1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трема пред јавен настап

Дискусија во 'Психологија' започната од pink4ever, 26 октомври 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Дали се работи за училишна претстава, изведба, дипломска сите барем еднаш почуствувале страв од неуспех..
    Бидејки сум основно се почессти се приредбите, а јас неможам да замислам како да ја снема публиката. Треперам како да е нешто многу важно. Само во 2ро одд се имам убрукано кога го заборавив текстот. Добро го знаев но пред таа публика снемав мозок :tmi:
    кажете некои ваши искуства
    ако ја има темава бришете ја
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Баш интересна тема.

    Не сум имала многу трема пред настап (а сум ги имала настапи мнооооогу на број), не знам, како оперирана сум од тоа. Кога сум сигурна дека нештото го знам, го умеам и добро го владеам, нема место за трема. Но :!: сепак знам еден лек: без разлика што и да интерпретираш, никогаш не гледај во публиката, барем не директно. Не ги гледај луѓево право во лице, туку пробај а ги прошириш зениците и да се концентрираш на твојот настап. Или едноставно гледај во дел од сцената, во некој ѕид, во таванот, далеку позади (во задните редови)...
     
    На QueenN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    и јас сум имала повеќе настапи, ама за да немам трема пред настам прво ко ќе излезам морам да го видам татко ми и после си велам шо ќе биди нека биди стварно вложив труд, па ајде да го покажам тоа. :)
     
  4. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Сум имала настапи.Беше тоа убаво време кога рецитирав.
    Секогаш имав трема пред настап,но кога ќе излезев пред публиката целосно се сконцентрирав.
    Тремата изчезнуваше.Никогаш не гледав во луѓето,се чувствував како да сум сама.
    Ми се случувало да згрешам,да пропуштам некој стих,но тоа не се заприметуваше,веднаш продолжував и нормално луѓето од публика нема да го заприметат тоа.
     
  5. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Имам трема на почетокот на секоја презентација или настап пред група луѓе, ама тоа е само првите минутки кога ќе почнам да зборам, гласот ми трепери и после се опуштам и гајле немам. Ама тие 2,3 минути на почетокот секогаш ми се најтешки колку и да го владеам и знам тоа што го презентирам :)
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Цел живот се борам со овој проблем, само што кај мене не е само пред настапот, туку претставува целосна блокада. И да не бил толку јавен настапот, повторно ми се случувало истото - верглам и пред луѓе што ги знам со години, ако се повеќе на број, и ако треба јас да зборувам, а тие да ме слушаат.
    Голема грешка правев што во средна школа и на факултет потклекнував пред овој проблем, и ги избегнував презентациите, одговарав само на поставено прашање, ако ме фатеа случајно, без да имам време да се исплашам. :doh: Во средно професорот по физика испитуваше само доброволци - кој стане стане, и јас си имав слаба оценка и покрај тоа што ги знаев сите лекции. Едноставно се препуштав на стравот и не се борев со проблемот. Најдоброто решение за секој проблем, се знае - соочи се, но справувањето дефинитивно не е лесно.
    Ниеден совет не ми помогнал, а сум пробала се’ - едноставно кога ќе дојдеше таков момент, потев, се тресев, не можев да зборувам. Не би посакала никому такво чувство. Најлошо е кога ќе видиш дека некој од "публиката" се смее на тоа што не можеш да зборуваш, па станува уште полошо.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    сум учевствувала, ама не рецитирајќи затоа што како помала се збркав ја заборавив песната, а многу убаво ја извежбав и ја знаев .. оттогаш не ми текнало уште еднаш да одам да рецитирам на приредба, ама сум била многупати во ритмичка .. едноставно не гледајте во публиката, гледајте напред во ѕидовите или пак на некој дел каде што нема многу луѓе, сконцентрирајте се и не мислете на ништо друго .. :)
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Баш деновиве ќе има настан на кој што ќе настапувам ама не сама . За мене лично кога не гледам некој што го знам не се срамам многу ама ако приметам некој познат се усрамувам многу , особено татко ми ако ме гледа :$ :lol: Инаку трема имам ептен :)
     
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Немам, а не сум ни имала.
    Баш се осеќам супер.
    Као диктатор, као оратор.
    Џоа Цицерон сум, мајке ми. :D
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Сум имала повеќе настапи уште во основно и средно, а сега се почесто учествувам на ораторски натпревари. Во првивте неколку секунди додека си го кажам името навистина имам трема, ама потоа како да исчезнува. Не дозволувам говорот да ме владее мене, туку јас да го владеам него. Ми се има случено да го подзаборавам говорот, ама имам импровизирачки развиени техники, така што во такви моменти лесно се снаоѓам. Дома вежбам со пуштена гласна музика или телевизор, затоа што публиката некогаш знае да биде безобразна, да шушка, гласно да прави муабет, а тоа многу деконцентрира. Ама ако си добро навежбан - нема да имаш проблеми. ;)
     
    На rossonerka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Офф Топик:
    Извини што сум малце недоволно информирана ама какви се тие ораторски натпревари?
     
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Натпревари во добро говорење бре девојко.

    И ја сеа се зачленувам во друштво на млади оратори. 8)
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Никогаш не си слушнала за ораторство и реторика? :^)
    Тоа е уметноста во говорењето! Спремаш говор, застануваш на говорница и во рок од 3 до 5 минути го кажуваш користејќи разни техники и вештини, мимики, гестови, повишување, снижување на гласот и слично. Притоа немаш лист пред себе, затоа што како што една професорка велеше: Вие сте оратори, а не спикери! Во глобала така изгледаат натпреварите по ораторство. Има повеќе категории, на пример имаш спремен говор кој сам треба да го напишеш, имаш готов говор (јас еднаш кажував говор на Цицерон), имаш и импровизиран говор каде што ти кажуваат тема пола саат пред да почне натпреварот и ти треба да осмислиш веднаш говор и да импровизираш.
    Интересно е, особено им е потребно како вештина на правниците, затоа и се изучува како предмет на правен. Јас почнав од средно школо да се занимавам со тоа и морам да кажам дека ми помогна многу околу совладувањето на тремата за јавен настап. ;)
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Јас баш и сум немала некои јавни настапи, можеби кога бев помала нешто не учеше наставничката да свириме на флејти и идевме по школи, ама немаше нешто некоја посебно голема публика и не ми било срам. е ако треба да сум сама и на пример да пеам нешто, како другарка ми што цела се препотува и се вади од памет богами и мене можда би ми се десило такво нешто.ама незнам пошто не сум доживеала до сеа нешто слично :)
     
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    леле, ова ми треба имам нешто говор монолог за татковината ама ем држам книга ем треба да и кажувам на публиката. :lol:
    Инаку каде се зачленувате? дали има ограничување на возраста и дали има некои што се на факлутет а одат таму? бидејки не сум од Скопје а кога ке одам на факлутет може да се запишам :lol:
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    ^^ Има Клуб на оратори чии простории се наоѓаат во склопот на Јустинијан Први, колку што сум информирана сеуште функционира. Град Скопје исто така организира ораторски натпревари за средношколците, од секое средно школо се бира еден најдобар, па потоа победниците се натпреваруваат меѓу себе. МАССУМ исто така во рамки на Образовното рандеву организира ораторски натпревари. Кога се одбележуваат Денови на Европска Унија и тогаш се организираат ораторски... има еден куп натпревари од таков тип. Една од најстарите ораторски е „Иво Пухан“, таа ја организира Правен факултет и учество можат да имаат само студенти од тој факултет.
     
  17. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Тоа е како рутина,како некој шаблон за мене.Колку повеќе имаш јавни настапи,толку повеќе се опушташ,помалце трема имаш и полесно е.
     
  18. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Паа јас едноставно кога излезам пред повеке народ каде што јас треба да зборувам а другите да ме слушаат немам трема не ми е страв не се потам но секогаш заборавам што треба да зборувам. Така и на часовите кога ме скорнат пред таблата иако ја знам лекцијата јас кога излезам исто како книга да не сум пипнала.И еднаш учествував во драмска секција и ми беа дадени два стиха од една песна да ги изрецетирам убаво онака со глумење и кога излегов на сцената имаше 100 души пред мене и заборавив што треба да кажувам но добро е другарка ми беше пред мене па додека она го кажуваше нејниот дел јас успеав да се сетам на мојте 2 стиха и кога дојде ред на мене само ги кажав ниту одглумев како што треба ниту ништо едвај чекав да заврши и од тогаш не ми текна веке да отидам таму :D
     
  19. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    мислам тремата доаѓа од недостаток на самодоверба! знам по себе си бидејќи сум најголема тремаџика што постои на планетава и долго се анализирав себе си, сватив дека ме вреба несамодоверба и комплекс на помала вредност, што и да знам колку и да сум добра или најдобра мене ме фаќа трема и тоа ме спречува да се покажам во најдобро светло во краен случај знам да се блокирам и да занемам, а у домашна атмосвера пред себе си, сум гром!

    како ова да се побди незнам!
     
  20. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Мислам дека тремата се јавува кај секого, кој треба да зборува или да се претстави пред поголема група на луѓе или јавноста.
    Јас како мала на приредбите сум имала трема, но не до толку да заборавам текст :).
    Е сега кај оние луѓе кои речиси секојдневно се во ваква ситуација, мислам дека тремата исчезнува, односно со текот на времето се намалува.