1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тумори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kumanovce, 22 март 2011.

  1. kumanovce

    kumanovce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Што се бенигни, а што малигни тумори ?
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    сознанија за тумори

    Бенигните тумори не се канцерогени. Сепак, доколку не се лечат, некои од нив можат да му наштетат на здравјето, така што често пати се отстрануваат. Кога овие тумори ќе се отстранат најчесто не се појавуваат повторно. Најважно е да се знае дека клетките на бенигниот тумор не се шират и не ги напаѓаат соседните клетки.

    Малигните тумори ги сочинуваат абнормалните клетки. Клетките на малигните тумори ги напаѓаат соседните клетки и се шират на другите делови на телото.
     
  3. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    сознанија за тумори

    Во зависност од тоа во која фаза е откриен туморот сансите да се излеци се релативни.има 4 фази доколку се открие малигниот тумор во првата најкасно втората толку поголеми се сансите да се отстрани и да се спрецат неговите метастази карцином на дојка Ca mammae пример. Бенигните се помалку страсни но не треба да се занемаруват во секој слуцај нивното отстрануванје е далеку полесно но како сто казав се сто е порано е подобро
    да не ја исклуциме и мозноста од други болести сто се надоврзуваат на овие тумори кога еден тумор се појави по него се појавуваат низа други заболуванја.пр
    аденом на хипофиза предизвикува зголемен пролактин абнормални овулации незнам дали го разбирас се тоа и незнам сто така се интересирас за тумори ако е некој заболен кази конкретно полесно да ти објасниме а разликата е таа едниот се сири другиот не
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    сознанија за тумори

    Зборот тумор уствари знач-израсток,оток...Настануваат заради зголемување на ткивото или органот заради зголемено размножување на клетките.Можат да се малигни -канцерогени и бенигни-неканцерогени.Малигните се оние кои имаат способност да метастазираат ,можат да враснат во здравите органи и да го раселуваат туморот во здравите ткива и органи-значи ова е всушност метастаза.На местото каде ќе се појави туморот всушност со својот раст го замнеува здравиот орган,ткиво и на тој начин тој ја губи својата функција со што се и загрозува животот.
    Бенигните пак,со својот раст не можат да враснат-инфилтрираат ,во други органи и ткива,туку со својат кспанзувен раст можат само да ги потиснат.Тие не го загрозуваат животот доколку :!: со растот не потиснат некој витален орган,ткиво..
    Еве некои од причините за нивно настанување---Пушењето е како број 1 ризик фактор,стрес,изложеност на ув зрачење,изложеност на канцерогени-кои ги има во храната,загадена околина,некои вируси како хпв,и секако генетиката е тука...
    За нивно лечење најбитно е рано откривање...за малиген тумор доколу во почеток се открие уште додека нема инфилтрирано друг орган или ткиво,во целос ќе се острани по хируршки пат-операција...доцна е кога веќе тој ќе даде метастази..Хемотерапија е лекување на малигните болести со помош на хемиски материи од природно или синтетско потекло, кои уште се нарекуваат и антитуморски лекови, цитотоксични лекови или цитостатици. Хемотерапија та се користи за лекување за растот на малигните клетки односно нивно контролирање по хемиски пат.
     
  5. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    сознанија за тумори

    Најчесто бенигни тумори се:
    1.Lipom-се состои од масно ткиво
    2.Fibrom-изграден е од фиброзно(сврзно) ткиво
    3.Myom-изграден е од мускулни влакна
    4.Adenom-изграден е од жлездени клетки и се јавува таму каде што ги има(доста е чест на дојките)
    5.Hondrom-изграден е од ‘рскавично ткиво
    6.Osteom-изграден од коскено ткиво
    7.Haemangiom-изграден од крвни садови
    8.Lymphangioma-составен е од лимфни садови
    9.Papilom-се јавува каде што има епителни клетки и виси на петла(чест е на кожа,грло,душник и сл)
    10.Verucae vulgaris-брадавици
     
  6. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    сознанија за тумори

    Еве некои податоци кои можат да помогнат во борбата против оние канцерогени тумури кои за жал се се почести
    Многумина витаминот C (Ц) го сметаат како многу јака антиканцерогена состојка во исхраната. Витаминот C (Ц) во ова подрачје на медицината станал славен поради спречување на стварањето на нитросамин, кој е канцерогена состојка. Нитросаминот се појавува во телото како продукт на внесените месни намирници, тутунот, но го има и во природните желудечни сокови. Делувањето на витаминот C (Ц) тука допринесува во спречување на појавата на рак на желудецот и гастроинтестиналниот состав. Грам или повеќе аскорбати дневно ја намалува опасноста од рак на желудецот и предтуморските лезии . Витаминот C (Ц) штити од рак на дојката, цервикалниот рак и од предтуморската промена на клетките (цервикална дисплазија). Недоволното внесување на овој витамин ја зголемува опасноста од рак на гуштерача, додека оптималната доза ја намалува.
    Осумдесет и осум популациски студии покажуваат дека со витаминот C (Ц) може превентивно да се делува кај следниве малигни заболувања: рак на дебелото црево, рак на мочниот меур и рак на гркланот.
    Кај личностите со карцином во завршна фаза од животот витаминот C (Ц) го подигнува квалитетот на преостанатиот живот и го продолжува. Изработено е истражување на 100 луѓе во завршната фаза на оваа лоша болест со количина од 10 грама дневно витамин C (Ц).Тие луѓе преживеале четири пати подолго од очекуваното и само после 5 дена терапија изјавиле дека се чувствуваат подобро, појако и поприсебно и истопвремено имале зголемен апетит. Повеќе студии го потврдуваат истото за повеќеграмските дози на витаминот C (Ц).
    Витаминот C (Ц) не е лек против ракот, меѓутоа му помага на телото со тоа што навлегувајќи во ткивото ги штити здравите клетки па заразените клетки потешко се шират низ здравото ткиво.Докажано е дека со користење на витаминот C (Ц) може да се намалат последиците од примена на конвенционалните методи на лечење против ракот ( хируршки зафати, зрачење и хемотерапија) кои деструктивно делуваат на аскорбатите. Аскорбинската киселина веќе во доза од 40 грами го зголемува делувањето на хемотерапијата , а ги намалува попатните несакани појави како што е опаѓањето на косата.

    Еве и уште нешто
    Во семките на кајсијата, сливата,бадемот, тиквата и други, се наоѓа витаминот Б-17.
    Најголемата концентрација од овој витамин го има во горчливиот бадем, во семките од јаболкото, кајсијата, праската, крушата, сливата, црешата, лимонот, капината, малината, јагодата и друго.
    Исто така, витаминот Б-17 се наоѓа и во жолтиот ориз, лененото семе, тропските билки, посебно во тропската касава.
    Начин на делување:
    Во молекулата на витаминот Б-17 се наоѓаат две единици на шекер, една цијанид и една бензаделхид, кој во човечкото тело се ослободува само на места каде што се наоѓа малигна келија. На малигната келија, шекерот и е неопходен за растење и одржување. Малигната клетка е богата со ензимот бетагликозидаз во спој со цијанид и бензаделхид од семките се создава многу отровна материја, хидроцијанид(HCN). На тој начин малигните келии се трујат и уништуваат.
    Ензимот бетагликозидазон во останатите, здрави, келии на организмот се наоѓа во исклучително мали количини, па практично и не доаѓа до труење на здрави келии во организмот.
    Накратко:
    Ракот сака шеќер, а цијанидот (од семките на јаболко, слива, кајсија и др.) е окружен со шеќер. Ракот го јаде шеќерот и се труе со цијанидот. Затоа е особено важно, ќелиите на ракот да се наведат да јадат само шеќер со цијанид. Внесувањето на друг шеќер за време на лекувањето треба да се елиминира.
    Дневна количина:
    На секои 2,5кг од соптвената тежина по една семка.
    Прво измерете ја сопствената телесна тежина, потоа поделете ја со 2,5 и ќе ја добиете дневната количина што треба да ја конзумирате. Во просек, таа изнесува околу 30 семки дневно.
    Секоја семка добро изџвакајте ја и натопете ја доволно со својата плунка пред да ја голтнете.
    Ова се применува кај заболените од оваа опака болест, но и како превентива на здравите.
    Ако знае некој нешто повеќе во врска со некои природни лекови нека пише. Ме интересира бидејки скоро открија тумур кај мајка ми.
     
    На Tam4yy и fragaria им се допаѓа ова.
  7. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    на мајками и најдоа тумур на матката, сеуште незнаеле дали е малигден или бенигден. кога ќе изваеле ќе кажат. многу ми е страв, премногу. може ли некој да ми каже нешто за тоа, ве молам?
     
  8. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Значи вака, ако на снимикте не се забележува распростанување на туморот на сосесдните делови, веројатно се работи за бениген тумор или малиген во прв стадиум. Најдобро ќе би кажат кога ќе го извадат истиот и ќе му направат биопсија односно патохистолошка анализа. Ако се работи за бениген, ништо страшно, ако се работи за малиген можеби ќе биде потребна и хемотерапија после вадењето на истиот.

    До тогаш, односно се додека да ви ја направат процедурата, нивото на шекер кој го внесува мајкати треба да биде сведен на нула, значи да не јаде воопшто благо.
    Алкохол, цигари, газирани сокови и кафе да не се пие.
    Внесот на јаглехидратите треба да биде сведен на минимум.
    Исхраната да се состои најмногу од свежо овошје и зеленчук и варено/печено пилешко и риба.
    Црвено месо да не јаде бидејки е канцерогено ,а и се што е приготвено на високи температури и во масло е канцерогено, затоа пржено да се избегнува во целост.

    Свежо исцедени сокови богати со витамин Ц да се внесуваат по 3-4 на ден, од овошјата и зеленчуците за сокови да се употребува: портокал, јаболко, мандарина, пиперка, цвекло, лимон, круша, шумски овошја(аронија, јагоди, боровинки, капини, малини, рибизла и т.н.), може да најдете и да купите сок од алое вера, потоа капсули Екомер, рибино масло исто така.
    Потоа да се внесува многу бадеми, лешници, ореви и семки од кајсии.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  9. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    фала многу, неможам да спијам само ми се вртат некои грди слики низ глава. а ако е малигден има ли шанси да се извлечи?
     
  10. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87

    Вака ако е малиген, зависи во кој стадиум е.
    - Првиот стадиум значи дека туморот односно канцерот не е раширен на ни еден соседен орган, ниту лимфни жлезди, во овој стадиум шансите за да се отстрани и комплетно да се стави во ремисија се најголеми.
    - Вториот стадиум значи дека канцерот односно туморот е проширен на соседните органи или лимфни жлезди, односно се раширил во локалниот соседен регион. Шансите се малку помали но сепак се доста големи.
    - Третиот стадиум значи дека канцерот е раширен подалеку на лимфните жлезди и на подалечните ткива/органи. Овде шансите се значително помали.
    - Четвртиот стадиум значи дека канцерот е најмногу раширен, се имаат појавено метастази, односно канцерот има метастазирано. Откако канцерот ќе метастазира, шанси за да се излечи скоро и да нема.

    Но ова не го напишав за да те исплашам, немој да се плашиш предвреме.
     
  11. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    и на левиот јајник имало миом, така ми рече мајками... дали го познавте др русе, мајками најверојатно таму ќе оди, моментално е кај него и треба да закажат датум за операција...
     
  12. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    И заборавив да ти кажам, миомите се бенигни тумори, така да нема место за паника што се однесува до овој тумор.
     
  13. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    утре ќе ја оперираат мајками... многу ми е страв....
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Пробај да мислеш позитивно, сепак миомот не е опасен и е бенигнен, значи нема опасност од метастази, сега треба да бидеш силна и да бидеш со мајка ти, да ја охрабруваш. Ви посакувам се да помине во најдобар ред и побрзо опоравување.
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  15. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    фала многу на подршката :(
     
  16. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Денеска, изутринава ја оперираа мајками, и не и отсраниле ни матка ни јајници, и оставиле се, бидејќи докторов рекол дека се било чисто. само то монструмот го извадиле..
    Пред 1 час мајками ми се јави, сеуште не е свесна многу, од анестезијата. Правевме малку мубает, била добро.
    Луѓе, душата ми е мирна, едвај чекам да ја пуштат од болница, срецево ми се кини, ко ќе помислам дека е таму ;(
     
  17. eye

    eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    5
    би ве замолила за побрз одговор затоа што незнам каде на друго место би се обратила во овој момент
    мајка ми боледува од рак и помина неколку оперативни зафати,на дојка,јајници,матка и бешика
    во последно време се жалеше на болки во левото око па и рекоа да направи магнетна резонанца на глава резултативе се следни:
    Eкстрааксијално не се следи патолошко пребојување.
    церебрално лево во центрум семиовале нодуларна,пребојувачка лезија со дискретен околен едем истата поради уп. дг. може да оди во прилог за секундарна промена.
    други вакви лезии не се следат интрааксијално,но присутна фронтално десно линеарно конвергитачко пребојување што не исклучува венски ангиом или телеангиектазија.
    би била благодарна доколку има некое стручно лице кое може да ми објасни колку е сериозна работава....
     
  18. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Откриени се две абнормалности едната е церебрално лево во центрум семиовале и другата е фронтално десно.
    Вака на поразбирлив јазик.
    Втората промена што е фронтално десно е венски ангиом или телеангиектазија. Венскиот ангиом е бениген тумор во најголем дел од случаите, значи веројатно и скоро сигурно не е рак(односно не е малиген) и потекнува од крвните садови(во овој случај вена).
    Телеангиектазија е ти е проширен крвен сад.
    Значи тоа во фронталното десно или е бенигна-не канцерозна маса или пак проширен крвен сад.

    Е сега церебрално лево, вели дека промената е опколена со мала акумулација на течност или едема, не е голема бидејки едемата е дискретна. Вели дека ова е секундарна промена што веројатно значи дека не е поврзана со ракот.


    Јас не сум стручно медицинско лице и не го сфаќајте ова горе здраво за готово, може да се работи за ништо ,а може да е и големо нешто. Затоа обавезна консултација со стручно медицинско лице кое правилно ќе ја евалуира сериозноста на ситуацијата.
    А за прецизен одговор околу резултатите консултирајте радиолог.
     
    На Marija 1999 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Тумор на матка може да се открие веднаш и преку вагинален ехо преглед? Или прво нешто се приметува па се прават дополнителни испитувања?
    Малку глупаво прашањево али некој ако може нека објасне.
     
  20. sementa

    sementa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ve molam se raboti za tatkomi mlad 55 godisen vo momentot e vo bolnica 8 septevri vo odelenie pulmologija kade mu napravija snimki na glava na pluka i sinuzute po rezultati od snimkite vednas go zadrzija posle toa mu napravija bronhoskopija pa uste nekolku snimki i ostana za utre da mu pravat magnetna rezonansa na glavata a prethodno doktorkata o d plumologija koja go primi mi kaza deka od snimkata na plukata i glavat vide nekoja senka i mi sopsti deka se raboti za tumur na pluka koj se prosiri ili pustil meta stazi i na glavata mnogu se plasam ve molam ako ima nekoj nekakov lek ili bilo sto nekakva zdrava hran i samo vola za zivot mi rece doktorkata konecmata dijagnoza ke ja sopstat dur sreda a tatkomi ne znae za bolesa a i neznam kako i da muja sopstam a od bolesta sigurno i govorot mu e faten ne zboruva dobro kako da faka na jazikot ve molam kazete mi nesto zasto mnogu se plasam :(;(;(