значи колку ме нервира кога некој упорно убедува од нејзино видување дека косата не и е ништо од солта ,значи ако правите кератинско полнење на косата не е само стварта на исправување туку косата ја полните со кератин зошто и косата се состои од кератин и всушност го пополнувате влакното со ултрасоник пегла со која што таа пегла го затвара влакното кое го примило кератинот и да солта му штети на кератинот се губи полека полека резултатите не се видливи ама времетраењето на кератинот се губи ,не треба да се користат шампони со сулфати ,за фарбање само коренот може да се фарба и по 6 месеци кератинот се губи
Здраво феминки Имам многу оштетена коса, поради многу често фарбање, ги имам ставено сите бои. Косава ми стана многу тенка и почна многу да ми паѓа. Пред некој ден слушнав за кератински третман. Потребни биле 6 третмани, 2 во првиот месец и по еден во наредните 4 месеци, каде што прашав еден третман чинеше 500 денари. Целта е да се врати изгубениот кератин во косата, кој е изгубен порати фарбање, пеглање и сушење со фен. Дали некој има искуство со вакви третмани и какви резултати се добиваат??
Јас бев на кератински третман во студиото на Дадар (имав купено купон преку групер). Мене косата многу ми беше сува и оштетена од сонцето летово. Целиот третман уствари е ставање на неколку маски на косата и со секоја стоиш одреден период. Мислам дека третманот малку од малку ми ја оправи. Инаку мене никој не ми спомна повеќе третмани, повеќе месеци. Јас бев само еднаш, па ни таму вработените не ми напомнаа.
Искрено незнам колку точно платив. Беше преку купон од групер демек 70 % попуст. Некаде околу илјада или под илјада денари беше. За ефектот што знам. Ти кажав мене косата ми беше многу исушена од јакото сонце летото, инаку нити ја фарбам ниту пак нешто премногу ја фенира. После третманот ми беше подобра и така, после си ја третирав со разни уља, јајца и слично
Девојки прогуглав малку за кератинското исправуванје на косата и гледам во Силуете Штип цената е 2500 денари плус гратис еден шампон дали е можно толку да е ефтино?и ме интересира дали некој знае дали во сите салони од Силуете што му се во градовите имаат исти ценовници...?
Секаде се изначитав и изнабарав информации што повеќе да дознаам за ова кератинско исправување на косата. Секаде пишува дека е најштетното нешто што е измислено досега. Ужасно премногу паѓала косата и се оретчувала. Имало изолирани случаи каде некои девојки останале дури и без коса. Косата премногу се оштетувала, станувала пресува, па после тоа морало да се шиша минимум 20-25 цм. Ја пробале и неколку познати личности и сите биле незадоволни, поради преголемото оштетување.
Ми се виде добра опција зошто стварно не можам да се пеглам на секое миење а имам мрсна коса и се мијам на два дена....баш се разочарав.
Салон за бразилско исправување на косата со кератин и цена? За коса долга хммммм до речиси половина грб? Исправување на косата со кератин Третманите со кератин веќе подолго време ги загрижуваат докторите. Бразилското исправување навистина би требало да ве загрижи, бидејќи од оваа година двата најголеми произведувачи на овој третман со овој производ ќе огласуваат и предупредувања за канцерогеното делување на формалдехидските гасови кои се испуштаат додека производот се меша. Ехем...невермајнд. Се премислив, иако многу време ќе ми заштедеше чудово.
Ај малце да ја поразвиеме темава,јас сега разбрав што е кератински третман Во видеово постапно се објаснува како се прави третманот, уште само производиве да се најдат https://www.youtube.com/watch?v=_9Id2aXvTnU. Инаку со овие производи работи студио Диор (фамозната и преубава коса на Миа од Бекстејџ). Наводно правиш еден третман и после 3-4 месеци си раат, не ти треба фенирање, косата ти е мазна, тешка и свиленкаста. Прашањето е, кај да се најдат производиве, и дали некој се осмелил дома да го прави ова?
Сум слушнала дека со овој бразилскиов кератин , косата ќе ти биде рај. Јас многупати кога ја гледам Лила водителката , таа има убава коса , става ли некое масло нешто или пак можеби ова го користи. Го купил ли некој ова чудо и ако знае што помага за да биде таква косата нека сподели мислење
Мене косата на Лила ми изгледа секогаш мрсна, светкава и сплескана.. незнам зошто, ич не ми се допаѓа.. Кератинот нели е за погуста коса или?
Мислам дека бразилскиот кератин е за исправување на косата не грешам нели? е сега вака мене косава ми е ко на првата слика уште поразлетана и грда а сакам да ми биде ко на вторава слика а ако направам такво чудо бразилски кератин ќе ми биде ли таква?
Пребарувајќи да видам што точно опфаќа овој третман, дојдов до оваа дискусија. Во моментов гледам дека во едно студио се дава гратис колекција за одржување на косата откога ќе се направи третманов. Ако некој сака да види https://www.facebook.com/CutAndCut/...68546863957/10152818699448958/?type=1&theater Се јавив во студиово да се распрашам, а и се заинтересирав за козметикава па просурфав за повеќе информации, и заклучив дека е фина козмаетикава, иако претходно не сум ја користела, мислам дека е ок.
правел ли некој сега брзо кератинско исправување? леле сакам ама страв ми е да не ги фукнам парите и косата пак никаква? бил некој кај мој фризер мими во драчево на ваков третман да каже искуство?
Мими е добра фризерка, меѓутоа не би рекла дека е доволно искусна со кератинското исправување. Доколку планираш такво нешто биди спремна дека тој третман треба да го повторуваш на 3 месеци, косата ќе ти изгледа убаво ама ќе ја изгориш цела, а и прилично е скапо
Воопшто не си информирана за кератинското исправување на косата,кератинот не ја гори косата туку напротив ја опоравува,прво прочитај за што служи овај третман и кој све го прави,најчесто тоа се жени со слаба кршлива коса со тенко влакно,и оние кои имат оштетена коса... Оние кои го прават овај третман косата потоа немат потреба да ја третират колку што треба и не треба и побрзо му расти... Еве наубаво објаснето што всушност значи овај третман
Срцка тоа се вика кератински третман ама се тешки киселини и хемикалии, доволно сум информирана не се секирај затоа што сакав и јас да ја исправам косата ама фризер ми ги разјасни тие работи и тоа не наш маалски фризер туку стручњак кој што работи надвор од Македонија. Никој не ви брани да ја исправате косата тоа си е ваше. Јас моето мислење си го кажав.