Мене за нос во аптека ми рекоа за трудни не можело сите капки и ми дадоа бекутан за бебиња ама искрено не ми помогнаа нешто претерано
Дај боже. Матичниот не ми работи викенд ке треба од понеделник да отидам. Мерев сега притисок пак 80/40 ми е може и од тоа ми е лошо, ама обично имам низок...
Да затоа напоменав дека за во бременост не знам пошто немам искуство, сум немала потреба сега во бременост. Знам лани долг период бев затната толку капки сменив и мералис спрејот дефинитивно најдобар за таа намена
Ме боли местото кај шо ми ја ставија анестезијата од царскиот плус имам спортска повреда на прешлените. И кога е промена на време обавезно сум со инексии од болки. Ама лесно поминав сега само со масажа, активна сум цел ден уште кога сум со мало дете седнување само кога му давам да јади
Така сум веќе со години се навикнав, а сега толку многу сум настината носот ми се затнува на 4 сати, ни се спие ноќе ни можам да дишам како шо треба главоболка, кивање, болки во синуси, лутење во носот чешање Јаоооооо
Накратко женски, За жал поради некој стрес односно дистрес на бебето завршив со итен царски, а отидов на обично ЦТГ, нит спремна нит бутур, буквално колабрирав кога кажаа итен царски. Царскиот го направи др. Симонида, многу професионална, фина, прекрасен доктор. Морам да кажам дека самата операција не е страшна, ама опоравокот после мене ми е хорор Боли рана, цел си издрогиран, многу си ограничен со движење потоа, постојано само те боцкаат нешто, а бебе си бара нега и грижа... Сите сестри во Ремедика беа прељубезни, постојано доаѓаа, имав голема помош за доење, буквално цицката ти ја држат, помош за бањање, за се што треба се тука, и можам да кажам дека се доста искусни сите. Честитки на други мами ако има, @emche05 мислам видов, и со лесно на тие со близок термин. Работете на тоа да не паничите, а откако ќе дојде бебе спијте во секоја можна слободна секунда.
Честитки, се надевам добро сте ти и бебе Не се секирај за болките, за некој ден ќе биде како да не си била под нож, поминува брзо и се заборава.
Не знам ни јас за Мералисов, јас од детскиот прскам по 1 капка неколку пати на ден. Не можам стварно, катастрофа сум. Повеќе мака имам ако не прскам, се напрегам да го издувам носот, па едвај дишам после тоа .. Не знам дали е дозволен, ама јас не можам да издржам без капки. Мислам и синусите ме болат ,очите ме печат.. да полуди човек
Мене aqua maris ми рече матичниот, ама не помага воопшто. Мислам и полошо ми е ко ќе прснам, ми се иритира грлото. А во аптека прашав, стандард ништо друго не е дозволено Некогаш лепам на перница од лепенките на малиот со етерични масла, или мирисам од гелот за нозе и така се пушта малку. А дали хепатромбин маст е дозволено? Постојано ми се модри рацете од земање крв, сега последно 3 пати за шеќер, пред тоа за крвна слика, ми е срам да се шетам ваква.
Толку напредна медицината а не смислија апчиња ко луѓе и ние трудни да си се напиеме, вака се она не може ова не може трпи си . П.С. Ја мачкав хепатромбин зошто исто бев модра, не размислив дека може и тоа не смее
Ne e aktivna temata, zatoa ovde pisav ima poveke trudnici pa moze nekoj imal iskustvo so placenta dolu… ti blagodaram
Дечки ме болат гингивите чистени се петок редовно одам на стоматолог баш поради тоа, значи се е во ред ваљда од хормоните ваљда е нормално не знам. Мачкам гингивал, страв ми е да се напијам парацетамол има ли пиено некој?, си правам филмови болката да не влијае на бебето, цело време клункам нешто во уста….. солени води, прополиси, листерини без алкохол да се шекнеш! Жими се претешко ми е