Мешиња како ја поминувате зимата? Мене ме уби досада. Во куќата кај што е каминот топло е. Во другите делови студи иако има одлична изолација. И од тој студ не ми се фаќа ништо,а сакам да средам, да зготвам, да ми е чисто. Но, ладното ме враќа покрај каминот. А, не е еден ден. Вие како го поминувате денот? Вашата рутина, дневни активности. Нека сподели некој да се мотивирам и јас, а можеби и некој друг.
Да си прашам за килограмиве , малце страв ме фаќа , поправена сум 3 кг а сум 26+6 , јас по природа сум повекњ полничка да не речам дебела а ете во бременост 3 кг досега , нормално ли е ? И дали имате како слаби менструални болки ? Ништо алармантно ама да не си раат ??? @Bebac ако ти е за утеха оваа недела ме уби досада досега шетав акав но кога ме ставија на мирувањр еден ден година ама ке помине се самл бебе да се рооди здраво живо и на време а со ладното се бориме некако , фати студ деновиве
И јас сум 3кг + а сум 20+1г.н. Мене матичниот ми кажа дека од 7 до 11 кг е нормално во бременоста. Битно е бебе да се развива, да напредува. А, сигурно земаат се од нас што им е потребно. Но, сепак кога ќе одиш на контрола консултирај се со матичниот гинеколог.
Лелеее, значи ја 2 кг се мерев сум поправена од срцева реакција до пред скрининг ( значи од еден до друг преглед) , и ќе идам на даље ваљда оти по 200/300 гр чоколади на ден јадам, многу ме тера на благо и ич не се замарам. Ќе качам 30ка како у прва бременост, ама ич не се замарам. Уживајте во бременоста мајки, кога ќе се родат сакале или не ќе ослабете од нејадење и неспиење (да не ве плашам ама малце тешкичко е у почеток ) . Инаку @Bebac јас мила цееели денови додека е малиот на градинка лежам, бар 8 саати, сеуште ме тера на спиење, си дремам, гледам серии и одмарам. Работам само попладне и моментално само по пола работно време, не можам да се форсирам. И мрза сум ептен. И дома е хаос. Ја ќе раскренам ,малиша ќе фрли бомба и така у круг. Затоа ја одмарам, он растура ама топ ни е. Увек е растурено и не може повеќе од тоа што е. Ич не се замарам.
@0ли фала ке читнам не знсев дека има тема : @Bebac поради скратен цервикс па сега имам време се да исчитам фала Богу бебе е во ред ама сега одма си правам филм ме боли меше понекогаш како менструални болки и одма лоши мисли , а ова го имав и кога не лежев ама тоа ти е психа ,
Ги осеќаш дека меше расте, матка се шири. Јас имав поприлично јаки од почетокот, сега се смирија и изгледа мешко стагнира. Чим ги добиваш знај дека растетеееее.
Без лоши мисли! Се ќе биде во ред само што ние паничиме. Господ на сите да ни е на помош и се ќе биде во ред.
Ауу значи јас многу си качувам за 19 недели 5.800 си имам качено.Како што е тргнало до крај ќе отидам и +15/20кг вишок Од денес на строга диета
Јас гледам дека секој месец (од ноември наваму) се поправам за 2 кила (пр. Ноември 62, декември 64, јануари66). Сега сум 25+2 па се надевам не е мн страшно ) А јадам се' во нормала, ништо повеќе или претерано во споредба со периодот пред да останам бремена
Здраво на сите Ве читам подолг период и конечно се регистрирав 27+2 сум Моментално немам некои прашања, сакав само да ве поздравам. Се надевам дека ќе се дружиме ☺️❤️
Јас ако не си го исполнам денот мн ми е досадно и почнувам да размислувам за пораѓајот и почнуваат паниките ама ако си најдам занимација, немам гајле. Од денес ми почнуваат работните обврски па си велам таман ќе помини досадата. Инаку си читам книга, серија или некое филмче, и на кафенце денски си одам да се раздвижам малку, или пак нешто да си испазарам-само да не сум по цел ден дома
Хехе нека расте веке мешко , сите ми велат немаш големп меше, читав мн пати на форумот дека исто им кажувале и на други мамички па затоа и сум смирена , битно бебе добро напредува Дај Боже кај сите се да биде како треба , ке ги бркаме лошите мисли , иш иш Па не е страшно , јас малце се исплашив со ова цервиксов па исплашена и не ми се јаде , а колку бев стрвна ама тоа е ке почнам сега да се дебеламммм
јас станувам сабајлето во 6 часот се спремам за на работа и од 7 до 3 ми е работно кога си идам облакам тренерки капа обавезно јакната и пешачам,потоа ручек па пак уште некој круг низ малото се туширам гледам пријатели ако не ми се спие читам книга и во кревет,излегувам и на салата и кафе но поретко .п.с кај мајка ми сум мажот ми работи во странство
Диета никако! Јади повеќе овошје и зеленчук. А, килограмите ќе се намалат, само бебушите да се како треба.
тебе убаво ти поминува времето! Јас сум ептен зиморлива. Имам и јас активности, шетам, правам ручек. Но, сепак не е тоа како порано. Ај здравје ќе истуркаме зима, ќе се породиме па ќе биде подобро.
Јас веќе една недела од време на време како да чувствував нешто, но не бев сигурна. Мислам дека дефинитивно од вчера почнав да го чувствувам бебуш како пеперутчиња, клокоткање. Денес сум 17+4, прва бременост.
Јас не станувам рано бидејќи не одам на работа,некако така си сфатив, за сите години наназад станување рано и трчање по цел ден да стигнеш се' да завршиш, сега си давам "награда" да одморам максимално и да уживам во бременоста. Наутро уживам со кафе и овошје, па појадок, потоа фемина, книга, тв, сакам да готвам и само барам нешто ново да направам, средувам секој ден по нешто да не се форсирам многу, кога е сончево или не многу ладно сакам да излезам, си пешачам час-два полека, навечер пак книга, филм, серија, разговор со другарки, можеби некоја игричка на телефон... Од што имам сега неограничено време на располагање,се плашам дека заборавив како е да имаш обврски, ама бебето ќе не врати "во колосек" за рекордно време