Да секако,позитивна! Најчесто за патронатите кажувам лични творби и цитати од Кочо Рацин .. Се припремаме,средуваме,наставничката ни кажува каде грешиме и не исправува,но секогаш,кога излезам се чувствувам непријатно пред очите на сиот тој народ
На патронати во основно, фестивали ( Шарени Ноти ), Ѕвон, безброј емисии...као мала си бев водителка. Секако дека сум имала мала трема, но опуштена сум по природа, па така и пред камери.
Само едно ќе кажам за темава = EXPERIENCE !!!!! Со тек на време ти станува рутина, па ич не ми е гајле дали има 5 или 5000 души у публика
со години играм хипхоп и модерен балет и повеќе имам трема кога играм пред една личност отколку пред полна сала..незнам зошто...
Јас имам премногу пати зборувано пред поголем аудиториум од луѓе, и тоа битни да речам. Еднаш трема не ме фатило, ама баш ниеднаш. Се чувствам премногу комотно кога зборувам пред голем број луѓе и опуштено, сосема природно, и баш ми се допаѓа кога сите ме слушаат. Можеби дека сум лав Којзнае, исто и на различни дебати, и такви работи. А за разлика од некои колеги, кои се тресат или замрзнуваат на сред некој говор, јас немам никаков проблем, гестикулации со рацете си правам, пополека и со разбирање зборувам. Еден совет за тремаџиите, да се фокусираат на челото од луѓето пред кои настапуваат, никако да не го симнуваат вниманието од тоа место, каде и да се завртат за да не му го привлечи вниманието некоја гестикулација на слушателите. И плус не може тие да одредат дали им се пулиш во чело, или во очи. Мислам дека ке му помогне на некој, на доста луѓе советов им се има најдено ,а слушателите добиваат на значење кога мислат дека ораторот или што и да е, им гледа во очи додека зборува.
благодарам за советот јас некогаш се фокусирам во една точка или во една личност и тоа помага вистина
Сум имала многу настани пред публика, но сите поминуваа во најдобар ред Пред настапот имав трема, но потоа ја губев и со тоа ми се олеснуваше работата Во текот на настанот пред публика, се фокусирам во последните редови
И јас имам огромна трема пред некој јавен настап, и јас имам слушнато за тоа, ама да се фокусираш као на три личности од публиката и само во нив да гледаш, ова за челото не сум го знаела, ќе пробам да го применам,исто и пенкалце да држиш во раката,нешто да вртиш низ прстите е добро. Па голема тремаџика сум, гледам преку прозор, или пак во таван хаха леле колку глупаво, се борам со тремата, ама ниакко да ја победам, е ајде де ...
Но ако глумиш на претстава пред луге, нешто да вртиш со прстите или нешто слично ќе го привлече вниманието од публиката... но сепак мора да си пронајдеме начини како да ја загубиме тремата, па секој различно
Уф...10 години одам на играорна и секогаш пред настап имам трема, посебно пред домашна публика! Мислам дека убаво е да се има позитивна трема! И најчесто кога имам трема менувам бои на лицето и тоа сите можни(како виножито)
Јас сум слободна и комуникативна по карактер, така да ретко се појавува трема пред јавен настап. Секоја година на патрон празникот учествувам со некоја точка (пеење најмногу ) и тремата не ме спречува да ја забавувам публиката, а и јас да се претставам во најдобро светло. Совет: Вежбајте дишење пред се' . Вежбајте дали ви е поубаво во една точка да се сконцентрирате или да гледате насекаде во публиката. И тоа. Се надевам помогнав.
Јас имам трема секогаш, пред секого. На час еве ако треба да обработуваме некое дело, и јас треба да кажам одредена работа за истото, се тресам од страв. Се плашам да зборувам гласно и пред луѓе. Се радувам што до сега не сум дошла во ситуација да се тресам пред јавен настап. Во несвест ќе паднам, без сомневање.
Немам, ниту некогаш сум имала. Некогаш од возбуда може да ми затрепери гласот на секунда, но само поради многу емоции врзани за настапот. Од трема секако не, обожавам јавни настапи, дискусии, дебати, пеење пред непозната толпа народ...
12 годишно искуство со балетот, многу бројни настапи, успеси, играње на ТВ, свирки, претстави и се др...никогаш не сум имала трема...само еднаш во живот го почуствував тоа нешто и повеќе ми личеше како на страв....
ретко имам трема како да сум оперирана од срам ми се има случено еднаш пред испит полагав усно прв пат
Да, имам трема, и тоа многу. Пред било каков јавен настап, говор, или било што пред многу луѓе, јас многу паничам и се тресам. Кога ќе почне настанот, кога ќе дојде мојот ред таа трема полека се губи. На некој начин тремата ме мотивира за да се подготвам подобро. Затоа можам да ја наречам позитивна трема.
Ако ме фати трема, после тешко дека ќе успеам како што планирав, па затоа секогаш прва почнувам. И ако во меѓувреме ме фати трема, или заборавам нешто, само ëëмм... *deep breath* *I can do this sh*t* *confidential smile * и пак сум во форма.
Порано имав многу трема и понекогаш ми се случуваше дома кога го спремав говорот,без разлика за што да станува збор,секогаш зборував пред огледало,за да ми биде полесно.И се одеше супер.Но,кога ке се појавев пред повеке луѓе ме фаќаше толку многу трема што се случуваше да пелтечам.Но со текот на времето како што станував сигурна во себе,тоа се повеќе и повеќе се намалува.
Од 5то до 8мо одев на хор, го претставувавме училиштето и по други градови. Наставничката ни даваше вежби за против трема, и дејствуваше. А ние прцули малечки се дивевме дека ке настапуваме, па да не згрешиме итн. Инаку исто трема имав кога играв за школо одбојка натпревар, сите се дерат ауууууу ууууу уаааа, а концентрација слабо.. и трема те мава интересни чувства беа тоа
ХАха се сетив на еден момент!! Ниедна претстава и патронат без мене не поминуваа...ЈАс бев слободно девојче..не се срамев и учитеелката ме стави прва точка прва да рецитирам.. бевме 10 деца.. и јас и првото девојче излегуваме имавме трема..прв пат пред публика и се сопнавме од кабелот на микрофонот и паднавме и микрофон бутнавме абе смешки.. и се смееме а чекаме и другите да дојдат па да почнеме да рецитираме а требаше да чекаме сите 10 да сме и јас да почнам но малку забавивме и ние застанавме.. доаѓаат следните 2 деца и они милсам така треба па кога треснаа и они лелел и чекаме следниот пар..следнот ..и океј беа они..им кажа учителката како треба.. Ама бевме смешки и јас прва излегувам и рецитирам изрецитирав одвај и кога се вратв почнам да ја гризам устата за да не се познава дека се смеам лелелел Прво одделение бев..