Мешиња здраво Кажете ми што пиевте во рана бременост за главоболка ? Ужасно се чуствувам и веќе не можам да ја поднесам
Јас се слушнав со шефицата рече до 1ви Јуни сум раат. За после ќе сме се чуеле. Но и она разбрала дека спаѓаме во групата со породилно што им завршува деновиве и дека би терале до септември ако се согласат на седница.
Според СЗО како и прирачникот за бремени жени во корона пандемијата што ја објави владата на сајтот, бремените жени не спаѓаат во ризична група на заболени и според светските статистики, само минимален процент имале развиено некакви благи симптоми на болеста. Само опуштено.
Мешиња, да не се бришеме. Корона и се врзано за неа се пишува во оваа тема: https://forum.femina.mk/threads/Бременост-и-породување-во-време-на-Корона.31426/page-16#post-4974887
Ве читам за брисевите... едни ви земале на почеток од бременост, други при крај. Во странство за жал ниту еднаш не се проверува тоа, баш утре имам преглед па ќе барам ваков за стрептокока обавезно да ми направат. Се загрижив ептен
Мене ми се високи и знам дека кога се пораѓав царски мораше со целосна анестезија од таа причина.Јас пиев аспирин ,метилирана фолна и се боцкав со клексан цела бременост имав високи д димери.
@bokace1 и Алпа руска вода мачкав јас од аптека се купува. Чело, врат, плешки со нежни масажи. Јас господ го видов од главоболки поготово прво и пола второ тромесечие. На крај кога ми беа прејаки пиев по 2 парацетамоли од еднаш со дозвола од доктор, и тоа колку толку ме смируваше. Одмор во темна соба, и повеќе вода 3 литри на ден минимум.
Фала ♡ утре ќе одам на хематолог и ќе каже. Јас вака не знам што би тргнала, пијам само најнеопходно, витамини, магнезиуж, метилирана и андолот преку еден ден. Искрено се уплашив, ама ете се надевам утре одма ќе ме прими.