Те читам и си мислам, сопругот мој да бил на место на твојот о 3 часа да чекал инфо за мене, он ќе беше 3 пати онесвестен и со инфузија во рака како што е паничар голем Да се насмееме малку Навистина нефер, без разлика дали е државно или приватно, треба да се каже. Кога правев лани киретажа, мм не беше со мене, ама докторката кога поминало се му се јавила да му каже на телефон, јас уште не сум била ни освестена. А пред тоа број негов ми бараше, се чудев зашто.
Само ти се напна мм докторот ќе го бара Јас си кажувам мислење дека не е во ред. Посебно во приватна клиника. Затоа плаќаме, за да ни тече мед и млеко. Let's agree that we disagree
Ја неам зашто да се напињам срц. Тоа што не се замарам за тоа не значи дека и ти не треба. Се што ти следи да си бараш. Инаку јас сум си кул и презадоволна у глобала од цела нивна услуга. Кој не е нека ги мења. Постојат многу места, бар сеа има избор, само за жал пари немаат сите. На крајот од денот нашата дебата е небитна и дали ја и ти се сложуваме, битно е да с(м)е сите задоволни од местата кај што ќе се пораѓаат.
Му се случило ли на некој да му кажат пол на бебето но веројатен а не сигурен, и на следен преглед да испадне дека не е тој пол? Докторот ми рече не бил сигурен. Споделете искуства?
Ехееее имав со мене првата бременост тука девојка што цело време викаше машко дека носи и на крај роди девојче. Мене ми рекоа машко сега со второто, па сега на втор скрининг као женско,па машко. И не знам со сигурност што е, само да ми е здраво и живо. И со многу мајки сум зборела исто им се дешавало, прво еден па друг пол да кажат. Битно е да се здрави , живи прави.
Една другарка до крај не знаеше што носи. Кај неколку доктори што одеше на прегледи сите различно и кажуваа и дури и ист доктор на различни прегледи се случи да и каже различен пол. Не ми е јасно како така, при сите овие современи технологии, ама се нервираше прво девојката, после тоа отрпна и на крај рече не ме ни интересира веќе, само да е живо и здраво. И до крај не знаеше сигурно
Здраво мешиња јас сум 25+2 и се чуствувам многуу мачно, имам несоница веќе една недела не можам до 4-5 да заспијам не можсм положба да најдам и ме фаќа нервоза само по 4-5 саати спијам и по цел ден сум заникаде, пробувам и преку ден не можам се мачам само... Со мм идеме да пешачиме пола саат и нозете не ги осеќам и грбот и само гледам да легнам, нервозно се осеќам ,мешето ми е оптегнато ,бебе си мрда си го осеќам,а јас некоја тежина во градите... Дали е нормално овој период да ми е така? Извинете на долгиот пост.. позз
Чудно ми е ова што не знаеле пол да одредат. Мене матичнава др Наде од Мама одма ми го погоди полот на близнаците, машко и женско, исто и др Елена во Ремедика. За третово исто одма ми го погоди и матичната а и др Елена во Ремедика. Мислам дека е срамота за еден гинеколог да не знае да препознае пол. Може "свирчето"како што го вика др Елена да го помешаат со папочната врвка, ама ќе си внимаваат, плус може да се препознае скротумот. Ама има и такви, јатрва ми на пример со првото цело време и викале женско па на крај машко се роди. Обично обратно грешат, викаат машко па испаѓа женско. Многу ми е криво што др Елена повеќе од месец дена не е на работа поради вирусов, баш сакав да ме види и пред породување, иако за породување на приватно ми е ту мач. Ако е се во ред кај и да е ќе биде, ама ако не дај Боже нешто не е во ред, џабе ти е и на златен кревет да се пораѓаш.
А како беше тоа за полот спрема откуцаите на срцето на бебетo? Ако беа над 160 беше женско или машко....? Рамно 160 беа денес кај моето
И мене Петрова за близнациве уште пред 12та ми кажа дека се машко и женско и погоди. А и матичната исто така погоди одприлика тие недели на почеток. И мене ми е криво докторката што не оди на работа поради меркиве, стварно многу е фина, достапна и опуштена. Ми остави океј впечаток. Сега одам кај Котларова, супер е и она. Со лесно мајка
Хаха и јас баш тоа од вчера го мислам, имам читано дека ако откуцаите се околу 140 е машко, ако се околу 160 е женско. И кај мене вчера на преглед беа рамно 160, па одвај чекам да видам дали е девојче според ова
Кај читаш тоа? Мора да пишува и во извештај. Еве таква тема тука на фемина. Као над 140 женско https://forum.femina.mk/threads/Отчукување-на-срцето-на-бебето.3286/
Види на ваквото сличе , знам и ми кажа откуцај рамно 160. Ама треба да проверам за син ми,мислам и за него вака нешто повејќе беше. Ајде некоја со женска да се пријави колку биле
И мене во 11та недела ми кажа за свирчето Секако не пораѓа она, а и сега и се роди внуче од син и, па сега чека внука од ќерка и. Така да, сигурно се пази ради короната и не верувам дека скоро ќе се врати. А златна е.
Не пишува ни кај мене на оваа табела,види дали имаш сличе на кое се гледаат откуцаите. Мислам когс ти ги гледа протоците тогаш ја прави таа слика. А ни на извештај не пишува.
Јок, нема на овие сликички или ја не гледам. Да видам од претходните да барам. Нема везе, ама ептен се напнав колку сакав да видам што пишува.
Mene cela bremenost mi ja vodi Mitko Ivanovski i sum prezadovolna. Doktor so golemo istkustvo, se sto kazal taka izleglo. Za da se konsultiras sekogas e dostapen, sum mu zvonela, sum mu pisuvala i na viber, mi odgovaral na poraki, mozda ne sekogas vo istiot moment koga ke mu pisam, ama vo tekot na denot le vrati. Toplo ti go preporacuvam