@Starlič јас на 40 степени по никоја цена не би отишла на работа.Тоа е опасно за сите не па за трудници. Едноставно извести претпоставен,од почит,и немој да имаш грижа на совест. И да си во климатизирана просторија,шок е патот од-до дома.
Јас сум малку мутава. Немој проблеми да направам, да не ме зборат после, да не ме замараат кога ќе се вратам. Утре сум 2 смена. Оставам на нив они ако речат да не одам нема да идам. А денов едвај го издржав. Малечкото мое денес беше многу активно, машала. Инаку честитки за убавата вест. Да си имаш лесна бременост.
и кај нас се такви,среќа сум имала со супервизорката што ми излезе во пресрет. Кој ќе издржи инаку во 9ти месец да оди на работа во жештина од 40 степени.
и јас кога би избирала едно од двете зла... Би го избрала "злото" со раката спекулум само со анестезија.
Си има значење и тоа колку е висок хормонот, ако е повеќе од нормалното се препорачува дополнителни иследувања, нека си праша гинеколог да и објасни
Ако го бираш Софија, размисли да е без ј, Софиа, не е баш според нашиот правопис точно но е интернационално, сите наши имиња со ј, се преведуваат чудно во странство. Мене ми е едно од омилените имиња ид поодамна, Илина некако многу го зачестија во последно време, Бисера исто прекрасно име. Сите опции уствари ти се убави
3 смена кој е буден. Се шетам ко зомби низ куќа. Мм и синко си спијат а јас како дух сто пати станав и легнав. Ќе заспијам взори. Крај не ни се наоѓа, ако мрдаат бебушите многу активни се, ако ги нема зошто, како, кај се . .. Утре од 6 имам мајстори, не знам како ќе издржам. Важно се пожалив. А што се однесува до името на детето, јас по сон што си сонив пред да забременам ќе ја крстиме, инаку акоко се родеше на празник и ако имаше некое убаво име да ми се допаѓа, би крстила. Но тоа е вккус и не треба да им се суди на родителите. Па поздрав девојки одам да си ја пробам среќата со сонот.
Кога се ближи пораѓајот Др проверува со рака колку и дали си отворена. Мене ми е непријатен, ама се издржува. Што рече @Septemvri колку поопуштена и подолу на бокс си подобро. Добро утро мешиња. Јас кафе испив, да видиме со 3 часа спиење до каде ќе турнам. Околу стриите, јас немам никогаш искуство со нив, не ме сакаат, а и не мора. Линеа нигра ми се појави уште 5-6 месец, а пигментацијата на брадавиците и госпоѓата од долу исто така многу рано во оваа бременост. Дури пред 2-3 месеци и на лицето забележав потемнети како флеки на 2-3 места. Кога нив ќе ги снема? За синко само пигментацијата и линеата ја имав. Овој пат поизразени се сите работи. Со среќа на новите мешиња, а на нас ветераните со лесно. @Мариаа. Ајде крши мраз. Некој мора да почне.
Топло добредојде за тебе Дуниче! Со лесно цела бременост. За 8 месеци да си фатиш бебе во раце. Филмовите и стресовите си се пропратен дел од бременоста, "нормално" е сето тоа Нека остане се само во глава, реалноста нека ти е како песна. Се најдобро борецу!
А тие со царски? И нив ли ги гледа долу, мислам нема потреба. Неможам да замислам маж(освен мм) да ме чепка долу
Добро утро, @dunika welcome to the club и кај трудниците и кај тие со правење"хорор филмови и сценарија" . Нормално сите сме со страв, ама ја како најголем песимист и паничар да ти кажам труди се да мислиш опуштено и верувај дека се ќе биде во ред. Јас од таа паника и страв не можам да уживам во бременоста, ни физички ни психички. Од страв мислам дека и ми се пола од болките. Така да, чекор по чекор, ќе си одиш на редовни прегледи, нормално ќе се пазиш, ќе слушаш совети од гинеколог и ќе биде се во ред. Според твоите постови, знам дека си рационална, разумна и смирена личност, така да ова е само моментално. Поготово откако ќе слушнеш срценце. @Мариаа. Со лесно. Ајде денес да јадеме мекици, може Инаку, јас пијам по едно кафе на ден(турско). Не сум прашала, ама не ми ни спомнале.
Иста ситуација е со мене ден боледување немам земено ја пратив препораката на директорот и добив одговор дека не работам на отворено, туку во канцеларија под клима. Нормално не сум му ќерка да ме жали но ако не ми било добро сум можела да не одам немало потреба да читам такви работи. Тотално тактички одговор.
Ми треба помош. Сакам веќе да почнам да се спремам. Кој ми се неопходни и први работи што морам да ги имам (шпикозни, капче...) и како иде бројчето. Пробав да купувам ама се ми е како за кукла хахха
@srekice се си мислам дека ти примаше клексани до сам пораѓај. Те молам за искуство. Мене ми ги дадоа во 36 недела да примам две недели, ми беа покачени д-димерите а тромбоцитите ниски. Со ова се сложија трансфузиолог и гинекологот што треба да ме пораѓа. Но мојата матична од памет ме извади дека никој во 9 месец не дава профилакса, дека може да направи обилно крварење на пораѓај. Еве баш денес се јавив за упат да видиме колку се, и пак истото ми го кажа. Јас веќе ги примам една недела и денес навистина почнав да се плашам по нејзината реакција. Ако си активна ке те молам за искуство. Ти благодарам. Исто и некој друг ако има ситуација како мојата ве молам споделете.
Немој да мислиш дека поголемо ќе е бебето од кукла. Јас за првото така, зедов големина 0 од 50-56 см и секое гледање ми изгледаа мали, па зедов и наредна гол за 3 месеци. Леле кога се роди 2900гр како глувче се му беше големо. Му висеа аливчињата. Ова како што ми викаат помало бебе ќе е, ќе треба на шнајдер да ги собирам и кусам https://forum.femina.mk/threads/Што-сè-е-потребно-за-новороденче.10854/ Еве линк од што е потребно за новороденчиња. Прелистај ќе знаеш што треба.