Мене планот ми е после месец дена одприлика да се вакцинирам. Термин ми е 14ти ноември, така што пред нова година би одела на прва доза. Барем така планирам сега боже мој. Ќе се консултирам и со матичната секако. Не знам дали е правилно искрено, ама пак кој може со сигурност нешто да каже...
Според мене ја секој подржувам што ќе си одлучи сам дали било добро или не. Од моја гледна точка не би се вакцинирала ни сега ни после тоа никој нема докажано што има во тие вакцини а и не се прават така вакцини за 2 недели јас сепак си мислам на детето побитно ми е тоа него некој да ми доаѓа дома да ми го гледа, побитно ми е да си прооди прозбори све да биде добро со него после дали ќе се вакцинирам или не здравје. Вие сами си одлучувате немора да слушате ничие мислење според мене и неможе некој да ве убедува ако вие сакате или нејќете.
Кога мислам на некој да го гледа, мислам на семејни, моите, неговите, браќа, сестри. Сите се ваквинирани, меѓутоа еве одат на работа, золва ми вакцинирана заболе, и ако ни пренесеше? Неможам да забранам семејатво да ни доаѓа, и што ако они вакцинирани, заболат и ни пренесат. Многу тешки одлуки се знам.
Јас разбирам све секако дека блиски ќе си викнеш држи си дистанца тоа е сите се свесни дека мало бебе во валва ситуација неможеш да го држиш такво време дојде мора да си прифатиме дека утре ќе ни забранат и со семејство да се гледаш дали си вакциниран или не пак се фаќа исто е. Тоа е ваша одлука дали ќе се вакцинираш или не никој не треба да ти влијае. Со лесно
Па добро темата не е ограничена сепак се труднички муабети што не засегаат нас и е поврзан со корона конкретниов муабет ... Кои се нашите размислување за бременоста и вакцината...
Па да Ама си има тема за овие размислувања. https://forum.femina.mk/threads/Вакцинирање-на-доилки-и-трудници-против-коронавирус.32400/page-13
Ок. Не пратам други подфоруми. Не сум во тек. Како и да е не е надвор од темата да кажеш па да се брише или не знам што...
Се слагам и јас дека не сме офф топик ако и овде дискутираме за вакцинирање ВО бременост, но нели 'правила'
Не е ова генеричка тема каде се пишува се за бременост. Има специфични теми за различни дискусии. Тоа што не следиш други теми е сопствен избор, ама не значи дека е правилен. На темава зборуваме како се чувствуваме, секојдневен муабет, а за специфичен проблем се пишува во соодветна тема. На тој начин кога ќе има некој потреба од некое искуство и мислење побрзо ќе дојде до него. Имајтр убав ден мешиња
Каде правевте испитување за скриен шеќер и која е процедурата? Читав нешто дека требало 10 часа пред тоа да не се јаде. Матичнава моја ништо не се замара да ми објасни, јас сум од утре 24та нед, па мислам дека може од утре ..
јас правев 25 недела во авицена.после 8 вечерта не јадев ништо. ми земаа крв еднаш на гладно, пиеш шербет после еден саат ми земаа уште еднаш и после еден саат уште еднаш. спреми се за седење платив околу 400 ден. попладне имав резултати. тоа е тоа
Јас во 25та недела правев, во Авицена Тафталиџе, платив приватно 450, се закажува ама одма имаше место, а инаку може и со упат од гинеколог само понеделник се закажувало тоа мислам не се плаќа, ама не знам како е со термини, можеш да ги прашаш. Јас имам навика 12 саати пред било каква лабораторија да не јадам ништо, само вода, па така и за скриениот направив, не знам дали има врска. Инаку од 7ипол и 10ипол им се термините, ти земаат крв, па после 40мин ти ја даваат глукозата во една голема чаша, ти даваат тајмер на 1ч свири ти земаат втора крв, пак ти ставаат 1ч тајмер и трета крв, после си слободна. 3 саати е процедурата и се седи кај нив во чекална, планирај си занимација, треба да мируваш, само до тоалет ако треба може. Јас се плашев дека е отров благо, ама не е страшно, многу течност е и ќе те подуе колку и да сакаш вода после нема да имаш место, иначе даваат мала чашка со вода, само да не се налееш многу.
12 саати без јадење, јас во 7.30 закажав во авицена, на приватно 460ден, три боцкања на саат време и резултат на маил за 2 часа. Искочи гранично моето 8.5 на третото мерење