Јас носам машко бебе па косата никогаш не ми била поцврста Во бањање кога ја чешлам, не ми паѓа ни пола од тоа што вадев кога не бев трудна. Лицето ми свети ко секој ден да одам на третмани мислам дека немаат врска симптомите со полот на бебето.
@delvi јас од 28 недела почнав да чуствувам појаки и почести удари. Нормално е некој ден да бидат помирни. Напиј се сок од цеден портокал, чоколадце или нешто благо, (тоа повеќе ги раздвижува) и ќе видиш како ќе скока после 10-15 мин @stevemila само биди смирена колку што можеш. Стигнавме при крај, издржи уште малку и се ќе биде во ред. Господ нека е со нас и нека не чува сите!
Драги девојки, Навистина добро би ми дошла вашата поддршка и охрабрување. Јас сум деветта недела и во понеделникот прокрварив - знаете кој хорор е тоа. Ми најдоа мал хематом на постелката и ми дадоа терапија. Крварењето не се повтори, освен благи исцедоци овие два дена. Но, стресот ме докусури. Сега уште ме боли едниот јајник, огромен е од ивф стимулацијата и ноќеска имав паничен напад - ова лежење по цели денови не ми помага воопшто. Некој совет за справување?
Здраво @Anicka30 Има ваква тема Крварење во бременост, таму може да прочиташ доста искуства. Во главно, се случува понекогаш да прокрвариме... не сите ама дел од трудниците. Штом си од ивф, сигурно си покриена со таблети за поддршка на плодот. 1. Утрогестан или кринон 2. претпоставувам на неколку дена/или на една недела прогестерон депо Сега на тебе останува да лежиш. Знам тапа е и јас поставував слични прашања како твоето, не знаев како да издржам, ама го знаеш трливиот пат на оплодувањето, сега стигнавме до овде, па ако треба и 9 месеци ќе ги излежаме. Совет за справување, ќе се дружиме на фемина
Косата мие ужас на мене како антени ми висат и по две раце ми паѓа. Мозолчиња немам само едно што ми искочи на почеток и толку. Немав ни првиот пат и косата ми беше многу убава само на почеток паѓаше. Мачнини имам навечер и за јадење се будам навечер. Уште малце остана до понеделник и ќе знаеме до кај сме. Ама по ова јас што се осеќам и чуствувам мислам дека веќе има и срценце.
Ти благодарам многу, Момичка! Да, читав во тој дел од форумот, навистина ми требаше да слушнам слични искуства. Советот мислам дека ти е најдобар многу поддршка наоѓам на форумов, иако не пишувам - ова денес беше од потешките денови па имав потреба да се пожалам
Првиот месец да го излежиш е тежок. и јас збеснував. После ги гледаш сите филмови, читаш книги затурени низ дома, почнуваш да гледаш утрински емисии на тв ... се врткаш, се трткаш. Само се да биде добро. Е, после 3-4 месеци се навикнуваш. Ако е се ок, си стануваш, один на рзбота, по кафиња.... Стрпи се и мисли позитивно.
Ти благодарам на поддршката и советите, Leo_29 Само се надевам никогаш нема да стигнам до гледање утрински емисии
Ви се стврднувал стомакот на почеток? Мене мие потечен многу и фармерките сабајлево неможев да ги закопчам. Работата мие на 20 мин пешки и си одам пешки и се враќам и незнам дали да продолжам така или со автобус а со автобус па ќе морам со два да одам.
Мила @monik55 се ќе биде во ред јас сум сигурна во понеделник ке го слушнете тоа мало срценце а за 8 месеци ке си се нишкате... Инаку стомакот и мене на почетокот ми се поду и ми беше тврд па мислев декаа веќее имам трудничкоо мешее.. Се е тоаа нормално уживај милаа гали мешето и бебо во негоо
@Leo_29 со утринските емисии ме насмеа, не за друго дека вистината најмногу боли Се запознав со доста проблеми со кои се соочува нашиот народ а досега не сум ги знаела @stevemila , ти ја испраќам цела среќичка Пријатен престој и се да биде во ред Се надевам си спакува добра колекција на книги, таман малата да поседи уште малко
Еве ме 6ти месец лицето ми е катастрофа како што кажа цело нафрлано брада и лево и десно до уво абе прав ужас болат и наикрени се постојано и болат. Мислам дека лузни ќе се направам на олку чепкање Лежи одмарај, и примај терапија, јас бев со обилно крварење во 6недела бебето беше милиметарско а до него стоеше хематом од 5см кој му се закануваше... Нооо, излеговме посилни терапија, чести контроли и строго лежење изгуравме фала му на бога. - а кафен исцедок после имав до 13недела.. Со прекини
@pile30 ти со мозолчиња а јас сум цела со кафени флеки по лицево, ко географска карта ми е се надевам ке се исчистат по пораѓај. @stevemila ајде со лесно нека ти биде, живи и здрави да си бидете со бебушка и немај гајле се ке биде како што треба.
Здраво мила да одиш на предавањата ќе видиш многу ќе ти помогнат,абе ова луѓево неможам да ги разберам и не се трудам многу устата неможеш да им ја затвориш,абе трудна сум,лигава сум што ми можете ете така сакам да ме тинтра мм па што и нема да одам на работа бе божем без тебе фирмата ќе пропадне абе балкански менталитет.И да се лигавиш сега му е мајката. Само со лесно нека биде и да е царски не е кој знае што и јас така си мислев па лесно поминав и за еден ден на нога станав.
Здраво на сите на сите мешиња - идни мамички. Денеска тестот покажа две цртички пресреќна сум, утре одмам на контрола. Ова ми е втора бременост. На сите Ви посакувам убава и лесна бременост
@monik55 Ми се стврднуваше и подуваше стомакот и мене на почетокот,мислам поголем ми беше него сега во 7 месец...и јас чекам да дојде понеделник да ни ја оопштиш преубавата вест...официјално со срценце