Абе мајки па јас сум природно породена ,ама не ме сечеа а бајаги големо бебе испадна Може ке ја имате среќата да не ве сечат Ја бабицата кога ја видов со ножиците во рака помислив ,ке ме сече ама тоа беше за папочната врвца моја среќа
Леле браво блазе тебе маченце.Сега сакам природно да се породам (ако биде се како што треба)СЕ МОЛАМ да ја имам твојата среќа зошто стварно се плашам од ножици и конци
Да за тоа лесно поминав, бебево ги износев 9 дена после термин ..и ме примија во болница и два дена додека се породам поминав ужасни болки .ми дадоа можност када со некои масла за да се намалат болките ,не помогна, инфузии триста , пак ништо и се додека не примив епидурална .. Болка е ама се заборава. Јас се намачив со моево ,додека се роди ..големо бебе 55 см,тешко 3430 а јас висока само 155см :geek: Него јас секоја среда си гледам емисија за бебиња , како се раѓаат и слично и се подеќам на моево бебе како се роди..моите емоции , страв и најголема љубов во исто време Ах Едит= овде исто мајките кои сакаат доброволно имаат можност да се пораѓаат во када , за бабиците е посебно убаво искуство ...ама јас не сакав тогаш, за второто здравје можеби
Јас со првото бев царски и не бев како царица прво катетарот кој ти го ставаат пред операција е хаос и ќе мора да го носиш се до оној момент кога ќе те извадат од шок собата и ќе стават во соба со останатите породени од се најмногу ми се гадеше и е доста непријатен. Имав страшни болки првиот ден не можев ни 5чекори да направам, а не тераа да станеме да се замиеме зошто бебињата ни ги носеа и неколку дена на страна неможев да спијам за одење во вц па да не правиме муабет со сета сила се стискав со рацете од болка за да можам да мокрам мислев дека 1саат ми требаша да мокрам и местото ми беше отрпната па подолго време, а со второто се породив периродно и тоа за 4,5 саата брзо се отворив и поминав без сечење и шиење и според мене природното пораѓање ми беше полесно може трпиш болки во моментот но потоа не, а кај царскиот не трпиш болки при пораѓањето отпосле се болките, како и да е болки пред или после ќе мора да ги истрпиш зошто мајка лесно не се станува.
Добро утро или добар ден , за кого како , јас се наспав конечно, бебуш мој ме остави ноќеска да се наспијам (изгледа си вика ај мама нека се наспие планирам да излегувам ) Чудно се чувствувам повлажна долу кај другарками ама абер нема од пукнат водењак , болки не чувствувам освен одвреме навреме кај препоните, боцкање долу и малку кичмата, ама искрено да ви кажам сум си многу активна дури и со мажево се расправаме зошто клекнувам станувам, што се тегнам, вчера ги преперував постелнината и ќебенцата за бебушка, па го преместував креветчето и ги препакував торбиците, па пак си удрив едно чистење по дома , некако не ме фаќа место.Од ова што го рече докторот демек до 10-ти ќе сум се породела уште нема абер му се уарни на бебуш во меше, па си чекам ама има уште 6 дена до термин, па ме чудат коментарите што ги слушав дека како мајкати раѓала така и ти, бидејки стварно нема врска , мене ме родила во 8-ми месец а брат ми нешто на почеток на 9-ти а јас еве уште терам,изгледа дека стварно нема врска ништо и дека секоја жена е различна. Како сте ми вие ? Има ли некоја која уплати на ГАК за деновиве , лјубичица цеки ,и сите вие што сте на список за викенд во ГАК, кај сте .... да не отидовте на викенд во ГАК ( Зимување за еден , два дена пун пансион, со гратис бебе ) ceki89 06.01.2013. ljubicicaa 08.01.2013. roza 15.01.2013. Micika80 16.01.2013. kallias 18.01.2013. silk 24.01.2013. danielka0507 26.01.2013. Искрено едвај чекам ....ова исчекување е најтешко Поздравче убав ден на сите Силк до кај си ти?
Еве ме и мене, само што се вратив од цтг, нема ни к од контракции, ме прегледаа и вагинално ништо, не сум сеуште ни сантим отворена Мене во петок ми е краен тремин и ао дотогаш не с епородам во понеделник сум пак на контрола па ќе ми каже докторот што ќе правиме за пораѓај. Болки немам деновиве никакви, бебето мрда ли мрда по цел ден, кај препоните и јас имам така некои болки и тоа е, ништо повеќе. Значи овие последните денови кога чекаш едвај поминуваат, во исчекување сме сите кај нас дома, ајде смао за убаво нека е и нека помине се ко што треба.
И јас сум уште тука ...Дури на 21 сум на ЦТГ, така да уште една недела со сигурност нема ништо од бебе...И јас сум пораздвижена деновиве и поубаво се чувствувам..А исто така и последниве 2 недели поубаво спијам од претходно...Најдов една положба и гледам што подолго да бидам одморена..После незнам што ме чека..Ако бебец е како што е во стомакот немирен, тешко мене...
Љубица ми ја нема очекувам убави вести од нејзе.Рече ќе направи контрола и ќе ни пише ама изгледа веќе е зафатена со бебушко па чека послободен момент да ни ја соопшти радосната вест ај ќе почекаме Јас си презакажав за на гинеколог за утре во 12 морам да одам порано нешто чудно ми се случува со кичмата од неделата навака кога станав од спиење како да се прежилив и сега си плачам од болки неможам да спијам убаво,да седам,да мрдам...на секој втор потег нож бо грб ми се забива се надевам ова нема врска со бебушот...
Здраво мешиња како сте, до каде се нашиве Јануарски бебиња, некако не им се излегува, па + и времево залади, сега уште повеќе нема да им се излегува Јас од денеска ја почнувам 39-тата недела, па ќе видиме како моето бебушче е расположено. Секој ден го очекувам, ама некако не сака да излезе. Имам неколку симптоми, но абер од бебушчево. Во Среда сум на контрола кај матичниот само да види колку сум отворена, а на цтг не одам сеуште, матичниот ми рече дека тој ќе ми каже когај да одам. Би сакала да ве прашам, читам од мешињава дека требало да падне некакво чепче. Може звучи неодговорно, ама јас не знам за што станува збор, какво е тоа чепче итн. дали некој може да ми објасни , каже. Ајде ви посакувам на сите лесна бременост и со лесно да се породиме и неделава барем да ни дојде едно бебушче. Поздрав до сите и Среќна Стара Нова Година-Василица
Да, ни ја нема Љубичица ...Ке чекаме сега убава вест...А и Цеки ја нема одамна или не сум ја видела тука по постовиве...
Драги идни мамички, со цел дискусијата да се одвива во соодветни теми, денес отворив две нови теми за кои претходно често се дикутираше во Труднички муабети: 1. Породилни болки: bremenost/porodilni-bolki-t16042/ 2. Болки и други здравствени проблеми во бременоста: bremenost/bolki-vo-bremenosta-t11891/10.html Доколку сакате да прашате нешто, а нема соодветна тема, а притоа сметате дека и некоја друга феминка би била заинтересирана да прочита за истото, ве молам отворете нова тема. Да мислиме и на оние кои во иднина ќе бидат дел од оваа тема, и да им го олесниме пристапот до саканите информации во соодветни теми.
а да прашам во која недела се оди на цтг? јас сум 30недела а докторот сеуште ми нема кажено ништо па си прашувам
Драги мои трудници и идни мамички, од сега па натаму, во оваа тема ќе известувате дека се породивте и тука ќе се примаат честитки, малку да се растовари Труднички муабети Со лесно на сите!
Кај сте мешковци се изгубивте ве нема на муабет. Еве јас утре ќе влезам во 29 недела од бременоста и да ви признаам дека овие неколку дена се чувствувам супер не ме боли кичма,не ми се лоши,подобро заспивам, а и апетитот ми е на високо ниво ке се направам мече...Малку повеќе ме чеша стомакот па се мачкам со што најдам.Приметив некако ми е исфрлаН точкаст
I jas sum 29 nedela, ama ic ne sum super Denes povtorno na kontrola na krvta,leukocitite pak pokaceni.Mi dadoa drug antibiotik, se otruv veke Baska hemoglobinot padnat pod 100...i kako jagotka na slagot od antibioticite mi se aktivira kandidata,me cese rastura,od iscedokot mi se aktiviraa i hemoroidite.Uf leleee...ima li kraj na makite?! SE IZVINUVAM ZA NEGATIVNOSTA
Мешиња јас сум 28 недела при крај ,сите испитувања ми се добри Фала му на Бога немам некои сериозни маки освен тоа што железото ми е малку намалено ама не е страшно сеуште не сум под нормала а и докторот ми рече дека било нормално ова време од бременоста да се намалува.Бебушот е многу активен ме збеснува навечер а поготово кога ќе каснам нешто благичко Се заморувам почесто кога се веднам,и спиењето ми е малку проблем незнам на која страна да се свртам и се нешто се осеќам ненанспана Утре имам закажано на клиника на разговор со стариот доктор кој ме пораѓаше,мора да си го резервирам пак не го мењам за ништо Ве поздравувам мамички чувајте се