Третман за исправување на коса со кератин

Дискусија во 'Коса' започната од kate-the-great, 27 октомври 2010.

  1. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.825
    Знаам дека трае повеќе од 3 месеци и не ја оштетува косата .
    Има ли некој подетални информации каде го прават овој третман ?
    Ве молам напишете ако знаете нешто повеќе - Мојата коса ќе биде многу среќна :) :inlove:
     
  2. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9
    Не сум слушнала дека го прават ова кај нас. Ако некој знае нека пише инфо, и мене ме интересира :)
     
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.825
    За време на серијата ''Кога лисјата паѓаат ''
    имаше реклама долу дека бразилскиот третман ( за долготрајно исправување на косата )започнале да го прават во Силуете( 6000 денари)
    знам дека салон Силуете во Скопје и во Битола има
    добро би било да појде некој за повеќе информации и да ни пише на форумот
    на пример колку време трае дали е штетно и слично
    конечно некоја информација :)
     
  4. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.636
    http://interesno.com.mk/modaglamur/43-m ... -na-kosata

    еве ви линк, повеќе информации за тоа.
    Би сакала и јас да го направам на мојата коса,зошто не ми е скроз права.
    Пола виткана , пола права. Би ме спасило ова чудо од третман.
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.825

    И јас сакам да го направам ама се мислам страв ми е да не е многу штетно :worried:
    се користело и формалдехид при третманот ( канцерогена материја) :doh:
     
  6. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.636
    http://www.youtube.com/watch?v=nehMQxgh ... r_embedded

    На српски али има некои одговори кои ми беа потребни да ги знам.

    Vaša pitanja, naši odgovori
    1 - Da li je tretman bezbedno uraditi nakon mini vala, farbanja, blajhanja?
    DA. Tretman je bezbedno uraditi nakon svih ovih tretiranja kose kiselinama i bojama. Čak se i preporučuje regeneracija kose ovim tretmanom

    2 - Koliko je vremena potrebno sačekati nakon tretmana keratinom za ponovno farbanje ili blajhanje?
    Pozeljno je sačekati dve nedelje

    3 - Da li je tretman moguć na prirodnoj ne farbanoj i ne tretiranoj kosi?
    Da. Jedino je razlika što će efekat tretmana biti oko 2 meseca

    4 - Prilikom ponavljanja tretmana da li se tretman nanosi na celu kosu ili samo na koren?
    Ponovo se tretman nanosi na celu kosu

    5 - Koliko često mogu da koristim ovaj tretman?
    Na svaka 3 meseca ili ako je kosa jako oštećena i ranijim tretiranjem 1 mesecno

    6 - Da li kosa eliminiše tršavost ?
    da

    7 - Da li nakon tretmana mogu da bazen ili more?
    Nakon 2 nedelje da, s tim da će hlor i slana voda neutralisati dejstvo tretmana stoga ce tretman kraće trajati
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.825
    А не сватив Подолго трае на фарбана или на нефарбана коса? :^)
     
  8. avemaria

    avemaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    не би ти препорачала нешто слично направив јас само во обратна насока ја навиткав косата со ова ла**о
    и за возврат по сите потрошени пари добив сува коса да трае долго тоа да ама доколку немаш професионален чешел и маска КОСАТА ТИ ОЈДЕ ПО ПЕТЕЛОТ така јас од долга до половина ја скатив речиси цела РЕСПЕКТ ЗА МАЈКА ПРИРОДА
     
    На <3 pleza4e <3 и LaFemina им се допаѓа ова.
  9. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    Бразилското фенирање е апсолутен хит во светот, а оние кои го пробале велат дека со само еден третман ги решава сите проблеми со косата.
    Многу познати глумици, пејачки и водителки сјајот и здравиот изглед на косата му го должат токму на овој третман.

    Овој третман содржи повеќе фази и трае час или два во зависност од густината на вашата коса. Третманот се забележува од три до девет месеци во зависност од степенот на оштетеност на косата.
    Во текот на третманот после секое миење и сушење на косата, само со помош на фен ќе добиете права и фенирана коса, исто како да сте биле на фризер.
    На косата се нанесува кератин, кој е составен дел на човечкото влакно.Под висока температура и со користење на специјални пегли, кератинот се впива во влакното, притоа ја хидратира косата давајќи и висок сјај.
    Овој третман е безбеден за било каков тип на коса, тенка, остра, оштетена или фарбана, а најдобрите резултати се забележуваат кај екстремно оштетена коса.
    При овој третман се користи кератин добиен на природен начин од животински влакна, кој не е токсичен.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Кај нас знам дека веќе се изведува, само не сум сигурна колку точно чини, мислам дека третманот беше околку 3000-4000 денари.
    Мене ми изгледа привлечно, би ми го решило подолготрајно проблемот со кадравата коса, но не сум сигурна во врска со состојбата во која би била мојата коса доколку престанам да го употребувам, а и малку е скапо.

    Што мислите за ова и дали некој веќе има искуство со овој третман?
     
    На angelche16, srcekrsacka и XstrongerX им се допаѓа ова.
  10. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    5.423
    Пол:
    Женски
    оу јес! колку и е само потребно вакво нешто на моево косиште :D али за скапичко,богами је .. :(
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Во теорија се прави секои 3 месеци за да го одржувате изгледот.

    Јас еднаш пробав и никогаш повеќе. Во салонот кај што обично се шишам правеа промовирање на ова и ми изгледаше супер, па на намаление плус! А мене баш ми беше оштетена косата од фарби и мислев дека само ножички и се спас. Да, после третманот косата ми беше супер! Сјајна и бујна. Ама само за околу месец дена и се отиде у пм. Со секое чешлање ми се чинеше дека пола глава коса ми остануваше во чешелот. Станав како оскубана кокошка, отидев и се ошишав пократко отколку што планирав пред овој третман. Не знам кои се тие сите што пробале и велат дека ова е тоа, ама кај мене имаше баш спротивен ефект. Третманот го направив во престижно студио, макар со попуст не ми беше евтинко, а јас и парите си дадов и без коса останав што се вика :x

    Сакам да посочам дека да, кератин се користи, природна состојка и многу се брзи салоните да ви го продаваат и рекламираат третманот како природно нешто, макар што нема ништо природно да се косата загрее до таква температура, ама...исто така содржи и formaldehyde(канцерогена состојка), за што јас разбрав касно, откако го направив третманот, поточно кога почнав да барам по интернет причина зошто ми опаѓа косата.
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    ^ И мене тоа малку ме премисли. Негде како да прочитав дека се јавувале реакции на лицето и очите. Изгледа е too good to be true :^)
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    3000-4000 за коса :fubar: за фенирање :o :tmi:
    има да ги тузам :!:
     
    На sandramnmp и LaFemina им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Како што е мојава коса, еднаш виткана, еднаш права :D се менува од време на време :D не би правела вакво нешто, иако е скапо, не би ја замарала косата со ваков тип на фенирање, пред се зш ја сакам таква каква што е, природна :) плус откако прочитав околу тоа фенирање во воведот од темата. Иако косава знае и таква да ми биде како на сликиве, откачена коса имам :rofl: така да не би ми требало вакво нешто, а и да би ми притребало, сепак не :)
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Абе не е фенирање макар што му е во името, ќе му дојде како перманентно виткање ама обратно некако :o
    Сега, јас не знам во мојот третман имаше или немаше формалдехид, оти јас немав други несакани дејства, освен паѓање на косата. Демек има и без таа состојка, ама им води ли некој ред и ќе ти каже ли фризерката?
    Не вреди според мене дека целата поента е да ја подобри ситуацијата на косата а всушност ми ја изгоре.
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    5.142
    Не си играјте со вакви работи. Колку и да е добро нештото секогаш има последици. Не одете против својата природа, и природата на вашата коса. Носете ја онаква каква што е кога ќе излезете од капење. Ако не сега, еднаш во мода сигурно ќе дојде :emo: :rofl:

    И да се изјаснам-не би се фенирала бразилски. Само македонски :D
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Не би пробала ни јас, многу несигурно ми изгледа. Како што спомнавте погоре too good to be true.
    Можеби дава добри резултати на почетокот, ама понатаму кој знае како е.
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Не би да го испробам овој хит па колку и да е популарен.
    Прво си ја сакам мојава коса и кога мајка природа нешто ти дала/одзела што ќе правиш, против неа не се оди.
    Мене фала богу ме надарила со густо, цврсто, умерено кадраво косиште што си го сакам најмногу на цел свет, ама ми иде некогаш лустер да се ошишам, ама секако дека заради тоа нема да испробувам никакви вакви фенирања(а и никој не гарантира дека после нема да се исправи или извитка пак), нешто слично како што беше трајно пеглање ова му доаѓа.
    Па и плус толку пари да даваш и после да се оптеретуваш дали е се како што треба.
    Природна нега, миење, фенирање, чешлање, по некоја маска, капки тек-тук и тоа ти е тоа.
    Вакви хитови не ни требаат, не мора секој ден да носам различна фризура, си ја имам .
    Си правам различни фризури од мојава коса ко што ми одговара, а не ги плаќам, најубаво.
     
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.024
    Jaс би се депилирала бразилски а фенирање само македонски :)
     
    На <3 pleza4e <3, MarchelineAmaru, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Пошо заклучена е темата СДП отворив нова тема....
    Сакам да знам колку пари е млечнава киселина за виткање на коса ? :)