1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тројно убиство во скопски Аеродром

Дискусија во 'Политика и настани' започната од KuklickaSk, 3 септември 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.856
    http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126987

    На Сител кажаа па дека се работи за нерасчистени сметки и долг за дрога, и дека убиецот е од Велес. :| Што се случува со Велешани бре?
     
  2. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Актуелни политички настани

    И јас сум многу потресена.Леле луѓе што се случува во нашава држава? Речиси секој ден по некое убивство,силување,несреќи... :worried: Стварно сум многу загрижена,што читав тие што биле сведоци што кажуваат колку било страшно :worried: Воопшто повеќе не е безбедно да се живее овде.Треба да седиме затворени за да не настрадаме ни криви ни должни. СТРАШНО навистина
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Незнам ни јас што се случува... едниот од убиените е еден од главните во Франкфурт за дрога... Незнае колку пари има... Плус и мали дечиња :worried:
    Утре ќе дознаам информации од прва рака ќе ви кажам... На вестите многу не верувајте, скоро се е политички обоено...
    Како и да е нека почива во мир, греота за дечињата :worried:
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    Човекот дилал дрога побогу!Колку други -дечиња- умреле од неговиот бизнис само затоа што биле лабилни и изгубени или едноставно доволно депресивни за да фикснат нешто...
    Во тие канали делува законот на џунглата повеќе од било кое друго место на светот.
    Дали се мали децата или не,не е важно,ќе пораснат и ќе уживаат,имаат пари,а тој татко прашалник е дали навистина бил добар татко,а и да бил,не му дало за право да шитка -роба-,а уште помалку е релевантен муабетот за малите дечиња во случајов.Очигледно не ги сакал сите деца на светот или бил член на уницеф.
    Сакам деца,не поддржувам насилсво,ама...насилство помеѓу криминални банди...нек одат у три лепе,да не гнаси раце бар друг.На некого му прек*рчило им пресудил,тоа е тоа.

    Што не го жалевте тој во Охрид што изгина од дибеци?!Исто имал три мали деца,ама бил швалер си го добил,ама премногу.Секој е швалер барем еднаш во животот,некој едноставно е роден да биде швалер,а според изгледот на дечкото,е бога ми и имал и зошто да биде...млад,згоден...ама охридска бараба не знаел што е...си отиде.Е тоа е за жалење!
    Или о покојнима све најбоље...
     
    На Phyramide и stella83 им се допаѓа ова.
  5. Klara007

    Klara007 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Не знам од кај да почнам да коментирам за ова веќе :?: Најпрво од локацијата каде се случило ова-кај Три Бисери во Аеродром до сендвичара 7 :o -едно од најфрекфентните места во Скопје.Поентата на ова ми е што шансите да настрадал некој случаен минувач,гостин во ресторанот(ни крив ни должен) биле огромниии! Среќа во несреќа што тоа не се случило. И во право е девојчево погоре што рече дека и овој случај политички ќе го обојат, зашто сега пред малку на еден медиум читам дека настраданите биле-функционер во МВР, потоа баџанакот на шефот на обезбедување на премиерот и некојси велешанец од некоја мафија таму(ова на сајтот на а1 е објавено). На сајтот на Сител исто за велешанецот и функционерот, а за баџото на Урко ќутат таму(пошто е владина ТВ сител). Па коментирале под настаните, демек све додека Црвенковски е во опозиција ќе има вакви убиства, а на а1 коментирано-дури е Грујо на власт ќе биде вака, секој ден убиства :lol: Значи нема настан што не е политички обоен кај нас и секогаш топката се префрлува од една на друга страна(позиција-опозиција). Страшно! Мене ова ми личи на мафијашка пресметка, на одмазда и дури мислам дека некој многу појак стои зад ова. :x Како и да е-убиства, педофилија,силувања,тепачки,крвави пресметки,стравотни сообраќајкии итн. станаа дел од македонското секојдневие.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Страшни работи почнаа да се случуваат и кај нас... а тука ич не е важно дали биле мафијаши, дилери на дрога или обични луѓе, важно е тоа што пукањето се случило на многу прометно место каде што можеле невини луѓе да настрадаат. Ќе мора ли дома да седиме цело време, плашејќи се и носот да го покажеме надвор, случајно да не му текне на некого да пука? Што е следно? Некој манијак да отиде со пушка во школо или фирма не дај Боже, да испоубие се живо? Страшно, навистина страшно...
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Која политика е вмешана во ова :x Имам слушнато муабети дека тој Ркулот (едниот од убиените) му има дадено на Груевски незнам колку илјади евра за да не го дира додека е на власт, да може да прави што сака... Е сега, исто едниот од убиените поврзан таму со на Груевски обезбедувањето, а и самиот бил обезбедување на Јанкуловска, а таа демантира...
     
  8. Klara007

    Klara007 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Дефинитивно, ова веќе е очигледно ептен... Значи се спомнува близок роднина на Урко(шеф на обезбедување на премиерот), потоа обезбедување на Гордана Јанкуловска, па тој велешанец , што работи со дрога...Случајов е само 2+2 да собереш и ќе ти стане јасно. Пак ќе се повторам од претходно, среќа што некој случен минувач или гостин во ресторанот не примил метак во глава.Среќа! А, овие тројца што се убиени ако стварно се нарко босови и мафијаши, што ја трујат младината, тогаш не ми е за нив жал воопшто. :@
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Леле више на вестиве незнам што ќе чуеш..Убиецот се предал сам откако му кажале дека полицијата трага по него
    Незнам дал да плачам ил да се смеам |(
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    Да бе,не знаел човекот...ете зошто е добро да сте информирани!!!
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве ги последните информации...



    Осомничениот ги открил мотивите за убиствата во Аеродорм

    Полицијата и официјално го потврди инцидентот во Аеродром во кој вчера беа убиени тројца.Еве го соопштението во целост:

    Вчеравечер (02.09.) околу 19,40 часот во Скопје на бул. “Јане Сандански“ бб, во ТЦ-13 Ноември или меѓу граѓаните познат како “Три Бисери“, во рибниот ресторант “Биг Фиш“, од страна на непознато машко лице вооружено со автоматска пушка која ја носел во ПВЦ вреќа, испукал три пати рафално во лицата Јордан Ј. (37) од Велес, Владо М. (36) од Скопје (вработен во МВР на РМ) и Влатко А. (26) од Велес, кои биле гости во ресторантот, по што излегол и со возило „Опел Корса“ го напуштил местото на настанот. Од здобиените повреди Јордан J. починал на самото место на настанот, додека пак Владо М. и Влатко А., и покрај укажаната лекарска помош, починале во Ургентениот центар.

    По дознавање за настанот на лице место излегоа полициски службеници од СВР-Скопје. Известени се Истражен судија и Заменик јавен обвинител кои излегоа на лице место, а увидот го препуштија на увидната екипа на ОКТ при СВР-Скопје кои извршија увид и од лице место, меѓу другото, пронајдоа и за вештачење ги предадоа следните материјал: чаури, фрагменти од проектили, куршуми, мобилни телефони, автоматска пушка и друго.

    По наредба на Истражен судија и Јавен обвинител телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.
    Денес, пак, утрово околу 07,00 часот со осомниченото лице Т.Д. (47) од Скопје извршен е разговор, кој притоа ги појаснил мотивите за стореното кривично дело, односно дека причината за извршување на делото биле притисоците и вербалните закани што подолг перид ги добивал од сега починатиот Јордан Ј. за наводен паричен долг.

    Инаку, лицето Т.Д. во крим-евиденцијата на СВР-Скопје е регистриран како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и против истиот повеќепати од страна на судот се изрекувани воспитни мерки, мерки за засилен надзор и казни затвор.

    Исто така и Јордан Ј. евидира во евиденциите на СВР-Скопје како сторител на имотни кривични дела и дела од областа на недозволената трговија, за што му биле изрекувани и условни затворски казни.
     
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Да да затоа треба по комшии да се иде :^) Никогаш не се знае што ќе дознаете од нив :!:
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тоа што го гледавме порано на ТВ во америчка режија сега се случува и кај нас...Ништо чудно.До 90 и некоја си бевме навикнати на побезбедни услови за живот сега више од тоа нема ништо.И полошо ќе биде...Негативното влијание од X фактори...произведува ова..педофилија,убиства,психички пореметувања кај луѓето итн.Тоа е слика на денешниот ни модерен |( начин на живот.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.