Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Треба ли да се каже некому „Те сакам“?

Дискусија во 'Врски' започната од rozita91, 15 мај 2010.

  1. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    нормално дека треба да се каже ама само кога тоа се вистинските чувства
     
  2. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    "Те сакам" се обични зборови како и сите други, но кога имаш чувства кон некого и тој ќе ти ги каже, те вивнува во облаци. Јас мислам дека сакањето е многу повеќе од "те сакам". Мене секогаш ми се побитни делата кои покажуваат многу повеќе од зборовите. Џабе "те сакам" кога ваму ти правам триста работи зад грб. Затоа мислам дека "те сакам" треба да се покаже со дела, џабе се лигушењата "те сакам, не можам без тебе". :*
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Треба и тоа често, убаво е некому да му кажеш дека ти значи и дека е љубен...

    Мене до душа мм прв ми кажа, ама тоа го сфатив здраво за готово, си помислив-да бе сигурно, две недели [/i]заедно и ме сакаш...100% ме сакаш :^) ..Малку се најдов во небрано и сигурна сум дека очекуваше да му одговорам-и јас тебе злато, сонце, циле-миле... факт е дека дечкото (мм) ми значеше ама не се чувствував спремна да му кажам -те сакам, затоа само го гушнав силно и го бакнав во чело...се сеќавам како вчера да беше.
    Тие две зборчиња ги слушна од мене соосема неочекувано, сигурно бевме заедно некои 3-4 месеци, си седевме, се гушкавме, се зезавме нешто и ми излета- е значи многу те сакам, ептен ме смееш...после се сецнав ама готово кажав. Тогаш и самата сфатив дека навистина го сакам, дека веќе е влезен во моето срце и искрено се исплашив :o ...се исплашив зошто не очекував дека пак ќе сакам, се исплашив од тоа што ќе биде ако тој престане да ме сака...дотогаш ми беше некако поопуштено, дечково ме сака, добар е...се` е ОК, ама сега...сега и јас го сакам... :!: :inlove:
    Можеби токму од тој прикриен страв често пати доаѓа до устручавање и воздржување од кажување на тие две фамозни зборчиња, страв да не се смени нешто во врската, да не дојде до злоупотреба на нашите чувства.
    Среќа моја кај на не се смени ништо и станавме прави лигуши :tmi: -сега кога ќе ми текне како се лигавевме се газам од смеење :D Кажувањето на -те сакам уште повеќе ни ја зацврсти врската и буквално летавме колку бевме вљубени.

    Сега, во денешно време, повеќе си покажуваме отколку што си кажуваме..доволен е еден поглед на пр. кога доаѓа од раб. една искра во неговите очи, една насмевка, едно пољупче, една прегратка.. за да знам дека се` уште сум сакана...иако морам да кажам дека понекогаш сум таков давеж :lol: ќе го гњавам и ќе му викам -кажи ми дека ме сакаш, додека не ми кажеш ќе те гњавам...а сето тоа е проследено со многу смеа :D :D знам дека личам на мајмун и дека си правам будала од себе, ама ако..интересно ми е кога го гледам како се смее и му ги дигам акциите...како паун е :D
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Треба и тоа често, убаво е некому да му кажеш дека ти значи и дека е љубен...

    Мене до душа мм прв ми кажа, ама тоа го сфатив здраво за готово, си помислив-да бе сигурно, две недели заедно и ме сакаш...100% ме сакаш[/i] :^) ..Малку се најдов во небрано и сигурна сум дека очекуваше да му одговорам-и јас тебе злато, сонце, циле-миле... факт е дека дечкото (мм) ми значеше ама не се чувствував спремна да му кажам -те сакам, затоа само го гушнав силно и го бакнав во чело...се сеќавам како вчера да беше.
    Тие две зборчиња ги слушна од мене соосема неочекувано, сигурно бевме заедно некои 3-4 месеци, си седевме, се гушкавме, се зезавме нешто и ми излета- е значи многу те сакам, ептен ме смееш...после се сецнав ама готово кажав. Тогаш и самата сфатив дека навистина го сакам, дека веќе е влезен во моето срце и искрено се исплашив :o ...се исплашив зошто не очекував дека пак ќе сакам, се исплашив од тоа што ќе биде ако тој престане да ме сака...дотогаш ми беше некако поопуштено, дечково ме сака, добар е...се` е ОК, ама сега...сега и јас го сакам... :!: :inlove:
    Можеби токму од тој прикриен страв често пати доаѓа до устручавање и воздржување од кажување на тие две фамозни зборчиња, страв да не се смени нешто во врската, да не дојде до злоупотреба на нашите чувства.
    Среќа моја кај на не се смени ништо и станавме прави лигуши :tmi: -сега кога ќе ми текне како се лигавевме се газам од смеење :D Кажувањето на -те сакам уште повеќе ни ја зацврсти врската и буквално летавме колку бевме вљубени.

    Сега, во денешно време, повеќе си покажуваме отколку што си кажуваме..доволен е еден поглед на пр. кога доаѓа од раб. една искра во неговите очи, една насмевка, едно пољупче, една прегратка.. за да знам дека се` уште сум сакана...иако морам да кажам дека понекогаш сум таков давеж :lol: ќе го гњавам и ќе му викам -кажи ми дека ме сакаш, додека не ми кажеш ќе те гњавам...а сето тоа е проследено со многу смеа :D :D знам дека личам на мајмун и дека си правам будала од себе, ама ако..интересно ми е кога го гледам како се смее и му ги дигам акциите...како паун е :D
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    секако,иако повеќе ми значи кога ќе ми покаже но незнам ете сеуште кога и да ми каже треперам, да му кажувам и јас,можеби не цело време но еднаш во денот е онака сосема доволно барем за мене :)
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Подобро е да се почека извесно време и после да се докаже љубовта ,бидејќи "Те сакам" како фраза може лесно да се изрече и без посебни чувства ,но кога е така навистина ,тогаш другата половина ваљда ќе почувствува.
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Тоа можам да го кажам само кога навистина го чувствувам тоа.
     
  8. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Шо поретко, поубаво. На секојдневни "те сакам" не верувам. И уште подобро - покажување, не кажување.
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Pocekaj prvo toj da ti kaze deka te saka i da ti go dokaze toa, a ako uspee da ti go dokaze togas slobodno reci mu TE SAKAM :*
     
  10. VeRyCa

    VeRyCa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Да, треба.. Но доколку ги изговараме тие две мали зборчиња, со големо значење потребно е да бидеме сигурни, потребно е навистина да го мислиме, а не да ги изговараме ради реда.. поздрав :*
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да, треба но само ако навистина го чувствуваме тоа.
    Ако го кажуваме постојано тие зборови го губат значењето, смислата и силата што ја имаат. Убаво е да се каже, но уште поубаво е ако се покаже љубовта.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    да треба
    но не премногу често и само во оние моменти кога го чуствуваме вистински тоа :rock:
     
  13. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    “Те сакам“ за мене е веќе избледена фраза. Секој ја кажува кога сака, не кога чувствува. Така да и ја сум од оние кои кажуваат кога сакаат. Ретко ја чувствувам, тоа го покажувам другачие.. :devil:
     
  14. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    'Те сакам' зборовите не ми значат ништо, ако не се кажени од срце и истовремено поткрепени со делата кои ги врши истиот што ми ги упатил овие зборови.

    Денес овие зборови излеваат од устите и од оној што сакаш, а се почесто од оној од кој не сакаш, а воедно и не би требало да ги слушнеш. Од проста причина дека овие зборови се празни и не ја гледам поентата на секој што ќе стигнеш да му се лигавиш со тоа те сакам, те сакааааам, те сакааааааааааам..........

    Од мене човек ретко ќе ги чуе овие зборови, но ако тоа се случи треба да знае дека се изговорени со цела искреност,топлина и љубов. Те сакам значи навистина те сакам, и ми е стало до тебе.
    И дефинитивно треба да се престане да се уништува убавината на овие две мали, но прекрасни зборови.
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас многу се нервирам кога со некој сум се видела два пати и ми вели дека ме сака |( и секогаш ролам во такви моменти.

    А ако тоа се чувствува од срце треба да се каже, иако многу често може да биде злоупотребено од спротивната страна, па партнерот ако не чувствува толкава љубов да прави што сака, под девизата “ ќе ми се смири бре, ме сака он/она„

    Ако чувствувам дека некој сакам, а гледам дека врската се развива и оди кон убав правец, да не речам
    (а ќе речам) прав правец, тогаш би кажала, зошто да не ;) ?

    Некогаш токму поради неискажани чувства заладуваат, па дури и се прекинуваат некои врски, бидејќи се базираат на лоши претпоставки.

    Најдобро е да се игра со отворени карти и да се признае кога се сака некој вистински- има ризик, ама има и добар бенефит ако чувствата се возвратени :).
     
    На Phyramide, bittersweet и Sparks им се допаѓа ова.
  16. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Те сакам е многу значаен збор и не треба да се троши на некој кој не заслужил да му ги кажиш овие два зборчиња или пак да ги кажуваш на секо му а притоа да не е важно дали истото го чуствуваш или не.
    А ако за некој навистина чуствуваш љубов тогаш треба да се кажи и да се игра со отворени карти :)
     
  17. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    не затоа што човек кога дознава дека е сакан тогаш станува суров...чувајте ги во себе тие зборови се додека не сте сигурни дека во истио момент кога вие ке ги кажете тие зборови ке добиете повратни И ЈАС ТЕБЕ...!!!
     
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Треба да с екаже во ред е све тоа, ама АКО и САМО АКО тоа вистински се почуствува... Мада за изразување чуства ние женските знаеме да избрзаме, и кога сме заљубени да мислиме дека сакаме, за да сакаме некого и воедно да му признаеме некому дека го сакаме треба да поминеме со тој низ сито и решето (ко шо велат старине) за да се увериме дали таа личност ја сакаме во секој можен изминат миг од наш живот и во секоја една ситуација. А и патем за да сакаме некого треба тотално да го прифатиме таков каков што е ... така д ана поочеток на една врска не можеме да кажеме дека баш сакаме некого, треба да поминеме низ некои работи за да се увериме првин ние дека го сакаме тој наш партнер а тек после да признаеме.
    Што се однесува до мене ми треба многу за да можам да ги изговорам овие два збора од се срце.
     
  19. AthenaAsamiya

    AthenaAsamiya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    104
    Секако дека да но само на некој кој вистински заслужува и само доколку вистински така се чувствуваме.Сепак мене многу време ми треба додека да искажам чувства но ако кажам -те сакам тоа навистина и искрено пред се го чувствувам.
     
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Ако го чуствуваме тоа треба да се каже!