1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трема пред јавен настап

Дискусија во 'Психологија' започната од pink4ever, 26 октомври 2010.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Речиси и да немам трема пред јавен настап. Таквата "смелост" се постигнува само со редовно вежбање. Колку повеќе се изложувате на ситуации во кои треба да говорите јавно, па и не мора да се многу луѓе, толку посамоуверени ќе бидете на секој следен настап.
    Дури и кога имам малку трема, ја толкувам како возбуда и нешто позитивно што ќе ме натера подобро да се подготвам и да имам поуспешен настап.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш сум немала ваков проблем. Сум била во емисијата Среќни луѓе ако некој ја знае или ја памти.
    После тоа некои другарки ме зезале ради тоа ама ми било гајле.
    Ако си ставате при срце кој што ќе рече од публиката ќе се здрвите и нема ништо да кажете.
    Проблемот е другото мислење. Не треба да ве интересира.
    Едноставно гледајте си за себе.
     
  3. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со тремата? Паниката?
    (Кај мене предизвикува потење, некогаш пребрзо зборувам само да завршам, превртување во стомак, лошење или чуство на лошење кое најмногу ми пречи)
    Јас ја имам пред секој јавен говор кога почнав да го надминувам почна вирусот, ги немаше тие работи и сега кога повторно се вратија јас сум катастрофа. Толку треми и паника не сум чуствувала до сега. Пред секој испит и пред секој јавен говор.

    Имате ли некој трик со кој ја надминувате оваа трема?