Другарка ми ја исправи косата со кератин, ама ептен и’ се оштети, посебно врвовите многу и’ се изгорени.
Здраво девојки, дали некој има искуство за исправување на косата со кератин и ако имате можете да споделите. Овој третман се прави во фризерскиве салони и чини од 2000ден па нагоре и ти гарантираат дека од3 до6 месеци немаш потреба да ја пеглаш косата туку откако ке ја исушиш е права . Моја другарка правеше вчера ваков третман па ке го споделам нејзиното искуство. И јас сакам да направам зашто премачно ми е да ја пеглам косата после секое миење. Ме интересираат вашите коментари
Јас нарачав од Алиекспрес кератински третман, со страв секако, ми беше препорачан од познаничка. Чинеше негде околу 800 денари(кератинот и шампон), од кој што ми остана за уште 3-4 пати третман. Го направив дома, веќе се поминати 2 месеци КОСАТА МИ Е ПРЕРОДЕНА!!! Природната ми е право виткана и целата метилава, од кога го направив од порано 40 минути што ја стилизирав сега со фенот за 4мин сум готова. Не ми ја оштети напротив ми е сјајна и мека. Косата инаку ми е ретка и бланширана.
И јас го имам истиот. Ефикасен е многу, ама дали и тебе да пече на очи и те штипе на грло коа ја сушиш и пеглиш косата?
Здраво женски, кажете ми сега после неколку месеци дали сте сеуште задоволни? Дали можеби имаше некои негативни реакции? И ве молам инфо за постапката на користење, може и во порака. Благодарам
Јас имам правено во фризерско студио Коса , на почетокот на јануари. Имам многу густа коса и најдов решение доживотно . Ми рекоа дека од 3 до 6 месеци ќе ми биде права косата и еве 4ти месец супер ми е , 2200 ден . Е за секоја коса не зависно од должината.