Да многу од нас, тука имаш повеќе инфо https://forum.femina.mk/threads/Неинвазивни-пренатални-тестови.23908/page-179
Да се надоврзам, за Дубравка зборувам од лично искуство, а за Милена од што имам слушнато/прочитано. За останатите докторки таму не знам
Втор скрининг се прави со ехо на стомак. Но, за да се измери грлото на матката може да се употреби сонда за вагинален преглед. Така направи матичната моја, а на второ мислење сум кај Димчев во петок па ќе споделам и од кај него
Втор скриниг преку стомак, вагинално само мереше должина на цервикс јас каде што бев, би требало кај сите доктори да е исто
Девојки дали некоја може да ме упати, колку време пред термин сте отварале породилно и дали можам да искористам одмор пред да отворам породилното бидејќи досега бев на патолошка и не одев на работа? Ако не го искористам сега, ќе ми пропаднат деновите
На патолошка 40 дена пред термин се отвара, за одморот прашај ги на работа, мене ми го дадоа кога ми заврши породилното, и стариот и новиот од таа година, зошто требаше да тргнам на раб. кога бебе имаше 8м.
Како 40 дена пред термин, јас веќе влегов 9ти, а сеуште сум на боледување уште неколку дена? баш заради таа причина ми рекоа да го искористам одморот, за да не мора после толку порано да почнам, а и да си го искористам бидејќи овој одмор ми е останат од предходната година, па да не ми пропадне, нема да може после породилно да се користи, за тогаш ќе ми останат двата од оваа година..
Предлог за отварање на 40 дена пред термин е. Може да користи одмор или било какво друго боледување, кое не е гинеколошки поврзано.
Знам да, јас си го земав одморот после породилното, така повеќе ми одговараше, иначе многу рано требаше да почнам со работа.
Сега кога ќе се ти заврши паталошката земи си одмор. Ако имаш на промер само 2 недели одмор земи си плус обично боледување. Јас се зезнав ептен. Од комисија ми дадоа боледување 40 дена пред термин, имав јас цел одмор ама требаше да си земам барем уште 2 недели обично боледување. Треба да се вратам на работа бебе кога ќе има 8 месеци. Па сега ќе зимам одмор од оваа година за да наполни 9 и да ја пуштам во градинка. Плус се породив една недела после термин.
Затоа и јас сакав сега да го земам тој од 2025 ми е 12 дена работни втор дел само, па другиот од оваа година цел ќе ми остане за после породилно за да можам и јас повеќе време да искористам, инаку ќе треба многу рано да почнам, плус ако може некое боледување да се искористи, не знам ни кога ќе се породам, може и јас ќе фатам после термин…
Породилно најкасно може на ден на пораѓај да се отвори, така да искористи си стари денови и обично боледување
Блиска пријателка следи овулација вчера ваков и беше тестот за овулација мене ми личи на позитивен но немам искуство со овие тестови. Ко може кој следел овулација да ми одговори
Мајки, искуства тие што сте се породиле во Чаир? Што работи се потребни во болница , што е дозволено а што не. Прв пат ми е и не знам . Како сте задоволни