Јас имам коса долга до струк густа но влакното ми е многу тенко, се плашам од некоја unwanted реакција. Не се пеглам уопште само врвовите многу лесно ми процветуваат
И јас имам густа коса но тенко влакно , зависи тоа пак ќе кажам но НИКАКО ако ти е ретка и многу оштетена зашто уште повеќе ке ти се уништи . Фини се во студиово и они ќе ти кажат ако не ти препорачуваат да правиш третман.
Ботокс на коса дали правел некој ? И после третманот косата е оштетена или се враќа во иста состојба? @Chanell* прочитав си правила многу одамна доколку се сеќаваш ... Дали откако престана да ставаш косата ти се уништи?
Дали знае некој каде во Тетово можам да направам ваков третман и колку чини? Инаку имам густа и цврста коса, право виткана ми е. И имам расцветани врвови, но океј тоа може да се среди. Ме интересира дали може да има некои непосакувани последици?
Јас имам 2-3 пати правено ботокс, ништо страшно не е тоа и одкако ќе се престане со ботокс нема косата да ти се уништи, ботоксот се состои во шампонирање со шампон, ботокс маска во поголема количина и спрејче нема ништо страшно. За жал да може да има несакани последици и тоа страшни. Конкретно за мене, најверојатно го одбрав најлошиот фризер кој наместо да ми посочи за можни последици и дека тоа можеби ме е за мојата коса мислам дека користат киселини некои не сум сигурна, значи 1/4 ако не и повеќе од косата ми падна... И потоа почна одново да ми расти и во косата 1 година имав мали кратки прамени кои додека растеа незнаев што да им правам, бев со шноли низ цела коса за да не штрчат, доживеав буквално хорор!!! Ако се одлучиш да правиш најди некој стварно добар фризер.
Имам виткана коса, па многу време ми иде во пеглање. има различни третмани за долготрајно исправување на косата https://www.healthline.com/health/beauty-skin-care/permanent-hair-straightening се мислам и јас да направам долготрајно исправување,па ми требаат ваши искуства дали сте направиле, колку сте задоволни, дали ја оштетува косата и колку трае, колку пари изнесува и сл? И најбитно каде да го направам, да ми препорачате добар салон?
И јас сум во план да го направам, но не знам каде. Инаку моја блиска другарка е фризерка, го правеше додека работеше во познат сaлон во Скопје. Ми кажа дека самиот третман е скап, ја оштетува косата до некој степен, но не завршува работата само со третманот во салон. Косата треба мноогу да се одржува за да изгледа убаво, здраво и исправена, а не искубана. Одржувањето било скапо со многу скапи препарати од шампон, регенератор, маска и многу други работи. Инаку внимавај, во Силуете слушнав дека не е добро, користеле козметика и производи за коса кои се прилично ефтини, ги купувале на кило, а ги ставале во шишиња од Schawrkopf.
Јас правев, но не во Мк. Јас имам скроз права коса, а и тенка, па не знам што ме натера да правам кератин… Не ми е воопшто уништена или изгорена косата, но сметам дека не е за тенка или веќе права коса. Исто така не ми се допаѓа кога косата се одделува, а и сега повеќе ми се мрси, бидејќи е скроз исправена. Уште една замерка ми е тоа што воопшто немам волумен после третманот. За after care најверојатно ќе ти дадат специјален шампон и регенератор. Мене ми рекоа дека можеби ќе ми трае дури и до 7 месеци, ако ги користам шампонот и регенераторот и ако не одам на базен или солена вода. Нормално очекувај резултатот да трае околу 3, 4 месеци…
Zdravo,moze li da mi pisete kako odi postapkata na ispravuvanje sto ste ja pravele doma?I moze ako sakate vo pp da mi pratite link od selerot. Blagodaram
Девојки како сте задоволни? Закажав за петок имам јас права но не сакам да ја пеглам секој ден права и долга ми е. Дали може потоа некои оштетувања да се јават?