Зошто не го пиеш? Мене термин здравје ми е почеток на мај, и ми кажаа уште од февруари да си почнам со антихистамините, да не чекам да се влоши состојбата ( алергија на полен ).
Менувам долен веш по 5 пати на ден Многу е досаден ама ќе се издржи, нормално е помага да се спречи влез на бактерии
Свари во сад чај од камилица и додека е врел инхалирај се со него. Така можеш и до три пати на ден. Треба да ти олесни.
Имаат ли Тила мали броеви за изнесување од болница? Јас барам некој убав комплет, ама да е 50ка, зошто две бебиња се. Или дајте ми предлог каде да барам нешто убаво за мали зимски бебуши , здравје до декември не планирам да ги пуштам надвор, пред нова година таму веќе ќе може .
Јас имам целогодишна алергија, полен, прашина, грини. Пред првата бременост бев зависник од Аериус, буквално не функционирав без него. Кога дознав дека сум бремена го прекинав и бев релативно добро цела бременост. После не им се вратив на апчињата, сфатив дека е подобро без нив. Пиев Алое Вера гел и значајно се намали алергијата. Кај мене е сконцентрирана во носот(алергиски ринитис), никогаш се нема спуштено на плуќа во зрели години, да не се подречам. Затоа и оваа бременост ја почнав без апчињата, ама и без Алое зошто не се препорачува, ама ми е потешко од претходната. Докторката рече можеш Лоратидин, ама он за мене е исто како бонбон да сум каснала, не делува и затоа не планирам да го зимам за џабе. Се потев дур беше потопло, сега веќе не. Ама јас сум во доста порана бременост од тебе, 15+ сум. Убаво ти кажа @mace89 исцедокот е одбранбен механизам на вагината за да се заштити од бактерии и да се ‘исчисти’. Се дур е без нетипични мирис и боја нема простор за грижа и ќе си го трпиме. Јас ич не сум обожавател на секојдневни, ама на работа морам. Избирам најобични без никакви парфеми и ок ми се.
Jas ne Gi koristam niv ic, poubo zemam somene plus gakji rezerva vo slucaj da gi smenam ama sekojdnevni ne klavam. Mislam pokje ke me iritirat
Имаа летото, моето е јулско бебе ептен им се убави комплетчињата но се скапички навистина, исто има убави во Мамино продавницата во Аеродром а имаше поефтини и убавки и во Вајкики. А ако ништо не ти фаќа око оди во Окаиди, таму нема да згрешиш што и да земеш за твоите сонца.
Јас имам прилично лоша реакција на пролет, минатата пролет посебно ми беше премногу лошо, месец и пол бев затната цела, од нос,грло,очи, катастрофа.Тогаш не земав ништо за алергијата пошо мислев дека е настинка, но ми се јавија осипи по цело тело, изразени со непријатно чешање. Добив терапија лоратадин + цетризин, плус на рецепт едни капки кои ме спасија буквално пошо бев во агонија, не излегував од дома. Следна пролет не би ризикувала да сум во ваква ситуација, осипите беа посебно страшни и непријатни. Секако зависи и од годината и количината на полен во воздухот тој период, но совет на докторот беше оваа година да си почнам од февруари со истата терапија за да го подготвам организмот и да не ризикувам.
Мене не ме иритираат. Се зависи од влошките и организмот што знам. Непрактично ми е 8 саати на работа да менувам гаќи. Во таков случај кога бенефитот од лекот го надминува ризикот секако дека треба да земеш. Кај мене е сведено на кивање, чешање нос и затнат нос. Не дека е лесно, ама далеку е од ова што ти го опишуваш.
Мамички ајде предложете количка, каква земавте ? Да е ок и да е со нормална цена (до 250/300 еур). Немам појма ни што да барам ни што да гледам....
Пишав вчера таму не е баш активна темата, ко шо гледам повеќето колички што ги коментираат мајките се околу 500 еур. Па сигурно се наоѓа нешто солидно за по прифатлива цена.
Сигурно има, како не. Читни и наназад низ темата, од порано коментари. Ќе ти одговорат сигурно мајки, дај им време
Vidi vo enci menci, jas kupiv od tamu kolicka so transporter e za 200 evra i dobra kolicka e imat ubavi tamu