Уринокултура имаш испитано? Јас имав некој такви мутави болки околу 27 недела и излезе дека имам уринарна инфекција. Мене не ми е јасно какви стврдувања имате. Се осеќа/гледа надворешно? Јас еднаш осетив ептен ниско доле пред некоја недела ама внатрешно. Стомакот надворешно не ми беше тврд. Претпоставував дека бебе нешто бутка. Инаку, 34 недела сум.
Не знаеш од кога имам такви. Од 20та недела. Имам поназад пишувано. Кај све не отидов. Правев ЕМГ на матка, не покажа контракции. Па испитував урина, брисеви, црп нешто да не предизвикува. Чиста бев. Во 26 недела направив и цтг покажа мн мали контракции, 2 во пола саат. Ми рекоа само магнезиум и одмарање и тоа е тоа. Очито се нормални. На пример сега не им обрнувам ни внимание веќе и приметувам дека се намалуваат. 32 сум и јас и до сега не ми направија проблем пу пу. Јас сум со скратено грло ама одамна, па затоа и многу се замарав околу овие лажни контракции. Вежба матката а и реагира на секирации.
Бев на преглед се супер, си заработив катетар за уринокултура да направиме, што знам болно ми беше, ама уште по болно што морам на диета. Докторка вика поправена си ставај се на режим
Леее фала ти многу ми олесни малку... Сепак ке видам како ќе биди до утре ако не ќе отидам пак и нека ми испитат све што мислат барем да ми олесни.. Крва слика и урино правев пред некој ден таму се е супер освем железото што е слабо... Читав баш сега ќе почнам и повеќе вода да пијам да не е до тоа.. Веќе појма немам што да направам
. Ајде само во ред да биде. А зошто така испитуваат? За дебелеењето јас многу качував со првата бременост. Се направив непрепознатлива. Навистина не јадев само се дебелеев. Тоа нозе рамни трупови ни колено ни зглоб на мене. Јади протеини месо на сите начини,салати многу,јатки... и знаеш што читав да си фатиш ритам на ручек и вечера стално во ист период да ти бидат. Ручек пример 14 вечера 19. Секој ден во исто време. Овошје само сабајле да јадиш... Ајде не се оптеретувај.
Божем така правилно се испитувало уринокултура, во чашка можела мокрачата да се контаминира. Болеше и непријатно ептен. А за диетава ќе морам, си каснувам благце обавезно после ручек, и леб да намалам. Абе и викам докторка трудна жена е друго стање па ми се јаде... Ќе си трпиш вика, јас добро
Литро ипол 350 денари. Со две перења ене го се испразни. Ама перев мн. Ќе го купам твојот да го пробам, дај слика ако може.
Иста е и нашата, мини шнауцер е нашето, каде ние таму и таа, 20мин сама да ја оставиме дома кога се враќам како да не ме видела со денови ќе се снаоѓаме, ќе мора полека да се навикне
Мене порано исто само доле ми се стврднуваше,го прашав матичниот тогаш ми мереше цервикс 41мм преглед се беше во ред, од пред некој ден почна понеколку пати во денот целиот стомак ми станува камен,ама не осеќам болка по неколку секунди си поминува. Нормално е тоа во овој период
Same here! Има посебна група во Бебе за Миленици во бременост и баш развивме дискусија за бебе и куче и како да се однесуваш при враќање од болница. Прочитајте што пишаа поискусните е интересно а и можеме таму да си разменуваме искуства. И нашево е приврзано одиме сегде заедно и на одмор и така ќе остане и во иднина. Така што мора да се научиме на бебе и куче
Лејдис, јас денес примив една доза инекции за зреење на плуќа. Утре сабајле уште една и за сега толку. Инаку 30та недела терам, се е мирно, ама ете скратен цервикс 26мм па некоја превентива. Ми рекоа дека нема да го осеќам можеби 2 3 дена или послабо, за сеа исто мрда дури јас заспав па ме разбуди Ете, само инфо. Поздрав до сите и убав и мирен викенд да имате
Pobaraj na google Braxton hicks, mislam deka toa e toa. Normalno e, lazni kontrakcii se, ja spremaat matkata za poragjaj i ne se voopshto strashni ili za zagrizuvanje
Јас ги осеќав, не влијаеше кај мене инекцијата. Туку сакав да прашам јас примив зреење во 32+4, во понеделник ми завршуваат оние 2 недели кои ги покрива флостеронот 34+4 ќе бидам. Дали некој знае дали пак ќе примам или не? Еве @Andra би ја тагнала, она беше со близнаци во прва бременост и примала повеќе пати флостеронот. Извини мами што те вознемируваме, кога ќе најдеш фри тајм пиши ни
Јас исто еве цел ден нормално си го осеќам. Добро, можда често се намалува интензитетот па нивно е да кажат да не се успаничиме. Прашав за после 2 недели, ми рече Др прво преглед да видиме каква е ситуација па ќе одлучел тогаш.