Ситно е ама не поминуваат денови ....Едвај чекам и на сите да си изгураат со лесно.И тебе ти ја посаувам цела среќа ајде ке летне време
Вчера бев кај матичните, трета докторка ме гледа и резултатот е добар 1.8. Сепак, се одлучив да правам пренатален тест. Ми спомнаа познанички дека правеле во Систина. Па дали имате искуство таму, кои тестирања ги нудат
Има повеќе различни видови тестови од повеќе фирми. Прочитај во оваа тема има корисни информации. https://forum.femina.mk/threads/Неинвазивни-пренатални-тестови.23908/
Се јавив во систина и ништо не ми објасни госпоѓата, страшно дрско ми се испонаша. Прашав за плаќање на рати и ми се развика ако ти е картичката на рати може после раздолжувај се со банкатаж јас не можам рати да ти давам Ги гчедам овие во Авицена BabyTest Advanced има можност за плаќање на рати, дали таму некоја испитувала?
Еве ти мое искуство со пренаталниот тест, ама не е Систина. Прав избор е ако си одлучила да го правиш кој и да е тест. Јас го правев Хармони во Ремедика, а ете тебе таму не ти го кажале тој. Го одбрав затоа што резултати стигаат за 4 дена, е кај мене се случи да и покрај земени 2 епрувети крв немаше доволно бебешка днк па после 2 недели ми земаа на ново и пак испадна да чекам колку и со другите, не доплатив ништо. Го одбрав основниот пакет, другите пакети имаа испитувања кои сметав дека не ми се важни без разлика на резултатот. Цена имаше со попуст, а можеше и цела сума со вклучен скрининг. И мислам дека ако се добие позитивен резултат амниосинтезата ја покриваат они во било која болница.
Avicena sorabotuvat so ginekalis za nifty test I seto placanje se odviva preku ginekalis I so niv sklucuvas dogovor ne so Sistina. Doadja agent od ginekalis ti objasni a sto Kako potpisuvas dogovor I te bockat u labaratorija na Sistina si ja Zima epruvetkata agentot I cekas 9 Dena. A moze I da ti dojdat od ginekalis doma idat I doma Javi's se I rasprasaj.
Мешиња вчера несакајќи се удрив со вратата од кола по стомакот. Не беше јако но цел ден ми е во мисла. Бебка си мрда, активна е. Иначе сум 32 недела. Ќе ме убие психава значи...
Немај гајле, јас имав ситуација со нагло кочење за да избегнам сообраќајка, мислев дека ќе го задавам бебето со каишот од толку нагло што ме пресече. Бебка не мрдаше 2-3 саати, испаничив и ја будев со благо, кафе, сокови. После не можев да ја успијам, цел ден ми мрдаше Прашав доктор ми вика абе заштитено е внатре немај гајле. Башка и ти шо викаш мрда, активно е. Гали меше и уживај ❤️
Мешиња, имам едно прашање: До сега бебка ми е високо, убаво наместена, бременост како од книга, се супер. 28 недела сум. Во неврзан муабет со доктор ( не мојот матичен, туку пријател ) спомна дека ако остане вака високо бебка ( наместена е хоризонтално кај папокот со ножињата кај мене во ребра ) постои шанса да морам да се породувам со царски. Е сега сакам да прашам дали има некое правило/временски период каде што бебка може да се спушти или да смени позиција затоа што дефинитивно не сакам царски. А да, и тоа што сум слаба ќе претставувало проблем за природно. Искуства? Ќе си го прашам секако матичниот ама наредна контрола ми е за месец дена. А да, од кога се почнува со ЦТГ прегледи и слушнав дека има уште еден скрининг пред породување, за што е тој? Имам 2 направено до сега.
Јас правев Панорама, 690 евра е најголемиот пакет, плаќањето може да се направи на 2 или 3 рати без банки и кредитни картички (им уплаќаш на нив на сметка). Ако сакаш ќе го побарам бројот ќе ти го пратам. Ти посакувам добри резултати !
Јас правев Хармони. 590 евра и можност за плаќање на 3 рати, без никаков проблем. Резз за 4-5 работни дена
@S.o.F.i фала мила на прашање сега сме подобри фала му на Бога, ваљда ми е од што малце претерав со работа ама затоа сега одмарам повеќе последната недела од месецот сум на контрола и се молам се да биде во ред.. ти како се држиш
Сéуште е прерано за бебето да почне да се спушта. Колку си слаба нема врска со пороѓајот. Јас на пример бременостите ги почнав со потпросечна тежина и сите ги родив природно. Битна е формата на карлицата, големината на родилниот канал и главата на бебето...
Јас правев Нифти, резултати за 7 дена. 41,500 на 3 рати, си потпишуваш договор и си уплаќаш сам на нивна сметка, без камати. Ме боцнаа во една лабораторија и си ја зема агентот епруветата.
Јас правев вторава бремност во Авицена, нема да згрешиш. Они зе лабараторија со специјалност за телесни течности. Поопширниот пакет одбери си го, јави им се и прашај ги за плаќањето. Јас го платив со кредитна, кредитната ми го подели износот на рати, и околу ова не ги прашував. Инаку соработуваат со Институт во Шпанија, таму ја праќаат крвта и од таму доаѓа резултатот. Јас сум задоволна, сепак на лабараторија повеќе верувам отколку на "трговски патник" (што ми нудеа да дојдат и да ми земат крв кај матичната, па да ја возат епруветата низ цела Македонија). @Sonchulka мене со син ми минатиот пат ветер ми ја турна вратата дур оставав кеси, и бааѓи ме заболе. Исто се грижев да не го имам повредено, ама си продолжи да си мрдка, со нормален ритам, и ваљда помина без последици. Сеа, додуша на 4години има проблеми со темперамент, ама не ќе е од тоа @LiquidLuna јас знам обратно, дека дебелината е индикатор за царски. И не е така страшно царски, ич не се секирај. Биди спремна да ги прифатиш и двете опции, јас на пример за првото сакав природно, и ги имав сите предиспозиции ама не се отварав а плодова вода си истече.. Многу често зависи од непланирани фактори кој тек ќе го има породувањето. Важно е сѐ да заврши добро
Прашање за мамите кои ставаат утрогестан вагинално. Од вчера долу чувствувам како некоја сензитивност кога ќе ја ставам вагиналетата и како некое чудно пецкање околу отворчето на вагината. Брисевите и уринокултурата ми се чисти, така да не станува збор за бактерија/габа/инфекција. Можно ли е местото да станало хиперсензитивно од подолго континуирано аплицирање?
Видов на веб им пишува дека може на рати ама не е наведено за кредитна картичка па така а најверојатно може. Пишува дека нема потреба од закажување дека земаат крв цел ден, па денес после работа ќе отидам ќр видам што ќе направам.
Можно е да е кандида мила, чим те пецка на отворот, стај си канестен 3 дена а утрогестанот орално пиј го
Чисти се брисевите, у вторникот ми стигнаа резултатите, не е тоа значи. И не е такво пецкање како од кандида