Ѕирни во оваа тема има се што ти треба да купиш https://forum.femina.mk/threads/Што-сè-е-потребно-за-новороденче.10854/
Труднички здраво Да прашам.. што е најлесно за консумирање, што се препорачува да се јаде/пие после повраќање? И дали можам планински чај со лимон да пијам? Ова за чајов генерално ме интересира, не конкретно за после повраќање. И уште нешто. Утре на утро треба да правам крвна слика и урина, ама нема шанси да сум без јадење од 6-7 попладнево, ќе ме умре желудникот. Не дека многу јадам, туку морам залак-два почесто да пикнам нешто во уста. И сеа што да праам? Што можам нешто полесно да конзумирам навечер? Банана може? Па да видам дали ќе можам да останам само на тоа...
Не поврајќав но знам дека крекерчиња,геврече што по сува храна двопек такви суви работи не би те дразнеле да не е зачинета и тешка храна,супа бистра исто така се препорачува. Чајче со мед земам обавезно секој ден. За крв кога испитувам само шеќер не внесувам доцна овошје си јадам,супи што ќе ми се јаде викаат бар 8 саати да си гладен.
Го гледав лани кај комшиката,некако не ме бендиса. Што знам слика од бебе и означено што му е раче,што главче мислиш од марс сме паднатипа после за креветче нешто местење безвезно не ми се допадна Во потрага сум и јас по некоја книга за што не чека
Јас исто јадам нонстоп, кога правам крвна слика во 8 сабајле, накај 3,4 во ноќта обавезно станувам регуларно и каснувам едно две интегрални парчиња со нешто намачкано... до сеа не сум имала проблеми...
Ајде да најдеме нешто добро, ја појма неам шо да зеам, а сакам да прочитам. . јес да на нет има се, ама ја незнам шо треба се да знам,вака бар прирачник некоја основа да се има Ајде бараме понатаму....
Јас имам термин 10.03 не ми има спомнато ништо такво.... 32+3 сум денес, ми рече дека само треба да одмарам повеќе сега дека бејби е ниско поставена и веќе се наместила за излез
Јас сега гледав 32 недела сум од денес Мажена сум во Велес инаку од Скопје сум се мислам не знам каде еден избор што има во Велес за доктори едниот пензионер мислам е со бела коса кога го видов викам овој ли ќе ме пораѓа
Хахах знам за кој викаш. Тројца доктори биле и слушнав и од Ск дека иделе во Велес и јас баш се размислував за дали Велес па ќе видам хаха. А која ти е матична? Јас се размислував и приватно ама матичната вика нема потреба само пари да даваш толку многу
Јас одам кај Весна Маркова е сега она сакала во болница да породува ама не и дозволиле, а друго е она ако е тука сепак ти ја водела бременоста не знам ти кај кој си? Јас се мислам за во Скопје да се пораѓам
Хаха и јас сум кај неа истото и јас го имав слушнато и се надевав на тоа дека ќе и дозволат ама ништо хаха