Здраво душо извинете што ви се мешам во муабетот и јас само сакам да го пофалам докторот ќе направите вистински избор ви кажувам од искуство и само пофални зборови и дај боже се да биде супер имај лесен пораѓај
јас после 5 месец полудев од бело хаос р досаднп скрос а во бременост уште позголемен е исцедокот кај сите -_- матичниот увек ме прашува дали имам немам секоа контрола пошо е мн битно да бидиме чисти посебно посл месец не смеиме да дозв да имаме бело прање .. е исто и мене ми даваше све полигинах и ми рече а видиш пак имаш одма зимај сама немора да ме прашуваш ама ова кај тебе мн два пати на ден они обично се ставаат 6/7 дена навечер само .. јас ич не сум задоволна од полигинах цело време пак ми се јавуваше после нив минимално подпбрувањр имаше само и посл пат пред 3 нед ми даде нови Неопенетран форте и нема подобри од нив со 100 ден се поскапи од овие али уште со првата вагинална имаше мн подобрување .. ја би ти ги препорачала овие подобро ако имаш мн и избегавај никако не користи секојдневни тие уште повеќе иритираат освен навечер за со вагиналната ..
За терапијата нема што да ти советувам, тоа е индивидуално и секоја различно реагира на исти лекарства. Правам се што ќе ми каже докторот, сметам дека тој е нај компетентен. Јас само да ти потенцирам еден друг момент. Доколку користиш секојдневни, ма каколку и да се квалитетни... батали ги. Неможам да поверувам каква мака сум имала од нив. Еве вака како тебе, кандида, многу исцедок, до степен на болка и ненормално чешање, рана се направив а не знаев од што. Инаку години уназад сум ги користела истите и никогаш немало проблем. Ете во бременоста се јавувал и тоа голем проблем од нив.
@Natasa. P ги избегнувам секојдневните ама еве вака кога ставам вагиналети ги користам. Незнам , и јас верувам дека било кој доктор нема да ти каже нешто да направиш доколку не е сигурен, ама дека тие полигинаксот ептен големи некако шубе ми е .
Не да ги избегнуваш, туку да ги исфрлиш од употреба во текот на бременоста. Си има од оние медицинските памук само како со мрежичка за навечер за вагинални кога ставаш. Можеби токму до нив е проблемот. Еве кај мене тие излегоа проблем дека биле. Знам дека е мачно, цел ден треба од нив да стоиш..ама тоа е, мора така, менувај веш 2-3 пати дневно, и обавезно одмивај се после нужда. Јас го користам и она гелчето Алкагин за интима, исто препорачано од гинеколог и многу ми помогна. А во врска со големината на вагиналитетите.. не си прави лоши филмови. Тоа сето е предвидено така како што треба да биде. Ако имало било каков ризик, ќе биле забранети. Земи во предвид дека во една нормална бременост, дури и односи се дозволени до самиот крај. Тоа апче си влегува во каналот, нема врска со матката и бебушот, тој си на сигурно. Опушти се.
Од Еурофам аптеката, имам картичка од таму. На целата сума што си пазарела во текот на секое тромесечје, ти следуваат поени кои на крај ти ги даваат во сума пари која јас си ја користам за да си земам бесплатно тоа што ми треба.
Слободно можеш да се договориш со човекот и да слободно понуди пари веќе ако сакаш да понудиш јас ќе имам памет за друг пат и ништо не е страшно ако понудиш човекот е профи
Само да ве поздравам мешиња, за многу години да ни е денешниот празник, Благовец, Господ здравје да дава секаде и да не чува и нас и нашите блиски.. Честит именден на славениците денес.. Ве поздравувам со мојата "химна"
Здраво мешиња. Неколку дена по ред имам болки од десната страна на кичмата , само од десната. И да стојам и да лежам и да седам ме боли. Кога ќе го допрам местото ме боли како удрена да сум . Инаку од утре почнувам 31 недела . Матичната ми рече на контрола по 2 недели , а тоа е после празниците . Има ли место за паника?
Ne. Normalno e. Moze bebe ri gazi vrz nekoj nerv. Ne moze najverojatbi e toa. Ke se izmesti i ke prestane. Ama i da boli kicma e normalno. Golema si veke.. se ke te boli.
@fina erika Го прашав докторот дали ќе може тој да ме породи и рече дека нема да може ниту за пари ниту за без пари, дека повеќе не бил на тој оддел и не доаѓал од дома освен за најблиските. Рече дека само може да им каже на тие што ќе бидат на смена да обрнат повеќе внимание. И во одговорот што го даде беше ептен човечен. Јас некако ептен имам доверба во него и се чувствувам сигурна, ќе ми беше многу лесно тој да ме пораѓаше, но ете сепак ги фалат речиси сите доктори во Чаир па само со Господ напред се ќе биде ок.
И да е краток цервиксот не е страшно така и побрзо ќе се породиш. Ете при крај си цервиксот не смета кога веќе ќе раѓаш. Ако се е ок не знам зошто бараш прегледи. Видел докторот и убаво ти кажал да почекаш додека почне пораѓајот, деновите ти се бројани вака така ќе биде наскоро. Немој да се грижиш штом докторот кажал дека се е нормално многу јасно дека нема што да те прегледува.
@Mari-Ja Немој при крај да си создаваш стресови, остави не нас ние сме од Македонија. И јас бев на ЦТГ и ми рекоа дека штом се било во ред со ЦТГ немало потреба од ехо ама ете и јас како тебе сакав и ехо и отидов пак и се беше во ред и со ехото. Ми рече на ЦТГ пак за две недели на денот на терминот. Викам а до тогаш има шанси да се породам ми вика можеш и сега од врата кога ќе излезеш да те фатат болки и да се породиш. И го прашав и некои други за него чудни а за мене прашања кои цело време ми се вртат низ глава од се што имам прочитано. А за притисокот докторот ми рече тој што ти е 110 ако е под 90 тогаш во болница, така да добар е твојот. Мила се е во ред, опушти го мозокот, спремај се физички и психички за пораѓајот и за средбата најубава на свет. Уживај во последните денови од бременоста, верувам ќе ни фалат, и мешето и сите слатки маки и недоумици кои ги имавме во овој 9 месечен сепак најубав период. И еден заклучок дека пролетниве бебиња како што можам да забележам излегуваат пред термин, зимските трудници речици сите ги надносија бебињата, не им се излегувало на ладното. И уште да се пофалам конечно закажав интимна депилација во понеделник кога ќе бидам 38+5 па сега си правам филмови дека ќе ми пукне водењакот тогаш и се надевам нема да се породам до понеделник.
На ова мислење имав прашано зошто немам кафена линија на стомакот,ај модератори објаснете ми зошто тој дел од мислењето ми е избришан? Несмеам да прашам нешто што ме загрижува поискусните да ми одговорат?
Девојки несакајки се удрив во стол со стомакот. Освен нормална болка која се јавува и на кое било друго место да се удриш друга болка немам. Несакам безпотребно да паничам но прв пат се удирам вака посилно затоа пишувам дали некоја има вакво искуство.
Еее, немај гајле. Јас прашував за тоа, за удирање несакајќи, ми се случило и мене. Заштитено си е бебето, не се секирај.