Да фрлам по 100 евра на секои 3-4 месеци... НОУ ВЕЈ! Да е нешто корисно па да речеш, ама за да ја горам косата, да ставам некои си канцерогени чуда на глава... не, не, четката во рака и фенот, пресата и маските за коса. Не дека нема да ја оштетам и така, ама бар ќе сум со пари во џебот и посиромашна за некоја си таму канцерогена материја, или пак подобра варијанта, со парите ќе си одам неколку пати на фризер и ќе си се фенирам како што јас си сакам. Мое мислење.
Една моја пријателка имаше направено ваков третман на косата и како што кажува Имелда,ама цела и паѓаше по прамени,абе три влакна дали и останаа.На крајот се испостави дека е од третманот,а не знам кај не појде за да го реши проблемот со паѓањето и причината. Колку што читам на нет,гледам дека се користи да кератин,ама колку овде во МК го користат тој правилен кератин,добиен од животинско потекло не ми се баш верува.А дека освен кератин има и други штетни состојки многу јасно. Сепак третманот на подолготрајно време ја оштетува самата коса и стурктурата на влакното и со користење на екстремно висока температура доаѓа до низа последици.Мој избор не би правела вакво фенирање,зашто не гледам реална причина,а со самото тоа при моја свест доброволно да ја оштетам косата.
Уат д фак ар ју талкинг абаут!!!!!!!???? Е богами во право си.. Аман бе... Предобар е третманов, но имам и слушнато дека се појавуваат и некои реакции на очите, лицето... Незнам, незнам. Битно интересно е и добар изглед дава, ама шознам... Како што кажа една феминка - it's too good to be true.
гледав на тв пред некој ден (на хрватска тв) за третманот и се јавив во некои од нашиве студија да прашам ...кај бубе 12000 кај дадар 11000 и се откажав
Големо не за третманов. Све е убаво да слушаш и гледаш на почеток, после ко што пишаа, прамени во раце остануваат. Јас се токмев преку колектива ми се чини имаше за пола цена, а и така е многу, ама убаво си се распрашав и истражив и се откажав од идејата.
Што е скапо , скапо е , а не знаеш ни како ќе ти изгледа после , дали ќе ти личи , познавам луѓе со природно кадрава коса , се испеглаат абе страшни се , не можеш да ги познаеш , се уништиле
^E како бе не знаеш дали ќе ти стои? Не е тоа некоја си фризура па да не знаеш дали ќе ти стои.Ќе си ја испеглаш косата еднаш,ако веќе до сега не си ја испеглал(што чисто сумљам дека постои таква женска особа на планетава земја) и види како ти стои . Инаку неколку познанчки постојано одат на бразилскиот третман,и се колнат во него. На страна тоа што немале баш никакви несакани реакции. Инаку најбитно е да го изберете вистинскиот салон,зошто има и многу такви кои го прават тоа на фушерајски начин . Јас би пробала.,т.е. и ќе пробам,здравје боже после нова година,сега не сум при пари баш.Највеќе ми е заради пери-носи моментот,зошто ако не ја средам косата после бањање на ништо не ми личи,и така.
Разговарав со мојата фризерка, таа започна да го прави третманот. Кај неа чини 4000 денари а ефектот трае 4 месеци. Ми спомена дека во Скопје чини многу повеќе, околу 10 - 12 000. После третманот косата мора да се мие со посебни шампони (кои влегуваат во цената). Фризерката ми рече дека тие што досега го направиле третманот се многу задоволни, само ја сушат косата со фен и е пушка права. Јас си имам многу маки со косата, ми одзема многу време и трошам многу пари на препарати и многу ме нервира што воопшто не изгледа така. Размислував за третманов ама некако не ми се експериментира. А и не сакам да помислам на што ќе ми личи главата ако го прекинам третманот после тие 4 месеци. За 4000 денари попрво би одела секој трет ден на фенирање, отколку да се справувам со сите негативни ефекти кои можат да се појават.
Иако немам проблеми со косата, не преферирам вакви работи. Буквално и еднаш во година дали ја пеглам. Еве сега ќе ја фарбам за недела дена. А 1,5 година ја одмарав.
Не фала. Не ја мачам јас мојата коса. Ретко користам билошто за нејзино контролирање иако знае да биде и луда оваа мојата џунгла ама знам да ја скротам без да ја оштетам.
Нее ова е горење на косата. Мислам еднаш да ја поминеш со пегла одма гори и се кине, не пак неколку пати плус и фен. Инаку јас сама си правам "бразилско фенирање" ... мислам права коса имам ама морам да ја зафенирам. Повремено и ставам од овој препарат и косата добива толку убав облик, таков пад ... мекост, еластичност, се изненадив.
Ќе може да ми кажеш од каде го зема ова, а и колку пари? Ако е така како што викаш тогаш мојава коса плаче за ова
Ах никако не би експериментирала на мојата коса не со бразилско,па какво сака нека е фенирањето.Пред се не се прави косата на природен начин и кој знае какви хемикалии има во тој третман.Кој знае како тоа ќе се одрази на мојата кожа,очи,коса понатаму.А сето тоа само за 4 месеци,па и плус да дадам 4000 денари минимум пази Но,но ни под разно не би се подложила на ваков третман,а и немам некоја голема потреба за тоа.
Баш преѓе гледав една емисија на телевизија ''Доктор ОЗ "каде што самиот тој,а и врвен професионалец за коса кажуваа дека бразилското фенирање воопшто не е добро за нашето здравје.Содржи дури 10 % формалдехид состојка која што предизвикува рак.Предизвикува најмалку крварење од носот,вртоглавици и други несакани реакции.Доколку се решите на овај третман препорачуваат да се врши исклучиво со гас маска така да можете да замислите само колку е штетно тоа чим морате да имате на вас гас маска.Кај нас чисто се сомневам дека стилистити за коса ги знаат последиците од тоа,па сигурно никој не би ви рекол да ставете гас маска.Епа девојки добро размислете дали само за 4 месеци права коса вреди да си го ризикувате здравјето.Јас дефинитивно не би.
Илипили јас и ти сме верни обожавателки на Д-р. Оз баш ја барав темава за да го пишам ова што ти си го напишала преѓе ја гледав емисијата и се запрепастив колку било ова штетно
Нејќам да испробам колку и да е популарно! Има последици! Добра ми е ваква и многу си ја сакам! Што 3000-4000 ден. за ова? Не доаѓа во предвит за глупости!!