Јас правев на Qualified во Био Сејф, цена од 640е па нагоре во зависност од пакетот, задоволна и од претставничката и резултатите Повеќе инфо на оваа тема имате тука https://forum.femina.mk/threads/Неинвазивни-пренатални-тестови.23908/page-169
Препорачајте ми некој сируп на природна база за продуктивна кашлица. Вчера бев на дежурна служба ама дека трудница веднаш ме препратија на гинекологија.. со бебе се е во ред фала му на Господ. Ми рекоа течности повеќе,електролити,витаминска терапија,нешто за кашлица на природна база и мирување. Е сега не ми потенцираа точно што да земам за кашлицата па затоа доколку сте користеле некој сируп препорачајте ми,благодарам однапред
Ако се сеќавам правилно овој беше дозволен во бременост https://zegin.com.mk/mk/salus-alpenkraft-sirup-250-ml
Здраво дали некоја се соочила со слично искуство.. 27 недела сум, прва бременост, цервиксот е скратен на 30 мм и забележан е фјунелинг( претходната контрола беше пред 4 недели и се беше во ред и цервиксот беше 43 мм), докторот предложи наредна недела да примам инекции за зреење на плодот, дали некоја има искуство и примила вакви терапии? Дополнително строго мирување, во која положба е најдобро? Ми препиша токорелакс, магнезиум, пролутекс инекции, утрогестан. Земам и антибиотик заради уринарна инфекција, е.коли. На постелката виде и лакуни, но јас веќе примам клексани поради мутации.. Докторот кажа дека во ваква ситуација можно е предвремено порудување, дали некоја има искуство.. многу се исплашив
И јас сум 27 недела + 5 дена, кај мене грлото е 15мм. Лежам цело време со перница под задник, претежно лежам на лева страна. Не смеам да се бањам, мијам и заби во кревет и смеам да станам само за до тоалет. Од 18 недела сум во кревет, со тоа што тогаш грлото 25мм беше, сега две недели точно сум со 15 мм. Од терапија два пати на ден циклогест, alasod-600 за да помогне на цервиксот, многу вода, магнезиум и витамини и клексани боцкам и јас од прв ден. Совет - земај препишана терапија и строго лежи, нема станување до кујна по кафе и храна.
Дајте некој совет за мачнини Нема што немам пробано (антиметил, ѓумбир, кока-кола, јадење по малку на почесто), секој ден барем по еднаш 8 полни недели сум
Здраво, и јас сум со краток цервикс 26мм и меко грло уште од 18 недела.Првото зреење го примив во 28 недела во 2 дози на 24ч и повторно во 32 недела уште 2 дози.Сега сум 33+1 и цервиксот ми е 12мм.Најдобар лек покрај терапијата е строгото лежење, станување само за во вц и за јадење, пиење во лежечка положба со цевка. Лежење на грб со перница под задник, ако сакаш на страна препорачливо е повеќе на лева страна со перница меѓу нозе и под стомак. Пожелно е да имаш некој да ти принесува храна, вода и да ти прави друштво. Искуства и совети за ова ќе најдеш повеќе во темата: Можно предвремено породување. П.С. Ако ти треба совет или сакаш да прашаш нешто слободно пиши ми во приватна порака.
Честитки, со лесно! Јас го правев VERACITY во Авицена, 31900 денари чини и резултати добив за една недела. Ми ги пратија на e-mail и плус телефонски ми се јавија.
Јас земав детски прополис без алкохол, пастили на др.Мулер од исландски лишај и прегорен шекер пиев, ми се смири кашлицата за 24ч.
ги гледам поворкиве со дечињава ми испаѓаат и плачам а незнам зошто плачам . си викам што ми е господе зошто плачам? ваљда ми вријат хормоните . Како и да е за многу години бадник и божиќ мешиња! убав помин вечер на сите
Истото и мене сабајле во 05:00h ми се случи. Коледарчиња пеат на врата маж ми станува да отвори а јас лежам ги слушам и плачам.( на строго мирување сум ) Среќен Бардник! Господ да не чува сите
Исто и јасс, дома сите што заѕвонија ги исплакав од што ми дојде убаво на душичката, па маж ми мораше да отвара да им дава, ми вика ќе ги исплашиш децата нема да ни дојдат следна година За многу години да ни се празниците !
Девојчиња, ми треба ваше искуство и мислење. Вчера бев на редовна контрола во 30та недела и докторот ми рече се гледаме наредно за месец, во 34 недела. Ме збуни, оти знам дека има и трет скрининг и го прашав, ми рече доволни се првите два, не ти треба третиот. Го послушав оти се работи за доктор специјалист, ама некако ми остана мисла. Вие дали правевте, што се гледа со тој скрининг?
Исто, се изнаплакав вчера дека не можам да спремам коледарски пакетчиња и сабајле дека не можам да станам да им отворам
Истото ми го кажа мене докторката, ја прашував за трет скрининг кога точно се прави и ми рече трет скрининг не постои, тоа е нов измислен преглед кој е буквално како секој друг.
чим ти рекол дека нема потреба тогаш уживај си! Реално првите два се битни, јас го направив и третиот ама ми го наплати Димчев како обичен преглед зашто немало потреба да доаѓам, и не беше ништо поразлично од обичен ехо преглед него кажете ми брисот што се прави сега на крај, многу ли е непријатен? Мене нетрудна ми се непријатни а не можам да замислам сега...
Нема нешто што помага јас повраќам по 3/4 пати од сабајле и после нормално функционирам исто ми беше и со првото до 15та недела сега ќе видиме до кога. Со лесно .