И мене истото ме интересира, како ќе знаат кога би се породиле ние за да престанеме со клексанот претходно. Јас сум наредна недела на преглед, ќе се распрашам за ова. Ама ако некоја членка имала искуство со ова, кратко после клексан/фраксипарин да и пукне водењак баш нека сподели како поминала, сеедно дали царски или природно. И јас сум тука со неделите и како се наближува терминот се повеќе ме фаќа паника, не само од пораѓањето туку и за грижа на новороденче. Периодов се изнагледав видеа на темата ама сепак, паничар сум Планирам овие две недели да изнакупам се, и тоа оди малку споро ама ќе биде. Болки многу и немам нешто, ама затоа ми се смачи од одење во вц толку често, бебето ептен ме притиска како проаѓаат неделите И нормално, дишењето ми е малку потешко на моменти ама се издржува. Во целиот овој хаос од емоции и физички промени, морам да признаам дека едвај чекам да ја запознаам и да се гушкаме
Нема на што не можам да дадам конкретен одговор на првото прашање затоа што кај мене беше многу различна ситуација, да не навлегувам, и ги прекинав клексаните неколку дена претходно зашто знаев што следи…
Ја сум 39+3, иначе исто кај Симонида, она ќе ме пораѓа, за сега планот е природно ако продолжи све да е ок. Утре сум на преглед. За страв, некако мн сум лабава што се изненадив од себеси. Прошлиот триместар бев мн.исплашена. Сега најверојатно сакам више да биде и тоа ме држи у позитивна. Ама не дека кога ќе отидам таму нема да ме фати паника хаха
Го прашав гин неколку пати дали има храна или пиење што треба да гп избегнувам, освен алкохол, цигари, премногу кофеин итн. одговорот беше, што ти душа сака, тоа да си јадеш. Ја се водам по него, ама еве што прочитав на инста Спојлер А погоре пишува: Спојлер Како стоите вие со чаевиве или дали има некоја тука што знае подетално што се препорачува што не? И дали верувате во овие работи?
Мешиња дали зимате пробиотик и кој поточно би ми препорачале? Може ли да зимам без да ми препорача гинеколог пошто ми е ужас стомакот многу гасови имам само некои звуци ми прави стомакот и столицата ми е катастрофа..
Имаш тема за чаеви https://forum.femina.mk/threads/Чаеви-во-бременост.24761/ Убаво ти кажал гинекологот, нема потреба од толку опседнување. Бремена си, животот продолжува понатаму како и до сега, освен ако не е ризична бременост која бара мирување. Некогаш колку и да сакаш да се водиш по некои 'стандарди', телото не ти дозволува. Јас до 6ти месец бев одлична, ни повраќање, ни гадење, фит. Јадев балансирано. Е после дојде друга песна која еве ја терам до ден денес. Повраќање, гадење и од вода. Па јадев колку за да не бидам гладна, не можев да бирам, па еве малата супер е, до ден си одговара, мене крвта ми е одлична, а далеку сум од некоја 'здрава' исхрана. Затоа правете како ви налага телото, не се водете слепо по некои правила, некогаш едноставно не е изводливо.
Може било кој. Јас сега пијам на доктор волц, цената ми одговара најмногу. Можеш да зимаш без да ти препорача гинеколог, нема никаква штета од него. Мене матичната ми рече дека после 24та на сите трудници без исклучок им препорачувала бидејќи било добро за бебето, јас пијам од 18та.
Иналу јас земам пробиотик од пред трансфер и се уште 34, и не планирам да ги прекинам, доктор ми рече дека е добро и за грчеви потоа кај бебе, дури и на бебе од 15 ден био гаја за грчеви може да се дава.
Деновиве напнав со моите неиздржливи болки во кичмата... Сега се враќам од прв скрининг, бебињата се одлични, многу си мрдакаат внатре ми земаа и крв за Нифти. Болките уште не ми се поминати др ми рече нормално било растела матка, карлица се ширела, само што многу рано мене ме фатија, ми рече да се навикнам на болка, само можат да се ублажат, ми рече појас за трудници да си купам. Епа сега и тоа ми е прашањето да ми предложите од кој појаст сте задоволни и од кај може да се порача. ❤️
Devojki pak jas , 12 nedela sum , osekjam cudna tapa bolka vo zeludnik od vcera, a i vo stomakot osekjam nekoj cuden pritisok sto do sega ne osekjav voopsto Dali e toa zasto bebeto raste a i matkata se shiri sega ?
Здраво девојки, да не знаете случајно за пораѓање у систина (со царски) дали треба да се носат нешто документи од типот крвна група, брисеви и слично?