Денеска сум на контрола. Се надевам ќе сум отворена и дека ќе ме задржат Имам мали болки долу, при движење. Се надевам е некаков знак
Феминки, доколку има некоја заинтересирана за да напишеме отворено писмо од име на трудниците во врска со ослободување од работните обврски ве молам да пишете на оваа тема https://forum.femina.mk/threads/Бременост-и-породување-во-време-на-Корона.31426/page-16#post-4974887 Доколку некој смета дека постот не е за овде слободно избришете..
Кај мене на постелката имаше многу мали лакуми,матичната не сакаше да ми даде упот за на трансфузиологија за да ги испитам. Тоа било мода,порано никој не испитувал ... Но кога ми излегоа резултатите(дупло од нормала) ништо не искоментира. Се косултирав со тројца гиниколози,сите кажаа дека сум имала среќа што сум ги испитала на време и дека резултатот е многу висок. Одтогаш се боцкам скоро 60 дена и уште сме далеку од нормални вредности. Мој совет,за да бидете мирни испитајте се што слушнете дека треба и е препорачано да се испита.
Апсолутно. Од испитувања ништо нема да ни биде а може на време да се спречи поголем проблем. Јас испитував крв постојано, и веќе околу 25та недела железото и хемоглобинот ми беа на долна граница, почнав со тотхема. Може да се каже дека на своја рака испитував толку често, и спречив анемија. После и со тотхемата, пак ми беа речиси на долна граница. И димери исто. Испитував на три недели, не бев за клексани ама мораше да се следат вредностите.
Здраво девојки, нова сум на форумот и сакам да ве прашам за мислење. Бремена сум 37 недела+2, вчера бев на ЦТГ и покажуваше високи контракции, матичната ме праша дали чувствувам болка, но не чувствував,само како стврднување камен ми се правеше стомакот. Вчера немав никакви болки ама денес чувствувам болка во меѓуножјето на моменти дури и ме сечи во одењето,дали е ова знак за раѓање? Прва бременост ми е, па затоа паничам на секоја промена...
Одам во приватна гениколошка ординација и таму одам на ЦТГ заради вирусот, инаку планирам да се пораѓам во Плодност,таму бев во петокот и не бев отворена,а далеку ми е да одам до таму секогаш кога ќе испаничам,затоа побарав овде мислење дали е симптом за раѓање или не.
Денот пред испитувањето за скриен шеќер дали ви текнува како беше за јадење, до колку може најкасно да се јаде, дали треба да се јаде благо дента? Сум заборавила како беше
Моето искуство е дека болките за раѓање почнуваат прво во кичма па према препони ,ама тоа е само мое искуство сепак најдобро би ти кажал доктор ,следи ги болките ако се вистински ќе се зачестат и ќе се јавуваат на одредени исти временски интервали .Со лесно
Што ти кажал трансфузиолог? Гинеколог и не е баш релевантно во ситуацијата. Јас пак се спасив од боцкање а гинекологот инсистираше и сепак сѐ беше во ред до крај.
Да кажам јас како поминав денес Брисот за стрептокока е само површински. Други брисеви не ми направија . За неколку дена ќе ги имам рез. Ја видовме и бебла. 2500гр тежиме ,плодова вода има доволно, главчето и е надолу. Се е во ред. За 3 дена влегуваме во 9ти