Хаха ова ме потсеќа на една другарка од факултет, професоркава и свика пред цел амфитеатар, престани да клацкаш со нозете ме деконцентрираш или излези надвор.
Мислам дека тресењето првенствено доаѓа од нервоза па преминува во навика.Јас секогаш ги тресам нозете.Тоа е постојано и без прекин додека седам и да сакам неможам да ги смирам.Тоа е до темпераментот на човекот исто така.Неможам да седам на едно место долго време Сакам да го сменам тоа зашто некој од страна да гледа изгледаш као ненормална науротична личност и оставаш лош впечаток.
Мене порано ова ми беше навика, сега фала Богу прекинав. Ептен ако сум нервозна или гладна ми се случува да тресам со нога
Јас почнав да ги тресам нозете при седење во петто одделение поради нервоза,стрес,нестрпливост или со еден збор,кога чувствувам некој внатрешен немир,па на таков начин се ослободувам од него,мајка ми ми велеше дека за таква нервоза сум била тогаш уште малечка бидејќи така правеле само луѓето во зрели години,а не на 12,13 години,со години го имав овој проблем,некогаш дури и на училиште,но за среќа не беше ништо алармантно што би го реметело мирот на моите соученици,потоа извесно време не правев така,оној ден се фатив сама себе дома дека тресев нога при седење и сама си наредив да престанам кога видов што правам!Мислам дека овој начин на празнење на нервоза до одредени граници може донекаде да се прифати се додека тоа не претставува пречка во нормалното функционирање на луѓето и се додека не почне да го ремети мирот на другите луѓе на јавни или на приватни места,мислам на некои приватни седенки,собиранки и слично!
Имам прочитано дека не секогаш е психички проблемот кога се http://mojakozmetika.mk/psihologija/nokjni-nemirni-noze]тресат нозедодека спиеме.
Ги тресам кога седам,ама не секогаш. Обично од нервоза,нестрпливост и здодевност. Не ми е некој проблем,некогаш и само така си ги тресам. А ме нервира мајка ми што ми вели зошто ги тресеш нозете-престани и сл.
Во училиште кога седам во клупа ми се тресат, а еднаш ми се имаат тресено и кога стоев. Ама добро тоа со стоењето беше од стрес и со плачење.
Тресењето на нозе при седење е од психичка природа,најчесто нервоза и стрес предизвикани од различни ситуации.Доколку не ја спречиме навреме поминува во навика која и при мал проблем ја применуваме,па може да ни создаде хронична напнатост.
Ја тресам ногата кога сум нервозна, но повеќе пати така без ниедна причина сама ја тресам. Исто и палецот на десната рака ми се тресе сам, понекогаш...
Мислам дека тресењето на нозете при седење настанува најчесто кога си нервозен/вознемирен, кога чекаш нешто или некого па си нестрплив, или пак едноставно кога ти е ладно .
Постојано кога ќе седнам/лежам несвесно ја мрдам едната нога, кога ќе приметам престанувам, после некое време заборавам и пак почнувам.