треба и ќе му кажам кога ќе почуствувам дека тој ме сака...а предвреме не може само да го искористи тоа па после.....
Pa ako navistina go Sakas i ako navistina go cuvstvuvas toa, barem po mene treba da mu kazes ! Zosto tvojot parner bi go iskoristil toa, osven ako se somnevas vo negovata ljubov kon tebe ........ !?
мааа нее ние си кажуваме,само зборувам доколку имам некоја почетна врска(не дај боже)прва не би рекла те сакам...пошто не го познавм доволно партнерот....затоа спомнав инаку со дечко ми постојано си викаме те сакам...
Заслужи кретенот. Затоа и му реков дека го сакам. Кретен! Колку ми недостигаш понекогаш... И тие вечери кога само се гледавме и се натпреварувавме кој ќе каже повеќе пати те сакам... Секое едно те сакам беше искрено... Но... Нема повеќе. Те сакам.
Да, треба да му кажеш..... А не е лошо и да му го повторуваш тоа од време на време....ама не секој ден А зена ми сака да го слуша тоа и по 100 пати на ден
На почеток на врска може и не треба да се претерува многу со оваа изјава, од чиста причина да не се исплаши партнерот. Но понатаму, кога врската ќе добие сериозен тек, мислам дека секое искрено искажување на љубов е само плус. Така е барем кај нас...и многу ми е убаво ("Душо, не само што те сакам, туку и те обожавам").
Ако се чувствува нешто треба и да се каже. Па така и „Те сакам“, но ако тоа навистина се мисли и НЕ ПРЕМНОГУ ЧЕСТО (на секои 15 мин. на пример). Јас не кажувам толку лесно „Те сакам“, не само затоа што некој може да го злоупотреби тоа, и премногу да си допушти, туку мора да бидам сигурна во тоа за да го кажам. Мразам кога некој ме прашува „Ме сакаш?“, ич не ми кажуваш...па шо има да ме прашува, ако го чувствувам тоа ќе го кажам не мора никој да ме присилува.
Па со оглед на тоа што јас сум многу директна, а и не знам да кријам било какви емоции, не се плашам да го изговорам ова пред некој што ЗАСЛУЖУВА. Секогаш и со мерка.
Изразот "те сакам" се кажува на личности што заслужуваат тоа да го чујат од нас,а не некои кои со тоа ќе ја дигнат цената или ќе го злоупотребат тоа.И не секогаш треба да веруваме кога некој ќе ни каже дека не сака затоа што е многу битно изразот те сакам да се докаже отколку да се каже.Можам да верувам на оној кој ми вели дека ме сака само ако ми го докажал тоа преку однесувањето и постапките и спрема тоа дали ме прави среќна или не... Те сакам е прекрасен израз,но само ако е искрено кажан.Те сакам не можеш да кажеш на било кој за да го освоиш.Не можеш да кажеш те сакам на дечко со кој си во врска само една недела...Тоа е мое мислење.
освен што ми докажува мојот дечко и јас исто цело време си кажуваме те сакам после секој раговор на моб.после секое чао...после секој збор,знам дека е многу ама не го сметам тоа за навика....ако го мислам тоа стварно е така дека го сакам и со него е истото....сите ми се чудат кога пред да исклучиме на моб нема исклучување додека не се каже магичниот збор те сакам
Ја барав темава за да споделам нешто Поминувам покрај еден плоштад, а таму на билборд со големи букви ИВАНА ТЕ САКАМ, во потпис МАРКО Е умрев од смеење скоро исто како кога го видов познатото Каролина те сакам, од Гроздан Возев, и само на блиц го видов, и уште не ми се верува на очиве. Уште се мислам дали некоја шега, или стварно некој пациент сака Ивана на плоштад да си прочита дека ја сака Како и да е, се убив од смеење, а тоа е здраво, го продолжува животот
Нормално дека треба да се каже ТЕ САКАМ но тогаш кога навистина ќе се почувствува тоа,а не само ради реда да се каже.За мене тоа се 2 збора кои значат многу и затоа треба да се искажат само кога тоа доаѓа од срцето.А уште побитно е тоа те сакам да се покаже на дело.
А мора ли Те сакам да има само значење во врските? Кажувам Те сакам секој ден! На мама, на другарките, на другарите... Сепак, ако кажеш Те сакам, мисли го тоа! Не кажувај на некој што не го заслужува тоа. Не вреди. А тој што кога ќе го слушне тој магичен збор и веднаш денот ќе му се разубави, тој е вистинскиот! Тој го заслужува твоето внимание,твојата љубов. Затоа, не прашувај Треба ли, најди ја личноста и кажи !
Треба да се каже Те Сакам секогаш кога го чувствуваме тоа. Секој ден по 100 пати си кажуваме со дечко ми Те Сакам, секој наш разговор завршува со Те Сакам, зошто и двајцата навистина го мислиме и го чувствуваме тоа. Секогаш и кажувам на другарка ми те сакам, зошто осекам дека треба да и кажам. И кажувам на мајка ми, на братучетка ми, на кучето Преубаво се чувствувам кога ке кажам на некого Те сакам, затоа кажувам често, но само на луѓе кои навистина ги сакам. Разубави го животот некому, кажи му дека го сакаш, барем на миг ке украдеш насмевка од неговото лице!