@gothchick @Teja26 честитки мамаситас, да ви се живи и здрави бебињата и вие заедно со нив Денес осми месец Колку многу работи се случија од позитивен тест до сега, некако веќе имам чувство како две години да сум трудна. Од една страна одвај чекам да се породам, од друга страна мистеријата од новото поглавје ми вика седи мирна уживај уште малку во мир и тишина
Во 35та се прават брисови за стрептокока од вагина и перинеум. Некои ги повторуваат и првите брисови, мене докоторот што ќе ме пораѓа ми рече да не ги правам тие туку само двата за стрептокока.
Помина вториот скрининг Денес 22+2 Бебе супер, си одговара на неделите, органите се во ред. Прегледот траеше 40 мин, си ја изнагледав Грлото затворено, измерено вагинално и е 3 цм, ми рече дека е супер и дека треба да е над 2,5. Си добив и еден куп слики. Ептен личи на бато во профил, со едни полни усни и слатко мало носе... Најубави, најслатки мои Е, постелката ми рече дека е малку ниско, маргинална плацента пишува на извештајот. Не ми кажа да мирувам, рече да си се движам умерено и да не кревам, да немаме односи. Дали некоја има искуство со вака поставена плацента, дали има шанси со ширење на матката да се качи погоре, дали може да се доспушти и сл.? Ве молам за искуства, баш ми остана во ум ова.
Јас имав маргинална, прв пат ми ја видоа во 18 недела, на втор скрининг во 22 недела уште беше долу, а на нареден преглед накај 26 веќе видоа дека е баш крената, нималку блиску до цервиксот. Во најголем дел од случаите се крева, зошто сега матката интензивно ќе расте и ќе ја носи нагоре. Помали се шансите за кревање ако во старт скроз го покрива грлото, ама сепак во сите случаи се чека до 28 недела пред да се постави финална дијагноза. Не се секирај, супер ќе биде, само следи насоки. Овде скоро пишувавме, види ако имаш време. https://forum.femina.mk/threads/placenta-praevia-плацента-превиа.12476/page-8
Женска не сме ние исто во неделите? Јас денес 31, ама мислам дека од 32ра е 8ми или грешам Инаку бев вчера на доктор, жолчната кислина е 13, границата е 10, над 40 се смета за ризично, фала му на Бога далеку е, се надевам нема да стаса до толку, ми дадоа некој лек ама рекоа дека нема солидни докази дека делува иако го даваат на сите, ама да пробам. Вторник ќе повторат пак и ќе де видам со доктор, вчера се изначитав се и сешто ама повеќето приказни од форуми беа позитивни, па се смирив малце, ќе си се спремам јас лагано и ќе се надевам дека се ќе биде во ред. Честитки и од мене за новите мајки, да ви се живи и здрави малите, цел живот радост да ви носат.
Фала многу, ќе прочитам обавезно, не ми текна тука да видам бидејќи темата е за превиа. Баш ми дојде убаво што пиша иако претпоставив дека има шанси да се крене. Мене сега првпат ми ја видоа дека е потспуштена, во 18-та недела беше океј. Дали имаше нешто како чувство дека е пониско? Можеби недела дена осеќав удари ниско долу, дури и на бешика посилно и ми доаѓаше да одам во вц од ударите. И таму ми беше умот да не е долу, па испадна навистина да е така.
2 пати примив инекции флостерон, немав некои реакции од нив, благо покачен шеќер кој со инсулин го регулирав, примав инсулин 4 пати дневно, наутро и навечер долгоделувачки, а преку денот 2 пати брзо делувачки. Секој ден 6 пати се боцкав и водев дневник, на гладно боцкање, па јадев и 2 саати по јадење. Имав 4 оброци дневно со 14 лебни единици, и 4 ужинки. Килограми само 6 мислам качив во цела бременост. Малата природно ја родив во 37+5, 3520гр и така. Се за нашите бебиња се издржувасега не боцкам инсулин, еве 19та недела, само 1 кг поправена, но многу внимавам на храната. Па ќе видиме како ќе биде. Не се плаши, добри совети си добила Јас Оли имав и вакво чудо со малата, крварев и исцедок кафен повремено заради ниско поставена и маргинална плацента. Потоа мислам 24та недела беше се крена, и немав со неа проблем понатаму. Посакувам и кај тебе да се случе така, штом не е целосно на грлото, има шанси со неделите да се подкрене и ќе бидете добри. Мило ми е за скринингот, и јас одвај го чекам нашиот Честитки за новите бебенца, да ви се здрави и живи
Мојава апликација вика така. До сега се поклопила со пресметките на докторите, па ќе ја следам до крај. Инаку Pregnancy се вика, можеш да ја најдеш на плејстор. Инаку, одлични вести за холестазата, ќе се среди се, битно е дека се увиде проблемот па барем да знаеш да мониторираш
Да, додека ми беше доле плацентата осеќав константен притисок во бешиката и некоја тежина што ми го отежнуваше движењето, а стомакот одвај ми се познаваше во тие недели. Нешто пред неделата кога веќе констатираа дека се кренала постелката осетив и олеснување во тој предел и претпоставував дека ќе слушнам добри вести. Еве и Алишан сподели слично искуство така што и форумската статистика оди во прилог на муабетов
Фала за споделеното искуство Се надевам дека ќе се потсреди и кај мене Е баш исто со бешиката, башка и некој притисок осеќав доле кога ноќе се вртев во спиење, а понекогаш и во движење, пешачење. Ај ќе мислам позитивно Фала ви
Ќе се крене Оли, имаш време. Слушај совет од доктор да не креваш тешко и кога ќе лежиш стави си некое перниче под газот или крени нозе на ѕид. Нормално е притисок да чувствуваш штом е ниско. Ама ќе биде во ред, аамо чувај се
Е ова веќе има логика. Мојата апликација вика дека со 32 полни се влегува во 8ми и баш ми беше чудно како може термин да ми е 10ти Април, а на 17ти Февруари да влезам во 8ми. Значи од утре сум официјално 8ми.
Честиткии друшкии! Да ви се здрави живи бебувчињата! Ее многу ми е мило и радосно што си дотеравте до крај, со убаво! @gothchick во право беше маж ти ко рекол дека 40ка ќе ја фатиш Одлично! кажи ми со лицето како излезе? Ајде сега денот станува поголем, повеќе сонце, да поминат месец и кусур дена и ќе шеткаме здравје Боже со количките. И другиве ги чекаме за месец-два што се со термин и сите зимско-пролетни бебиња на млеко - журка Што убаво сите врсничиња, после по темите за бебе ќе стражариме. Да ви е лесно опоравувањето вам, а на другите со лесно до крај на бременостите.
Ајде ќе биде сѐ добро, вредноста не е висока, како лаик вака речено. Дали за исхрана нешто ти рекоа? Пример лимон, лук, нешто што го чисти организмот или нема врска при оваа состојба исхрана...