Здраво идни мамички јас сум 23 + 3 па сакам од другата недела на таму да почнам да купуван по малку да спремам за мене за бебето... Што мислите рано е? Од една страна си велам да не ми дојди наеднаш се, од друга си помислувам колку има и седмачиња, а и од причина во 9 ти дали ќе можам да шетам да барам?
Нема да можеш да шеташ најверојатно . Мене ми останаа ситниците и едвај живеам веќе а не па да шетам. Јас од 28ма-30та веќе почнав едно по едно да купувам
јас почнав 26-27 веќе по нешто да купувам... иначе во 9ти нема да можеш да шеташ гледај најкасно до 8ми да си испазариш што ти е неопходно ептен станува мачно на крај ...
Здраво, сакам да прашам, дали од искуство или може има некој список што би ми помогнал, што е потребно за почеток од алишта да се купи за бебе што се раѓа на пролет. Колку лигавки, колку чорапи, ракавици, шпикозни, капи? Има ли некоја бројка да ме води да не купам премногу ни премалце? Дали да купиме алишта со број до 6-9 месеци барем по нешто да имаме
Јас можам да ти кажам јас што имам отприлика : 10тина лигавчиња (ќе се најдат сигурно) 3 капчиња, едното ми е плетено ( на зима ќе се роди моето ) 3 пара ракавички, исто едните се плетени 3 боденца 50ки, 3 поголеми. Мој совет ти е да не се трупаш со многу облека, посебно не од најмалите затоа што не се знае колкаво ќе се роди бебето и плус брзо ќе се израсне а и искрено, ќе ти донесуваат облека поклон сигурно зашо тоа најмногу се носи. 3 шпикозни од најмалите и неколку поголеми 10тина тетра пелени - за се ќе ги користиш За поголема облека не мислам дека имаш потреба од сега да купуваш. Како што викаш, ќе се роди на пролет, ќе имаш и друг избор тогаш за летни алишта плус и сонце, убаво време, ќе се шеткаш со бебче
Здраво девојки, знам дека има посебна група, али тука сме некако поактивни, па сакам да ве прашам дали некоја од вас била кај др. Зоран Илиевски во Чаир, и ако сте биле како сте задоволни?
Јас одев кај него цел 9ти месец и он ме породи. Презадоволна сум. Смирен, љубезен, човечен, си ја знае работата...
Од која недела е пожелно да се почне кај него да се оди доколку решам таму да се пораѓам? И на колку време се оди на преглед? Јас сигурно ќе бидам со закажан царски, ама ме интересира од кога би требало да почнам таму да одам. Мм запнал неделава да идеме до кај него, ама си мислам рано да не ми е. Енос сум 29+5
Јас ја терам 33-та недела и уште немам одлучено каде и кај кого , планирам оваа недела најкасно другата да се решам и да почнам да одам кај тој др.што ке ме пораѓам.Инаку и јас 90% ке одам со царски
Ти можеш сега да отидеш чисто да те прегледа он, да се запознае со бременоста што е како е. Можеш и на редовни контроли да одиш но до кај 36та недела ќе ти бидат на 3 недели најчесто ако е се во ред. Ќе му кажеш дека сакаш он да те гледа и ќе ти кажува кога да дојдеш. После 36та веќе секоја недела ќе те гледа, ќе ти каже исто кога дда отидеш според тоа кој денови е он доле во амбуланта. Ептен е фер и можеш за се да се договориш.
Јас го исконтактирав во понеделникот , му кажав дека сум 28 недела, ми рече да си земам приоритетен упат од кај матичната и да одам утре.. Точно на 29та недела..
Утре 36+0 јухууу... Ако си направам споредба прва со втора бременост, тотално различни... Само киселините се вечни Од обврски со мало дете, ковид, изолации, од тоа што се си имам од скоро и немав еуфорија на купување што треба и не треба, нема споредба. Најголемо спремање ми е на детенцето дека ќе има братче.
Супер се ближи денот значи. Блиску сме јас од утре 35+0. Може твоите се помала разлика моите ќе се 4 години и 5 месеци ама мене и те како ме фати еуфорија за купување. Нова количка иако старата ни е функционална. Се ново купив всушност А син ми не знам како да го спремам, едноставно ме игнорира не знам дали му е јасно дека ќе има бебе во куќата што ќе остане за навек ама кај и да е ќе му се разјасни.
Го знам јас доктпрот, т.е другар ми е појќе од 20 год. Ама до сега бев на ум за во Систина, сега се предомислувам. Со ова ковидов ми се изремети све. Во Чаир мислам поарно ќе пројдам во смисла на посети а и некако сите доктори таму ни се познати.Најдобриот другар на мм е Анестезиолог, имаме прва братучетка педијадар, др Бајалски му е исто долгогодишен другар на мм, со сите други анестезиолози и гинеколози мм има соработувано овде во нашата болница...Некако мислам дека таму ќе се осеќам ко "дома" Не ми беше јасно само од кога треба да почнам да одам таму на прегледи, зошто од првиот скрининг немам стапнато у Чаир. Иако редовно сите извештаи и слики од приварните прегледи и испитувања му ги праќам на вибер на др.Зоран. Јас си имам узвиено у глава да се породам точно у 37+4. А тоа е 31.12 Ај да пројдам у среда со прегледот кај Маџунков па ќе се одлучам дефинитивно каде да се пораѓам и ќе закажам преглед за "договарање"
Здраво на сите, можеби темава не е за тука би сакала ако може да прашам нешто. Бремена сум 6 недела матичниот ми даде потврда да седам дома, потврдата ја дадов на раб. Сега ме бараат да одам да потпишам некаков си договор иначе работам во приватна фирма.. Ако некој е запознаен со вакво нешто нека пише.. Фала однапред
Маџунков е во струмица матичен гинеколог сега така? Видов слика во Санте Плус на пораѓај со жена му биле, дали како консултанти одат таму кој ги знае... Преубав ми е човекот За чаир никогаш не сум ни гледала кои доктори се таму ниту па како се задоволни пациентките. Ако тргне работата накај предвремено пораѓање или ГАК или Систина. Глупо прашање, ама не сум звонела/била никогаш Систина. Ако тргне работата предвреме на тој општиот број што го имат Систина треба да ѕвонам?