Идни мамички во трето тромесечје Да ве прашам...чувствувате ли блага болка во препоните и стегнатост во мешето?? Вчера се осеќав како балон , мислев дека мешето мое ќе ми пукне, а и бебушка моја клоцкаше ли клоцкаше, не дава да бидам свиена на стол. Јас сум 31 недела, и изгледа веќе си ја заморувам бебушка по цел ден на работа пред компјутер, дефинитивно ми треба да бидам во хоризонтала кога се вратам дома. И интересна работа бре женчиња...не можам да јадам многу. Вчера колегиве купија сендвичи, јас само помфритот го изедов и толку...а порано ќе си смачкав цел сендвич и ќе прашам има ли уште?? количински не можам да внесувам храна, и така се чувствувам ко балонче, а пак и да се најадам нормално...готово, балонот се надува, пазете се деца
веројатно тоа е нормално, ете и јас одвреме навреме осекам таква болка во препоните,како пред добивање, а мешко многу често го осекам затекнат неколку секунди дури мислам дека неможам да мрдам ... а имам забележано ако мрда бебушко многу, после тоа ми се затегнува стомакот исто и мене ич не ми се јади, сите ми велеа дека во последните месеци најмногу се јадело кај мене нее така, со сила јадам и тоа само едно исто јадење ми се јади
Хаха LaChiquita ме изнасмеа со балонот поздравче Инаку мешенца бев вчера на праглед и ми кажаа дека се е во ред со мене и со бебчето,се гледавме на ехо и веќе сме 500 грама само малку ме изнервираа дека минатиот пат со сигурност тврдеа дека е девојче а сега кога си прашав онака ми вели епа штом сме кажале девојче тогаш е двојче,а сега не беше довлно свретено и вели па и сега не гледам да има нешто значи девојче е хелооу па 21 век сме бе какви се овие доктори плаќам на приватен за да нагодува ли? тоа е или не е па веќе сум во 22 недела треба со сигурност да ми каже јас толку многу се радував на минатиот преглед кога ми кажа девојче и не сакам да ме излажал отсекогаш сум сакала да имам девојченце ако не бил сигурен нека си молчел и сега сум во мисли да не излезе нешто друго секако најважно ми е да е здраво и живо но сакам да си знам со сигурност за полот па да може да си купуваме се што ни е потребно а не еднаш тврди вака а наредниот пат ааа така ли сум рекол епа значи тоа е
И јас сум истата, на мене од 30 недела некаде почна да ми пречи мешето,неможам да се наведнувам,како топка да имам во скутот и кога станувам особено ноќе за во тоалет баш ја осеќам ептен многу таа нелагоднот во препоните,како да ќе ми се откачи нешто Си мислев нешто не е во ред ама ете и кај вас било истото. изгледа треба повеќе да одмараме мамички И за апетитот исто,се силам пред да јадам дека којзнае колку ќе изедам и на крај ќе изедам една третина од она што сум планирала А дали ви се случува да не качувате во тежина цела недела па после оп во еден ден по 400-500 гр а исто јадам скоро секој ден. нешто тука ми е чудно Dreem.Girl јас купував на жолто,зелено,портокалово.... па кога ми потврдија по 4 пат дека е девојче се фрлив на купување розеви работи и ептен претерав, а купив и плави шпикозни,само едн ми беа убави,затоа Све ми боје лепо стоје
леле јас кутрата не се имам измерено два месеци колку сум здебелена да видам , оваа мојата матична докторка досега во речиси 9 месеци само 2 пати ме има мерено а јас имам дома една вага ама баш не мие во ред секој ден ми кажува различно треба да одам некаде да се извагам јас од мешко имам мака кога се облекувам, особено чорапи или кондури кога обувам по 20 мин ми требаат
И јас имам мака со чорапите и чевлите кога е мажот ми дома е полесно,тој ме облекува ама кога сум сама сум смеи живи. и мојот матичен не ме мери секогаш на вага,ако ти се верува ме измери прв пат кога бев 6 месец и ме праша колку сум накачила до тогаш од почеток на бременоста. Изгледа заборавил дека треба да ме мери се запнал само за отоци. отоци па отоци и само ме пипка по потколениците да не случајно имам.
кг не се толку страшни како отоците верувај ако имаш отоци има да корнеш коси од болки и најчесто со мн големи отоци идат на царски ,ти кажувам од искуство јас имав мн отоци што неможев нозете да си ги допрам до ниш постојан плакав за кг не се замарај се симнуваат одма по породувањето јас бев со царски се поправив 15 кг и после порагајот одма ослабев а ми велеа дека со царски не се бргу ослабувало како да не се си е до организам позз и со лесно да си го износис бебшкото
LaChiquita, тоа ти се лажните контракции. А и плус бебето мрда повеќе, поголемо е. Затоа и не можеш да јадеш, бидејќи органите се притиснати од матката со целата нејзина содржина. И да не јадете многу, ќе качувате на тежина, бидејќи бебето некаде од 28-36 недела најинтензивно расте (ако не сум грешка со неделите) и добива на тежина, и тоа се смета
За килогрмите сеуште немам мака баш на вчерашниот преглед ме прашаа па каде го криеш тоа бебенце сеуште си имам линија а јадам како луда бебенцето супер напредува дури за неделите една недела е понаптредно
мешенцаа па јас муабетот одокулу ви го зборев веќе 2 недели, но што вика аннатх нормално е да неможеме да јадиме оти матката ни ги притисканала органите (и желудникот) и капацитетот му е намален и не јадете многу ке се здебелите инаку јас синоќа (во 5 сабајле) направив скандал сонував многу страшен сон, дури не ми се ни кажува од што е многу ужасен, и во сонот плачев плачев и наеднаш се разбудив и пак си продолжив да плачам (ама она хистерично плачење) и станува мм ме гушка ме теши сон било свести се не е вистина, јас за прв пат во животот неможев да си ги исконтролирам емоциите, а бебето мрда ли мрда во стомакот, како да сакаше да ми каже немој да плачиш тука сум, еве гледај мрдам и така во прегратка на мм и со рацете на стомакот пак сум заспала некако. Во последно време многу сонувам ама ова синоќа беше врв.
Сељорита, знам може нема никаква врска, ама велат ако сонуваш, иако страшни сништа, велат убаво ќе си поминела на пороѓај, колку вистина има не знам, ама гледано по мене што многу сонував иако обично не сонувам многу, многу убаво и лесно поминав, и на сите им посакувам бременост и пороѓај како мојот. Со убаво нека ви, не знаете колку сум и за вас среќна. Има нешто од кога че станеш мајка, многу сочувство имаш со сите идни мами. Со лес нека ви е на сите
ти благодарам ноел, а јас тоа сочуство го открив и во бременоста, премногу ги разбирам и трудниците, како да сум им во кожа знам што сакаат да кажат, а исто така и тие што во исчекување на бременост ги осеќам и како да знам како им е во душата. Се надевам дека сите како тебе со лесно ке поминиме и ке се гушкаме со малите срциња бебиња јас едвај чекам да се видиме со бебушко и да се изнагушкаме и редовно кога мислам на него и првото видување ми се ствараат солзи од помислата, кој знае тогаш колку ке се возбудам
Еве и јас трето тромесечје, недалава ја почнувам 34 недела Сеуште немам никакви тегоби, не сум имала до сега отоци, мачнини ниту пак некакви болки. Јадам помалку количински,за да не ми стане тешко или да добијам киселини во случај на прејдување.Одам секој ден на работа,пешачам секој ден по малку,бебето минатата недела го гледавме стигнало тежина до 2100 и фала богу развојот му одговара со неделите и доста е темпераментно , нема никаков застој. Се е супер освен д-димерите што ми отидоа над 4000 и покрај инекциите и трансфузиолозите ме викаат на секои 4-5 дена на контрола и ме вадат од памет колку било тоа лошо, така што за 10 дена да влезам во 9 месец, па ќе видиме дефинитивно, дали бебе ќе го оставиме до крај, или ќе го вадиме порано
и јас треба да ги правам димерите на трансфузиологија и сега сум во паника докториве штрајкуваат и којзнае до кога ќе трае тоа а за килограмите и јас немам качено многу,некои 8-9кг ама ми е чудно што ги нема ги нема па оп нареден ден се 500 гр повеќе А јадам не да не јадам, чудно. Мажот ми ми вели дека бебето изгледа вежба многу во стомак па ги топи калориите и отоци фала Богу немам па и тоа многу чудно,порано кога не бев бремена ми се случуваше да ми се појават,посебно од многу стоење на нозе а сега ги немам. Леле да не се подречам самата,да си ќутам,добро ми е А за емоциите знам да си се расплачам и на сред улица еднаш се расплакав во продавница кога бев за да ги купам првите работи за бебето ми дојдоја солзи кога ми текна дека за малку ќе ја изгубев Со мажот ми бевме и јас сум се навртела на рафтот со алишта за да не ме гледаат а солзи течат ли течат.... што уште не ќе направам
бидејќи дознавме дека е девојче решивме да и смислиме име барав по темиве ама не најдов тема со предлози за имиња..па бидејќи секое меше си има идеја како да му се вика бебушкото,си викам ај тука да се обратам
Облекувањето на чевли ми е смрт имам еден пар на чизми кои така се пошироки се носат над фармерки/панталони и само ги налекувам и готово, полесно е така. Инаку со килажата до пред 3-4 недели имав качено 6 кила, ме пофали докторов мој, ама којзнае уште колку ќе качам до крај. искрено да Ви кажам ич не се замарам за килажата, кај и да е, после на толку неспиење има да ги симнеме вишокот на килограми Инаку Форко, како нема тема за имиња...има еве http://forum.femina.mk/bebe/iminja-za-vasite-deca-t941/
И на мене ми требаа имиња за бебето а за килажата и јас се надевам дека ќе се среди,посебно што живеам на 4 кат и тоа без лифт.... ќе се направам како манекенка кога ќе почнам со количката секој ден горе долу само ми е страв некако што ми се јаде благо,шеќерот ми е во ред,бебето на преглед е добро ама сепак.... некогаш знам да претерам
мешковци мн ми е лошо, знам дека направив глупост ама тоа е ми се истури кафе на петоседот и јас несвесно испрскав арис за флеки, и наеднаш ми дојде во носот мирисот и ми се слоши, и уште не мие добро знам дека ке помини , и на бебушко нема да му влијаее ова така ???
уф навистина ми олесна, избегавам да чистам со средства ама ете тоа беше несвесно,ама нема да ми се повтори