чим со години ја правиш сигурно добро работи
Кики, на фарабан не знам како би ти испаднала.... Мене сите ми имаат кажано дека на фарбана коса не испаѓала трајната. Што се однесува до шампон јас не користев специјални за виткана (додуша и нема некоја избор) така да стандарден шампон за волумен, плус маска и обавезно пена за локни или крема (на балеа имам користено) и дифузер. А за фризер не можам да ти помогнам дека јас последен пат ја правев пред 5 години, ама таа фризерка веќе не работи. Имам слушнато дека многу ја фалат некоја жена што има салон позади Броз кафе, т.е. од Силбо кога одиш по уличката на првата раскрсница бил салонот.... За жал не знам број ама еве може некоај друга челнка ќе помогне....
@КикиМаус ти препорачувам на фарбано да не ја правиш, јас ја направив до душа долниот дел од косата ми беше фарбан и после минивалот по еден месец морав да го сечам оти ми се направи како метла не можев ни да ја исчешлам косата ни ништо...
Дрвојки..некој ако има искуство. Имам скроз права коса. Средно должина, и не фарбана. Густа. Што мислете за минивал, некој со искуство? Флизерката ја прашав за оштетување, ми кажа дека не се оштетувала, киселината се правела според косата
Јас имам правено со години минивал. Да се оштетува и јаки се киселините, но според мене поголемо оштетување за коса е фарбање на секои три недели отколку еднаш минивал па после 4-5 месеци раат. Дека ќе биде виткана косата нема толку да се забележува оштетувањето, ама јас практикував почесто маски со масла, обавезно силиконски капки и средства за виткана коса (која по дифолт е посува од вообичаената)... Ова не само поради оштетувањето, туку и поради убавите локни.
https://images-na.ssl-images-amazon.com/images/I/C1PasNDgbZS._CR0,0,3840,2880_._SL1000_.png Дали со минивал може да се добие ваква фризура? Колку време траат локните, дали може подникнат корен (малку бели влакна) да се фарба после фризирањето и препорачајте фризер кој може да ја постигне оваа форма...
Па можеби ќе може. фризерката ќе ти каже. Само правило е дека минивал и фарбање не одат. Или косата ќе ти падне од многу киселини или минивалот нема да ти успее. За вакво нешто најдобро да ти ја направат еднократно со фигаро.
Никогаш веќе не би пробала. Ја правев три пати во рок од две години, косата катастрофа. Целата ми беше со метил, плус редовно шишање, маска за коса, ампули и џабе. Едвај ја оправив додека ја скратив тоа што беше минивал. Само првиот пат најубава беше, секој нареден локните не фаќаа веќе и само се оштетуваше.