Цело мое школување ми помина во тоа...еве не цело, од некаде 5-6 одд до крај на мастеров. Очигледно работата ја имам сфатено како даалеку помалку стресна од учењето.
И јас истото го правам. И нервозна и нетрпелива сум. Стварно ги нервира другите ова, сите само ми викаат, аман не треси веќе. На факултет кога имавме предавања во амфитеатар поготово, јас тресам и цел ред осеќа, па сите само погледи ми праќаа. Ама и несвесно го правам, едноставно не осеќам веќе.
Да бе, несвесно е знам...а шо се тиче ефект верига што го предизвикува у амфитеатар и од мене осетиле..им сметало, ама баш ми било гајле. Ај да е нешто кое можам секад да го контролирам. А кој може и сака да мисли дали нозете му се тресат среде испит...? И си трпеа и си истрпеа. И тоа мушки , без збор да преречат
Ја имам оваа глупава навика уште од малечка, всушност не се ни сеќавам од кога. Нервозна, среќна, тажна, расположена, јас секогаш тресам нога Го правам тоа несвесно, а некогаш, кога ќе се фатам дека тресам како луда, ќе престанам во моментот и после некои 5 минути пак почнувам. Не можам да си помогнам, што да правам. И можеби е чудно, но јас и навечер кога заспивам морам да тресам со стапалото, тоа ме успива Кога спиеме заедно, дечко ми често знае да ми рече: Аман, доста тресеш со тоа нозете, земи спиј Мада, сакал-нејќел, се навикна и тој пустиот на моите бизарни навики
Jaс кога ќе легнам секогаш го мрдам стапалото додека да заспијам, ме успива тоа некако. И јас кога ќе осетам дека сум почнала да ја тресам ногата претерано, значи штом и јас осеќам сигурно е претерано, и тогаш ќе застанам. Па пак ќе си почнам, прво пополека, па посилно и пак додека не дојде до тој степен. Глупава работа.
И јас ја имам оваа навика Делува многу лошо врз другите, ете како што кажавте ефектот што го предизвикува во амфитеатар... може да ги деконцентрира Самоконтролата е многу битна
И јас најчесто ги тресам,ама повеќе од навика отколку од нервоза.Уште од порано од основно па средно и сега на факултет.
И јас го имам истиот проблем, особено кога станува збор за колоквиум или испит, и тоа не само тресењето на ногата туку и комбинирано со гризење на ноктите , ама што да правам нервоза си е нервоза, несвесно си иде тоа
Same here Значи цело време кога имам можност и слобода на нозете ги мрдам. Таа навика е како дел од мене, не ја осеќам ама тука е. И јас пред заспивање ја тресам едната нога, полесно ми е да заспијам. Ова најверојатно кога сум во некоја голема возбуда за наредниот ден или во некое исчекување па затоа тресам.
ооо... даааааа... Дали сум седната или легната едната нога мора да вибрира цело време... Којзнае од кога ми се дешава тоа..веќе не ни памтам...би рекла од увек. Секако тоа е несвесна постапка, а како и да почнало одамна веќе преминало во навика. Често додека седам некој знае да ме фати за колено и да ми рече -Престани! ..ама механички пак, во истиот момент другата нога почнува и натаму веќе знаете... Многу ретко, но се десило да се фатам себе си дека мирувам.. чувството е исто као нешто да сум забораила да напраам. И пред спиење, наравно, без ноготресење сон не ме фаќа
isto i jas, a nitu pusam i gi tresam i koga ne sum nervozna .... znaci sekogas i se nerviram koga toj so sedi do mene na 5 min ke mi vika prestani da tresis ili ke mi go fati nozete
Кога седам пред некое време почесто така ми се се тресеа и сега конечно веќе не ми се тресат, но ми е страв да не почне пак така.
Сум приметила дека ова го правам кога сум нервозна, ама онака баш многу нервозна, а во моментот немам на кој да му се изнавикам
Како само сте ми ја погодиле темава Јас и сега додека седам си ги тресам нозете. Мислам дека мене оваа лоша навика да ми е генетски наследена, бидејќи татко ми кога си седи ги тресе нозете, па поради тоа незнам дали некогаш ќе престанам да ги тресам нозете при седење. Кога сум во школо или некаде излезена со друштво почнувам да ги тресам нозете додека седам,ама кога ќе ги погледнам нозете и ќе видам што правам се обидувам да се контролирам да престанам, за некој да не почне да ми се смее и да ме направи луда.
Мое секојдневие Така прави и мајка ми,и нејзиниот татко....а гледам и дечко ми го има истиот проблем. Едноставно некогаш премногу ме релаксира тоа тресење.