Со лесно и најубо е кога се нама симптоми мене така ми беше на почеток ама затоа после 20 недела без да преспијам 2 -3 саати преку ден јас не можам да функционирам плус ноќно спиење по 8 саати најмалку
Навечер си спијам и јас. Ама вака функционирам веќе долго време. Си легнуваме 20:00 најдоцна 21:00 ч и станувам пред 06:00ч Затоа до 11 ч веќе два пати имам доручкувано
Последниве месец два приметив дека лицето ми е многу чудно... Пред бременоста немав скоро никакви проблеми, кожата ми беше комбинирана, но сум немала сериозен проблем со акни. Сега приметува константни подочници (иако спијам доволно), бледа кожа, акни по лицето кои потоа преминуваат во флеки, кожа без свежина... Плус нешто што дополнително ме загрижи е ситна црвена линија на левата страна над усната која наликува како брчка... Дали може совет што да правам да го освежам лицево? Од skin care користам пена за миење од Натура сиберика на база на бреза, Хијалуронска киселина од Ordinary i крема од Др. Хаушка на база на мелиса, а навечер мачкам со Pixi glow tonic со 5% гликолна киселина за ексфолијација да ми ги снема флекиве ама залудно... Не сум skin care експерт, може не е доволно ниту добро ова што го користам, па молам за совет, навистина ме мачи лицево....
Кога ќе слушнам дека некоја трудница нема никакви симптоми љубоморна сум Значи не знам од каде да почнам, константно гадење уште од 6та недела, сеуште повраќам, главоболки ужасни, градите 2 броја поголеми, колковите ме болат (со првата бременост буквално не можев да спијам од болки), вртоглавици, тахикардија, кога ми натежна стоакот во првата бременост, хемороиди ... не знам дали испуштив нешто Значи го обожавам исходот од бременоста, ама самата бременост nope.
Да, знам дека матичните гинеколози и општи не даваат упат за таму.Јас обично земав упат од гинеколог за на трансфузиологија, но во последните месеци никако не можеше да се најде термин.Затоа се префрлив кај интернист.Тој ми даваше упат за се, крвна слика, ддимери и витамини на клиничка биохемија.Затоа ако можете најдобро да земете упат од интернист, тој може да ви даде упат за се, со шифра бременост.
Нормално е да се плашиш и која жена не се плашела и еден куп прашања ќе имаш. Нешто ќе те штрекне одма нормално ли е, па после мрда бебето, па зошто толку нежно, па после зошто толку силно, па зошто го нема, па зошто не спие. Почекај си можеш одма и со боја да си го кажеш . Навивам за розе боја. Најважно е се да биде во ред и со двете/двајцата.
И јас ги имав истите проблеми со кожата во првиот триместар.Тогаш решив да се префрлам целосно на Др.Хаушка, најмногу заради тоа што е природна и органска козметика и неможе да штети во бременоста.Си земав млеко за чистење, тоник, крема од роза и крем од бадем за чистење.Малку се поскапи но ги користам навистина долго време.Дали е баш од производите или од самата бременост, лицето никогаш не ми било подобро.Ако ти треба навистина добра козметика посебно сега во бременоста, немој да се мислиш за др.Хаушка.
Ама знаеш што е позитивно во целиот тој процес? Тоа што ти знаеш, си имала вакво искуство и претходно.. мене ми е прв пат... да, тешка бременост имам, ама добри 30% биле тешки филмови во моја режија... од едноставна причина што не знам.. во книга е едно, на моево тело 15то... што болести и состојби прележав и реално и имагинарно
Кај мене ништо ново. Си чекам Утре сум на цтг и преглед па ќе видиме. Јас немам ни болка, ништо.. само кичмата премногу ме боли и ми се стврднува стомак често, но без болка Кај тебе како е?
Па и кај мене ништо ,вчера бев на цтг...мирно беше...на ехо меркиве искача за 1 недела качила 500 грама ми нема логика,ама нели не се скроз прецизни нека расте.Можеби утре пак ќе одам или понеделнички ќе видиме.Единствено нешто баш ми е лошо овие 2 дена,сакам да јадам а ништо не ми е убаво Пиши утре како ќе поминеш
Докторот сакаше до крај да чекаме, зашто постелката е добра и се е ок, ама мене ме фаќа паника и не знам што е подобро, дали порано или покасно.После ми предложи среда, па се согласивНе мислев дека толку ќе бидам под стрес и во паника, ама верувам нормално еСе ќе раскажам како ќе бидеТи до кај си? Се реши ли за каде?
Мене откако влегов во 9ти ми е така. Апетитов скроз ми се намали, со сила јадам Да да, ќе Ви пишам секако, ако не се случи нешто да ме задржат
Штом си пресекла добро е ...и кај мене е добра постелката,вода има доволно има услови за чекање...уште не сум решила дали на договорено царски или да ја оставам сама да си тргне (со ризик да не ми е тука докторката)...хаос сум овие два дена не знам на кај да терам...чекам сами да се наредат работите