Феминки, 4та недела сум. Дали е нормално да имам благи болки сеуште како да ќе ми дојде период и ме стега стомакот по малку исто, а и имам чувство како да ме скокотка матката. Дали се тоа е нормално? Нагони за повраќање или гадење сеуште немам. Прва бременост ми е па не сум искусна.
Ако матичната ти кажала да одиш во чаир за цтг тогаш оди ќе ти направат, не треба закажување. Јас сум пред породување веќе, заради вирусот кај матичната одев на цтг, а оваа недела 2 пати бев во чаир затоа што веќе треба да раѓам. И оди порано затоа што може ќе треба да чекаш. Јас чекав 4-5саати,огладнев,ожеднев,фати полициски час нема од каде да купиш.. И на цтг паники, тоновите на бебето паѓаа, стрчаа сите, ме вртеа на страна, па ајде едвај најдовме отворена продавница ми кажаа да јадам да пијам па пак повторивме и беше подобро. Битно си доживеав стрес, се тресев си плачев.
Се е во ред, сите сме ги имале гие болки како за добивање. Нормално е. Има тема ако сакаш да читаш повеќе за прво тромесечие, мене мн ми помогна https://forum.femina.mk/threads/Прво-тромесечие-од-бременост.20973/page-89#post-2877789
Во Систина сум била само кај др. Јован Костадинов и многу ми се свиѓаше ама не бев бремена, не знам каков е за трудници. Единствено не ми се свиѓаше што покрај ехо и пап си измисли да ми направи и некој друг преглед (не ми текнува сега името) и ме опљачка убаво
И мене ова ми е прва бременост Болките како за добивање ги имав секако до околу 12 недела (а можи и после тоа да се случеше како да ме завртува стомакот, ама поретко). Јас доста затегање осеќав најдолу кај јајниците, до 12/13 недела како полжав се движев. Но се тоа испадна дека е нормално бидејќи после матката почнува да се шири, лигаменти се тегнат...И тоа скоро цела бременост си осеќав по малку. За лошење мислам ти е рано, мене почна после 7 недела некаде и точно до 13 треаеше. Сепак, кај секој си е индивидуално. Ајде имај си Лесна бременост
Сигурно колпоскопија, ти има направено . И мене ми има правено, го гледа грлото на матката со камера.
@0ли ми го разубаве денот, кога те читам ми навлегува некоја позитивна енергија. Уште од почеток ти се восхитувам на храброста,упорноста и истрајноста. @strelkata добра ли си? Со лесно нека ти е и брзо да си се породиш, да се олесниш. Кажувај ни како ќе бидеш. Инаку на сите ви посакувам убав ден. Јас синоќа од мераk пуштив 2 перални бебешки ствари. Немам купено се што треба, ама сакав да си ладам мозок со нешто, па денес ќе си ги пеглам. Мажот кога се врати од работа излезе на тераса и ми вели овде мириса на бебе. Рано е малку 33 недела сум, ама пусти мерак.
Те измалтретирале. 4-5 саати трудница да чека за обично цтг? Може си требала да отидеш после еден,тогаш им завршувале амбуланти. Затоа и бебето не било многу активно, ти изморена и гладна а исто и тоа, самото чекање уморува. Како поминавте после накај дома, ти бараа ли извештај од полиција?
Јас и со првата бременост и со оваа сум презадволна од Др.Панчевски сега да бидеме реални човекот не е нешто многу слаткоречив ,ама е многу стручен ,краток и јасен ,исто позитовно искуство имам и со Др.Адамоска од систина .
Кога сме веке кај приватниве да споделам и јас , очекував барем малце повеке професионалност , маж ми не го пуштија кога се породив , да биде трагедијата поголема никој не го известил за мене ни како сум ни што сум ,ни како прошол царскиот , тек јас кога отидов во соба му се јавив да му кажам се , а рачунајте тоа се скоро 3 саата , знаете колку долго е тоа ? Непрофесионално од докторот пред се , а и долу не сакале да го пуштат , демек принципи со короната , криво ми е што претходно во ходник чув татко што чекаше зс друга родилка , значи некој може да влезе некој не , крајно неприфесионално , мн сум разочарана од тој однос , поготово што маж ми чекаше 3 часа можете да замислите што се му се вртело низ глава , но битно сме здрави и живи , за друго немам замерка но за ова би размислила 3 пати дали би се врстила во Систина !!!
Супер сум, не се даваме така лесно, мораме позитивно жени ли сме што сме уживкај си и ти, спремај си за бебуш па да си ги дочекаме тие мали и најмили животчиња
Срцка баш после 13h дојдов. Ама битно на крај се беше супер. На враќање полиција не застануваше ама им го покажувавме извештајот од болница и немавме проблем.
Да, труднички мозок, па си викам да не лупнам нешто Да имаше потреба да ме гледа ок ама демек гледам нешто сомнително ама не сум сигурен бла бла... 'Сакаш да те видам поубаво? Ама ќе те кошта плус 3000' ...и сеа си викаш дај боље нека ме види, којзнае што е. 'Па да, има некои промени на матката ама ништо страшно.' После тоа си продолжив Ремедика и никогаш не се појави некој проблем. И кажав на др. Петрова вика не се сомневам во Костадинов многу добар доктор е ама детално те прегледав не видов ништо... И сфатив колку е саат. Ама секој со своето искуство.
Кога веќе тука се отвори темата за и против Систина, ме интересира од вашите искуства дали е точно тоа што некои велат дека лекарите таму се повеќе за царски отколку за природно?
И јас сум слушнала муабет. Плус од 7 другарки породени таму, само една е природно бидејќи инсистирала. А зашто е така незнам, да не трачам.
Ај тука ќе прашам бидејќи ние највеќе одиме на гинеколог..има ли некој матична да му е др Сузана Гинековита вчера и денес вртам цел ден но никој не се јавува..ме интересира да не имаат промени во работно време некој да не бил скоро на преглед?
Конечно денеска ги купивме и креветчето и количката, таман мислев сум завршила со перење идемо опет Ајде да досредам и беба може да доаѓа, спремна сум