И јас утре одам за скриен шеќер , дај малце од тортата и јас да се зашеќерам П.С. мене ми дадоа упатство што да правам и ми пишува се препорачува да се јаде нешто пред да се испие глукозата.
Околу 26 недела, јас морам олку рано 15 недела ради тоа што во првата бременост го имав и минатиот месец кога проверува крв глукозата ми беше висока.
Денес одам за скриен шеќер, само што ја испив ова глукозава, по грозно нешто во живот не сум пробала ама ај само за арно нека е . Уште сега знам дека шеќерот ќе биде висок и до крај на бременост ќе треба на диета, но тоа не е проблемот, коса ми се крева од помислата дека ќе треба да проверувам и да се боцкам 3 пати на ден
Зошто така мислиш? Си имала проблем до сега? Инаку во право си дека нема погрозно нешто, тука па во син лаб не ја ни мешаат како што треба, мм бараше чешма да дополни вода за да го растопи парчето на крајот, па ја стискаше чашата (зашто лажичка немаше) и едвај некако го допив. Одвратно беше.
И јас го направив сабајле до сега никогаш не сум испитувала, па не знаев што ме чека две чаши препоплни кога ми ги даде на сабајле, едвај ги испив, уште мислам желудникот ме гребе. Па и тоа на дното ми го иситни да си го допијам цел ден денес желудник ме гребе мислам Ајде среќа добар ми е шеќерот и крвна слика правев, супер е, само железото 9.9, ама со оглед дека сум на праг на 8ми месец, мислам дека не е лошо
Мамички, во принцип многу сум зиморлива, скоро секогаш ми е ладно. Но, деновиве и на пониска температура ми е жешко, особено ноќе кога поголем дел од ноќта не сум покриена или се покривам со тенко ќебенце (претходно бев со 2 ќебиња и јорган ). Дали е ова нормално?
Само мене ли тоа течноста кога се испитува шеќер ми е преубава . Бев толку дехидрирана кога отидов, толку жедна...со сласт си ја испив. Дур и на паузата помеѓу прво и второ боцкање препрашав дали пак ќе ми дадат. Мешиња и јас во седми месец влегов . Време мине, мешко расте...се надевам дека здравје ќе ме служи и до крај ќе си истераме.
И мене ми беше убава Леле мајка како вчера да беше кога поминаа 7месеци мислам вчера прашуваше за "Другарка"
Сите ги пречекав и испратив од темава последниве неколку години. Сите џокери за другарки ги потрошив. Се нека помине во најдобар ред и правам место за нови мешиња
Здраво,можеби прашањево е глупо ама кога не знаеш-не знаеш Кога ќе се породиш, на пр. маж ми доаѓа да ме посети и да го види бебето, тогаш може да донесе поклон од типот на цвеќе,чоколатца и сл. или на заминување од болница?
Доколку мислиш на гинекологот или персоналот, имаме цела тема за дискутирање https://forum.femina.mk/threads/Подарок-за-гинекологот-после-пораѓај.27367/page-18
Здраво мешиња Јас да се пријавам сеуште во групава. Исплашена дека нема да препознаам болки кога ке почнат или пак ке сум сама дома. Два дена со болки во кичма јаки, баш како менструални. Последно во средата цервикс 7мм. Утре пак на контрола па ке видиме до каде сме. Денес мали грчења на стомакот и повремена болка во „јајник“ наводнициве зошто поима немам во моментов што има на тоа место. Купив и облека број 50 зошто нели ми рекоа дека големи се шансите да убрза ама се молам дека нема да му треба. Јас скоро спремна со торбици и дома со тоа што оставив некој ситници да не биде дека сама сум убрзала секако мм ке спреми после. Така сега останува да почека до петок и да биде терминско бебе.
Не, не мислам на поклон за докторот туку прашањето ми е дали маж ми кога ќе дојде да ме посети ќе му дозволат мене да ми донесе поклон како што кажав чоколатца или цвеќе или тоа треба да го направи на отпуштање од болница? Не знам каква процедура имаат, дали воопшто нешто дозволуваат да се донесе.
Најдобро мајки со искуство во конкретната болница да ти споделат инфромација од прва рака. Каде ќе се пораѓаш доколку не е тајна? Низ темите за конкретни болници споделуваат различни инфромации, може некој ќе сподели и такво искуство.