Швепс?? Портокали и цитрони?? Јас само швепс и тоник пијам, цедени портокали, лимони и цитрони. Зошто не?? Лелее, ќе си се расплачам од мака Јас некаде прочитав дека не смееме црн дроб да јадиме, бидејќи содржи висок процент на витамин А, а тој е единствениот витамин кој е забранет во бременост, но матичната ми рече да си јадам, дека не е штетен.
Мене докторката ми рече само за ананас, папаја, манго ако добро се сеќавам, полуживо месо и не ми текнува што беше уште нешто. Јас исто скоро секој ден си цедам портокал и лимони.
И јас сум 168 висока, а останав бремена со 72.5 кг. Во 25 недела бев плус 5кг. Според моето бми најмногу до крај требаше да се поправам 11 кг. Доктор досега не ми искоментирал дека било многу, еве сега на почеток на 9ти, јас сум плус 12-13кг ама не изгледам страшно, а што е најважно немам некои тегоби заради килограмите. Стомак не ми смета, сама врзувам патики, се наведнувам и не ми е тешко, се бричам без проблем, спијам без некои поголеми проблеми, нормално се движам и не се заморувам и задишувам. Проблем имам само од подолго седење што се укочувам и ме боли грбот. Крвната слика ми е супер. Според тоа, најважно е здрава да си и да се осеќаш убаво, а доколку не ти пречат килограмите тогаш гледај ги како само бројка. Храни се здраво, и терај, има кога да се слабее
Јас од се што наброја јадам и пијам со исклучок на конзервирана риба.Фала Богу сум супер. Умерено никогаш не е на штета
Јас секој ден цеден портокал пијам, содржи природно метил фолна, сега за сега сме супер, мене докторот ми викаше јади све што ти се јаде слободно но умерено
Протокали и лимони и јас си пијам, на почетокот на прво тромесечие демек нетребало риба и не ја јадев ,морков и се што содржи повеке витамин А , потоа си јадев , конзервирана храна знам дека треба да се избегнува , магданос и јас нз зошто , ананас правел контракции и коприва - семе и чаеви не требало ,тоа го разбрав пред некое време а не сум го знаела ..
Мене во првото ме советуваше докторката да не јадам необработена храна се да биде варано,печено или пржено.Пр. свежа риба пример суши, јајцата да се целосно спржени или сварени, месото испржено не живо(во Германија има еден намаз од живо месо и тегли со живо риби), сирењето да се зрело, не младо.Кај нас овие храни ги нема па освен јајцата да ги пазиш се можеш да јадеш Ова е за да се намеали можноста од тровање. Вчера бев на фајн дијагностик пак 2 скрининг.Супер е бебето и се е во ред.Пораснало и овојпат беше најмирно, па успеа докторката да ми направи прекасна фотка од лицето Убавица на мама,да женско е бебето Мм одма ја изанализира, личела на мене во брадата, устата ,челото А дадата вика колку убаво бебе имала @Vojdana кога бев со првото трудна повеќе мајчински инстинкт имав додека бев бремена отколку кога се роди бебто.Верувај јас такво чувство како сите што кажуваат, не осетив.Кога ми ја ставија на града , гледав да ја смирам.Па ја анализирав, не верував дека јас сум мајка.Од толку што и се чудев не спиев .Сакав да ја гледам и правев се за да не плаче.Не мислев на моите чувства.Само знам дека кога се роди кај лицето малку беше како свиткана и тогаш знам плакав зошто и е такво ,да ли ќе се оправи.За 2-3 дена се оправи.Па плакав зошто нема какано и мочкано 24 часа.Ама многу ми беше убаво кога ќе и дадав ад некои 10мл и ќе заспиеше со прекрстени рачиња.Лицето и беше како благодарно ,не знам мирно Љубовта спрема бебето растеше со секој ден.Ама знај правев и грешки.Колку несмасна бев во рацето што само ја ударав несакајќи.Како сами да ми паѓаа. Мислев немам мајчински инстинкт како другите мајки.Се додека еден ден имаше грчеви и и ставив чепче од ким без да го прочитам упатството.А за упатства секогаш читам.Ама со бебе што 2часа плака и конечно сум нашла решение ,немав време.И го ставив чепчето и нешто од внатре ми вели, еј не требаше цело пола тербаше.Како зрела особа си велам кое чепче се делиСе смири бебето и зимам да читам.Стварно пишува пола.Ќе умрев од страв дека си го отровив детето.Среќа имаме тука итен број во случај за тровање, ако си зел поголемо количесто лек или детето апнало нешто што не треба, се јавиваш и ти кажуваат оди итно на итна или не е страшно.Се јавив и кажувам на др.Таа исто вели кое чепче се дели Гледа во компјутерот и кажува стварно требало пола.Бараше и кажа дека е на природна база ама да ме му ставам веќе овој ден на бебето од чепчињата.Може само попоспано да биде.После жената пак ми се јави по некој саат да праша како е бебето, тоа инаку не го прават. Значи гледаш сум имала инстинкт Значи се ќе ти дојде со бебето.Кога ќе дојде на почетокот само оно ќе е битно , за тебе нема ни да помислиш
Мајчинскиот инсинкт може да се јави и малку покасно после породувањето. Нема зошто да се осеќаш неубаво ради тоа. Едноставно, не сме сите исти нели.. Нормално, толку нагла промена за целиот живот ќе се случи за кратко време,збунета си и не знаеш штп да очекуваш. Кога се породив и ми ја дадоа малата, ја зјапав како теле, ништо не осеќав. Така,ја гледав само и не верував дека од мене излезе цело човече. Со цимерката од болница се чудевме, што ли се случува со нас две и зошто сме такви ладни, не ли треба да се стопиме уште првата секунда и да се приврземе за бебето штом ни го дадат во прегратка?! Ама чекај,не е ова инстаграм, ова е реалноста,која за жал не секаде е прикажана како таква. Па оттука грижа на совест,прашања милион “ќе го сакам ли бебето”?! И после некој ден си се наместија коцките, се запознавме со бебе, минувавме 24/7 заедно, створивме неракинлива врска која ќе трае цел век. Секунда не можам да замислам без неа. Мајчинскиот инситинкт ми проработе после 10 дена. Сега сум најдобрата мама за неа, иако е само 2год. ме нарекува “душичка моја” И за бебево во стомак, нит можам да го замислам какво е и какво ќе биде, ни осеќам нешто wow.. веројатно откако ќе дојде на свет се ќе си дојде на свое место
@Vojdana и јас немам некои чувства. Галам меше му зборувам, ама немам чувство дека внатре има човече што ме слуша. Ми доаѓаат солзи само кога помислувам каква би ни била првата средба, и тоа е тоа. Кога мрда исто немам чувство дека е бебе, не се топам ко на филмови Една вечер така си седев дома и од нигде никаде ми дојдоа мисли дека уште малку нема да имам веќе време за мене како претходно, ќе бидам ненаспана, неискапена, ќе немам толку време да седнам да си испијам кафе на раат...И потоа преплакав цела вечер пошо сфатив дека себично размислувам, каква мајка ќе бидам, дали ќе успеам итн. Баш тука пишував. Прво бебе ми е и не сум свесна. Цело време ми е како да не ми се случува мене. Вчера првпат перев и пеглав облека за бебе и уште немав некое мајчинско чувство како тука што пишувале членки. Ама па од друга страна верувам дека и тоа е се нормално зошто пред себе имаш цел непознат универзум. Не рекле за џабе, со раѓањето на детето и мајката се раѓа. Порано или покасно, ќе дојдат тие чувства и кај нас
без паника , ќе се наредат коцките како што треба , биолошки процес е и само по себе ќе профункционира , два пораѓаи до сега барем во болница не сум се осетила така приврзано или плачки лигавици како по филмовите немало кај мене , после недела дена дури почнуваат да пукаат хормоните .... сум била ладна , механички дури сум вршела обврски околу бебето ама како ќе одмине некој ден станувам поемотивна , целиот свет се врти околу тоа човече и барем кај мене се појавува неверојатно голема љубомора и сум многу заштитнички настроена , јас во принцип не сум љубоморен човек ама станувам како некоја кучка која си ги заштитува кутрињата , не сакам никој да го пипа бебето никој да го држи , да не му се приближува , несакам да го оставам со некој друг, несакам друг да ми го преоблекува , да го бања ..... дури нелагодно чуство како некој немир во мене , не дека им бранам ама додека гледам некој како го држи мене солзи ми идат ама поминува и тоа .... неверојатна е врската на мајката со своите деца и љубовта е неизмерна и оваа љубов е нова ( за прворотките ) што не сте ја осетиле спрема ниедно друго суштество претходно , а истата ја делите за секое детенце без разлика колку и да имате , не постои тоа "како првото што го сакам ниедно нема да сакам", баш затоа што така ќе се чуствувате биолошки сте дизајнирани да му бидете најголемиот заштитник на тоа мало човече цел живот ќе си пишеме во бебе темата за некој месец баш да видам искуства
Совет за некој гел за туширање без мирис? Користев Џонсон камилица најмалку мириса,ама и од него сега повраќам. Па не можам да се бањам бе луѓе.... Кажете спас, труднички маки големи.
Девојки здраво дали знаете кога се појавува Linea Nigra?Денес точно 13н и како мало вдлабнување ми се појави денес каде што треба да е линијата и малце како да е потемна кожата ама не мн ептен ако го фокусираш погледот таму
На мене некаде околу 13та недела се појави да..така потемна линија ,се познава сега баш убаво.25 та сум недела...ама некако мн ми е симпатична,си ја сакам јас.
Јас искрено сакав да се појави само дали ми е до психата или стварно почнува да се појавува незнам хахах се надевам дека е има ептен малце потемна боја скоро и да не се забележува а местото како вдлабнато ми е малце
Ќе се појави..некаде имам читано кај тие со потемна кожа повеќе се познава.,јас сум црнка,па може затоа се познава..абе линија се гледа скроз,ако со тенок маркер правена
Тoлку мнoгу jа сакав темава и ми фалеше разделбата штo пoвтoрнo се враќам сo на пат бебе брoj 2 пoсле тoчнo една гoдина Вo пoнеделник треба да слушнеме срцева акциjа Епа здравo на сите, пoсакувам сo леснo да ни прoѓаат трудничките денoви
Јас скоро и да ја немам ептен бледа линија едвај забележителна, светол тен имам 8ми месец сум. Мислам дека кај секој различно се појавува посветла, потемна. А после пораѓај кога се губи!?