Мене ми кажаа после трети месец смееме ама јас дека со клексани и страв и не се осмелувам Здравје има време за се, еве веќе 6 месец тераме, ќе летне време
Епа и јас така мислам ако ми одобрри да имаме понатаму, пак од пусти страв нема хаха, ама ако како викаш ти лета времетп скроз
По тоа шти го кажуваш ми личи на кандида. Супер штом ти дале канестен, мачкај се надворешно, ќе се смири чешањето. А ако се потврди дека е кандида најдобро е и вагиналетки. Ќе ти каже др. на прегледот. Многу е честа кандидата во бременоста како резултат на хормоните и влажната средина.
Девојки, вчера цел ден со тапи болки го минав, околу 4та недела сум, можеби 5та, ме смирија вашите коментари и кога вечерта гледам кафен исцедок на бришење. Денес многу повеќе, се исплашив, гинекологот вели честа појава е и ми препиша утрогестан да пијам. Дали и кај вас се случило и дали треба да бидам уплашена? Веќе и во тоалет ми е страв да одам од мисла дека ќе видам нешто што не треба. До кој степен е во ред да имам ваков исцедок и дали треба да престане од утрогестанот? Ми кажа сабајле и вечер да пијам. Кога точно, одма после станување и пред легнување или? Исто така никој не ми кажа дали смеам односи да имам? Во случајов не се ни осмелувам, но воопшто не ме упатуваат а се ми е ново и постојано сум под стрес. Имам куп прашања на кои немам одговор. Ве молам упатете ме.
Кај многу се јавува на почеток, терапијата е таа - преогестеронска поддршка и мирување. Доколку се појави црвена крв, веднаш на лекар (претпоставувам сега те видел гинеколог штом велиш ‘ми препиша’). И секако избегнувај односи периодов дури не ти даде зелено светло гинекологот.
Мамички,што јадете или пиете за да го доите бебето пошто немам доволно млеко јас пијам само чај хип мама И дали знаете после колку време може да се извади извод
Нормално е се додека е кафеав, а не свежа крв. Јас имав во 7+ недела и исто примав Утрогестан, сега веќе 23та ја терам. Не се секирај ќе биде се во ред, нормална појава е. Пробај да се смириш и да уживаш во бременоста, нема зошто да си под стрес. За било какви прашања ќе си го најдеш одговорот тука, повеќето минуваме низ истите работи и имаме исти/слични симптоми. Со среќа и со лесно до крај.
Имаш подфорум Бебе, таму има теми за доење и за изводи ќе најдеш.Еве линк за доење: https://forum.femina.mk/threads/Доење.800/page-720 Инаку нема научни докази кои докажуваат дека некоја храна прави грчеви, важно е редовно да се храниш со здрава храна.
Лелее, не знам што да правам веќе, пола влошка, на секои 2 саати ми е со светло жолт исцедок и бели парченца, некои периоди ме чеша, некои не, се мијам неколку пати со сода, се мачкам со канестенот, не знам дали нешто од ова штети на бебето, и волку голем исцедок на што укажува Не ми било вака, ова прв пат ми се случува, ќе пукнам веќе! Не знам ни тој гелот дали да го земам на своја рака, тебе ти помогна ли? Имаше инфекција, или превентивно се миеше?
Пробај да не се миеш толку често. Максимум 2 пати дневно се препорачува, во спротувно уште толку ја нарушуваш Ph средината. Пробај со камилица да се измиеш и тргни ги влошките, ако треба на два часа менувај веш. Мене уште пред бременост ми има кажано гинеколог дека во ваква ситуација влошките уште толку ти одмагаат.
Јас мила превентивно се миев бидејќи од многу терапија најчесто доаѓа до исцедок и инфекција.Мој совет да не користиш сода многу често оти може да ти ја наруши пх вредноста на вагината и да ти се влоши состојбата.Сода ти е доволно еднаш во неделата иако јас воопшто не користам подобро со камилица да се одмиваш.И како што пишала бела секојдневни улошки мене ми рекоа да не користам,подобро дмени гаќи десет пати отколку секојдневни влошки да користиш посебно сега кога имаш чешање,ова др Таше ми го потенцираше
Бидејќи мачкаш канестен можеш и само со камилица и вода да се замиваш. Без влошки, само памучен веш за да дише кожата и менувај. Јас се доведов во ситуација снемав гаќи, па си позајмив од мм за една вечер.
Фала ви жени, ќе се измијам со камилица вечер пред да си легнам, и таман ќе намачкам канестен, ставам влошки памучни обични, не секојдневни, зошто сум како помочана, ама ќе пробам и без нив, дури и како болка почнав да осеќам од надвор.
Не се плаши најверојатно е кандида. Ништо неможе да му биде на бебче. Одмивај се со сода али не многу често ( мене тоа многу ми помогна ) и не носи влошки пошто така уште повеќе се создава влажна средина. Менувај гаќи често, строго памучни. Обавезно смени исхрана. Исфрли деновиве бели пецива и благо. Кандидата се храни со шеќери. Пиј многу јогурт и кисело млеко и чај од брусница. Ќе помине
Пред туширање сакав да се потсредам доле ама мешево ми рипнало ептен мачно ми дојде, а мачејки се приметив како да ми потече интимниот дел, се извадив од памет Среќа кога се облакав веќе ми беше во нормална состојба... Од што може од циркулација ли? Ви се десило ли? Втпра бременост ми е ама вакво нешто не сум приметила Леле многу непријатно ми е прашањево ама па на матичната нема да можам да и пишам за ова..
Еве мојата приказна е таква, повеќе од 3 години “пробување” (го ставам во наводници заради несериозноста на пробувањето, демек апстинираш за точно на денот на овулација, и нормално ќе го промашиш), испитувања и стрес, а сѐ во ред освен што имав субсептум кој го отстранив заради што може да доведе до предвремено породување. Една неуспешна инсеминација, и најдоброто нешто што ни се случи = карантин велм најдоброто, затоа што тогаш сериозно ја фативме работата, имавме куп време за секс Еве ме, 9ти месец и фала Богу прелесна бременост. Многу ми е криво, што последните месеци бевме толку разочарани, што си мислевме демек џабе е, ама ај да пробаме. Исто, на своја рака си земав Pregnacare conceive, и цел месец бев на здрава исхрана (ама навистина здрава исхрана). Мислам дека тоа имаше многу ефект, и “работењето на случајот”. Советите дека треба да се има односи секој втор ден, за мене се апсурдни ако е спермограмот добар. Првиот месец без пропуштен ден во плодниот прозорец останав бремена. Совет, опуштено само и сакајте се секој ден Литл, јас си земав Фитосептик шампон на природна база и е ефикасен кај мене. Го имаш во Бети аптеки околу 700ден.
Mene doktorkata mi kaza i do godina dena e normalno da se probuva,kaj mene za prvoto od prva,za vtorovo sega eden mesev sekoj den po dvapati i togas toj mesev se fati,kaj sekoj razlicno,ne se razocaruvaj odma,treba opisteno aktivo i bez misla deka pravite bebe
Имав проблем со кандида заради утрогестан, итоа досадна кандида што со ниедни вагиналети не ми поминуваше.Ова во комбинација со канестен ми помогна. И низ цела бременост го користам зошто после антибиотиците од короната пак ми се појави поизразена кандида, и пак ме спаси истово. Од тогаш до сега сум топ.