уффф иако веќе 5 години имам настап секој 2-3 месец секогаш имам трема.. понекогаш дури ми се тресат нозете и неможам да излезам на сцена се имам обрукано еднаш (пред околу 1 година) кога ја промашив скалата и се спружив на бината како што гледам тремата секогаш ке ме следи и нема намера да ме остави
секогаш имам треба секогаш а веќе 7 години водам манифестации, и се тресам на првиот дел од манифестацијата тоа е тоа потоа како вода ми е, првите 5 минути ми се страшни
Сум имала многу настапи пред мала публика и два пред голема. Никогаш не сум имала трема, едноставно навикната сум
Имам мала трема додека да излезам пред публиката, а после почнувам да зборувам...и заборавам. На тремата де. Сериозно, додека да излезам на сцена сите можни брукачки моменти ми се вртат во глава, стомакот до грло ми доаѓа и оди назад, ама после нема ништо. После како за себе да зборувам, како да вежбам, како да не е битно ништо. Бидејки, тоа е-згрешил не згрешил, назад нема. И зборувам, зборувам, парафразирам и објаснувам, од почетната трема ни трага ни глас. Ова не е само при презентации или сценски изведби, еве и при испрашување е истото. Додека да ме повикаат или ако сум доброволец додека да ме станат се случува горенаведното, а после ништо. Веројатно самоувереноста си почнува да го прави своето...
Во четврто одделение по повод денот на просветителите на 24 Мај - Св. Кирил и Методиј имавме приредба во училишната сала. Не беше нешто посебно, имаше само наставници и учителки, а мислам дека имаше Американци од USAID - тие донираа пари за реновирање на школото, па дојдоа да видат што имаме направено. Го научив убаво текстот кој беше ептен мал, дури до неодамна го паметев, ама тогаш кога ме фати треба немав појма како да продолжам. Ја гледам учителката од столчето кај што седеше ми покажува со усните како да продолжам, јас само ја гледам и се ѕверам во неа, не можев да прочитам од нејзината уста што ми кажува. Цела се ококорив, сигурно сум делувала како некој мал фрик. И на крај продолжив, ама битно до крај си останав цела во прашалници. Исто кога учествував во една ритмичка не’ однесоа во една училница и не’ снимаа. И таму ја оплескав. Наместо прво на лево - јас на десно. Наместо на десно - јас на лево. Други бруки на настап не сум имала, фала Богу.
Сум ја имала да, најнормална појава, мала паника и загриженост дали се ќе биде во ред, дали ќе го изведеш тоа што треба во најдобро светло итн итн....но сепак била мала трема или подобро речено возбуденост а и среќа кога стануваш свесен за толкав број на луѓе кои дошле да те гледаат тебе, и тоа е некоја одговорност... Последно ја почувствував оваа трема кога рецитирав за патрониот празник на училиштето, рециталот ми беше дури и напамет научен од вежбање но кога го видов огромниот број на луѓе ( бидејќи прославата се одржуваше во театарот) некако се подисплашив но со самото излегување на сцената, аплаузите и сето тоа...сите погледи вперени во тебе..некако се почувствував пријатно и целата таа трема за миг исчезна...сите беа презадоволни од нашата изведба а пристигнаа и голем број на честитки до професорката која не спремаше...сме успеале да расплачиме половина од присутните
Сеедно дали се работи за јавен говор или за фотосесија , кога и да почнам ми требаат 5-10 минути да се стабилизирам за да можам да бидам јас . Ако ми е сето избрзано и на трчање -отиде работата. Е тоа мне си го сакам многу кај мене - што ако ми се врши притисок (вака прави онака прави ) неможам да бидам сконцентрирана не нештото и ќе излези поинаку , а не како што јас сум си замислувала. Битно е бидиш сигурен во тоа што го правиш
Мачно ми е да зборувам сама пред толпа народ, макар кога би ги познавала сите до еден - тремата е тука. Ама трема, не од онаа позитивната, туку вистинска, од онаа од која си го заборавам дури и името, вистина. Поради тоа и не се ни осмелував да запеам нешто, дури ни на караоке забави, ма ни во домашна атмосфера пред друштво. Ама, со тек на време посакав да сменам и некои други мои особини кои ми штрчат, мислам ми пречеа бидејќи поради срамот, тремата и божемната незаинтересираност не се вклопував во секакво друштво, па едноставно морав да ја збришам и тремата. Сега не дека ја немам, присутна е, ама во нормални размери, па на почеток ми се тресат жилите сите до една, ама гукнам ли нешто, се` оди во позадина. Прбувам да се фокусирам на текстот што треба да го зборувам/испеам, а публиката ја ставам во заден план и не се возбудувам дали моите се таму доле и ме гледаат, или онаа од соседниот клас која не ме поднесува и се моли да ја ушљакам работата, или нетизнамкој.
Имам настапи уште од кога бев четврто одделение па тремата ми е искоренета целосно. Навикната сум да бидам на сцена и пред мала и пред поголема публика.
Последниот пат кога имав јавен настап немав воопшто трема, но затоа пред настапот коските ми се тресеа. Но кога излегуваш на сцена се е поинаку. Тотално се заборава на се останато и се мисли само на она што треба да го кажеш. Нормално е да се има трема, но секако во граници на нормала.
Оооф само кога ќе се сетам. 1.-Прв јавен настап на Патрониот празник на училиштето.Игравме песна Зајаче сум малечко така се викаше песната баш добро се сеќавам ко вчера да беше.Требаше сите да бидеме облечено во розево.Носев розеви потколенки со розева три-четврта блуза,и јас како јас трчајќи нз дворот се сопнав и си ги изеленив потколенките на колената.Срам не срам морав да излезам да играм.Плус прва.Епа тоа ти е тоа играв таква цела зелена со розе хахах и си имам дома слика си се потсеќам. -Исто така имам уште 3 пати настапувано на патронатот но без некој ваков акцес 2.Концерт во Дом на Армија по играорна.Еее овде се изгубив во простор.500 луѓе зазјапале во тебе а ти ко теле во шарена врата не знаеш која е лева а која десна нога Тоа ни беше прв пат на концерт и ни беше простено.Нареден концерт во Универзална сала 15г од постоење на друштвото.Таму 1.000 луѓе и ти си ко изгубен германец во шпанско село ееее овде само 1 згрешив чудо невидено. 3.Настап во Србија на фестивалот Дужијанца малених.На плоштад луѓе вријат.Нас не најавуваат тапанот чука и ти се забораваш играш што играш и после се симнуваш по скали покрај тебе поминуваат Украинци и ти онака насмеана од едно до друго уво и викаш прекрасно беше Тогаш немав ич трема не знам што ми беше.Можеби сум се замајала во Украинците 4.Концерт и концерт и тако даље и тако даље
Ве молам помож!Треба да пеам на полоштадот но ,имам многу трема!Што да правам?Ајде феминки помош имам верба во вас!
Секој на различен начин ја совладува тремата.Единствено што треба да правиш е да не мислиш на неа затоа што повеќе се преокупираш и потешко ти е.Читав некаде дека длаобоко вдишување помага,па пробај
Лелее мразам јавни настапи ги завршувам но гласот ми тепери како луд баш оваа недела (во петок имам настан пред цело школо) секој ден вежбем пред огледало па држете ми срека
Верувај во себе, кажи си "јас го можам тоа, ќе успеам". Колку повеќе мислиш на тоа, толку полошо, затоа мисли позитивно, диши длабоко и се ќе биде во ред. Понекогаш тремата е и корисна, затоа што не тера подобро да се подготвиме и да внимаваме, но не треба да се преокупираме со тоа. Најважно е да бидеш свесна за своите способности.
Јас одев 10 години на играорна. И никогаш немав трема, и сега не би имала пак да играм некаде јавно. (колку би сакала ) Немам тогаш трема затоа што се работи за групен настап, нити зборуваш нити ништо. Ама ако треба да се зборува пред луѓе, или да се полага усно, ме фаќа трема ненормална.
Трема пред јавност??? -ТОА КАЈ МЕНЕ НЕ ПОСТОИ.Абе каква трема,баш уживам кога зборувам пред публика. И настапите не ми се бројат.едноставно тоа ме привлекува.Сакам кога зборувам пред сите на некој настап а и општо во секојдневието.Не ми се случило да заборавам некоја реченица..Вложувам многу труд и целосно се внесувам во работата.Па и да се заборави текстот не е страшно..ќе кажам нешто свое и ќе се снајдам, готово-завршена работа.
Јас порано додека се занимавав со актерството никогаш ја немам почуствувано тремата само ги чекав минутите кои беа дадени за мене, кој сака нека е пред мене баш ми е гајле за мене тој е човек кој е должен да ме гледа и следи без разлика дали му се допаѓа или не јас давам се од себе и не сум задоволна од себе така да реакциите од публика се нивен избор.Сега обрнав повеќе внимание на пишување поезија,проза.....така да немам многу чести настапи и премногу ми е жал Се надевам дека од догодина ќе се вратам на актерството
Тремата не е нешто што не се надминува. Знам сега некој ќе си рече лесно е да кажеш, да така си велев и јас пред некоја година пред да искочам на мојот прв јавен говор. Тоа се случи прва година на факултет уште првата недела кога никој не познавав поима немав како што се дешава, трет ден на факултет, како гром од ведро небо кога одекна низ цел анфитеатар Аја следн час ќе презентираш! БУМ!!! ОМГ! Цела недела се препотував како тоа јас ќе застанам пред сите студенти, професорот и асистентот да зборам, а сите ќе ми го пукаат сеирот и уште треба сите да ме оцнуваат. Тоа ми беше немогуча мисија се додека не дојде моментот кога застанав пред сите и видов како буљаат сите во мене. Е тогаш си реков остај тремата и негативните мисли на страна, земи воздух, го можам јас ова, ќе дадат се од себе да се покажам во најдобро светло. И за среќа се се заврши успешно дур добив и аплауз добив високи оцени од студентите и професорот. Успеав! Значи можам. Никако не се откажувајте без да пробате поради трема, страв и срам...ма колку год тоа изгледа страшно и невозможна мисија за сам себе. Никој не ти гарантира дека ќе биде успешно, но е едно искуство во кое можеш да се изненадиш колку си всушност добар дур и кога пред тоа си мислел дека нема шанси да те биде за такво нешто. И еден совет од мене кој се надевам на некој ќе му помогне. Значи прво и основно никако немојте да си дозволите да идете на јавен говор без предходна добра подготовка, без добро сработен материјал зошто во спротивно ќе се изгубите. Второ кога ќе го научите тоа што треба да презентирате дома соберете ги домашните во некоја соба и неколку пати презентирајте им го истото. Ова е многу добро да го направите зошто така ќе се слушнете самите себе како ќе звучите, а и убаво ќе се извежбате и ќе ги поправите грешките. И најважно кога ќе го завршите сетоа ова, кога ќе дојде моментот ќе бидете посамоуверени.
Уффф се сеќаквам на првото усно бранење на семинарска, полн амфитеатар, асистенти и професорот...јас презентирам пред сите застаната, со ласерчето во раце...одлично поминав. Ама дома претходно сама си зборев на глас во моја соба, све што ќе треба таму да кажам/презентирам и после прватата кажана реченица во амфитеатар сум се опуштила исто ко дома да сум. Моите ми се смееа дома коа вежбав ама фала Богу нејќев уште во прва година да се изглупирам пред сите и да се збунам, да не знам што зборам. Понатака беше ок секое наредно истапување пред повеќе луѓе/аудиториум. Сватив дека све ќе е супер само ако прво претходно добро го сработиш дома и убаво се подготвиш. Исто битно е да се збори доволно гласно и уморено брзо. Се надевам дека на сите тремаџики, тоа чуство (јас би рекла дека повеќе е чуство на несигурност) ќе им исќезне откако дома дооообро ќе се подготват.