Конкретно за татко ми...за операцијата и проблемите дознав пред операцијата (живееме одделно. Инаку знам дека имаше крв во мокрачата и потешкотии при мокрење..има направено контроли за кила, простата..но на крај се утврди дека има тумур на бубрегот и дека најдобро е да се отстрани..инаку се оперираше во државна болница, а операцијата не го чинеше ништо бидејки е крводарител веќе 40 години..
Еве дене мајка ми беше и кажале да не се чепка сеуште тумолрот и тумор е тоа и биднало од стрес и тоа е точно имаше стрес еден со мене. Па ќе видиме...
Здраво исто и на мајка ми пред 3 недели и е дијагностициран тумор на бубрег кој што ќе и биди отстранет, мене ме загрижува што потоа дали можи пак да се појави оти претпоставуваат дека е малиген, ве молам ако некој знај нека ми кажи повеќе, и се молам и се надевам дека мајката на девојчето што прочитав погоре ќе се излечи а исто и мајка ми
Девојки не знам на која тема да напишам па оваа ми е некако најприближна.Не пратија во државна болница на операција на надбубрежна жлезда за татко мо кај др. Сотир Ставридис па ме интересира дали го знаете дали е добар доктор,дали може да му се верува и итн ...
Постојат малигни и бенигни, значи малигните тумори се опасни, и најзастапен е карциномот или (Рак по нашки) и еве кога одев на пракса на Интерно одделение, сестрите ми рекоа дека туморите особено на бубрегот најповеќе одат малигно. Но, тоа немора да значи дека и твојата мајка е една од тие, мислете позитивно малу, ќе си одите на преглед кај соодветни доктори за тоа, друго ништо не ви преостанува, позз, се најубаво!
Јас бев кај негов асистент д-р Трифуновски, најдобри се и двајцата, си ја знаат работата беспрекорно. Не се плаши, можеш да имаш доверба во нив/него.
Здраво, вака имам тумор на бубрег кој е околу 4см и сакаат да ме оперираат но ризикот е голем да се отстрани и целиот бубрег со него. Знам дека се живее со еден и се тоа но 30 години сум, не сакам ни операцијаа воопшто а ни без бубрег да останам. Ве молам дали знаете нешто што помага при ваков тумор, не знам чаеви, води, надрилекари, било што веќе за сламка се фаќам само да си го спасам бубрегов.
Мој најдобронамерен совет, пари во џеб и барај мислење од повеќе лекари, на приватно, нормално. Со извинење ама на државно ги заболе за пациентите, особено со некој поспецифичен случај. Не верувај само на еден што ќе каже и барај опции, испитувања, тестови, се' што може направи - лесно е да се извади, невозможно е да се врати. И распрашај се по околниве држави ако треба, дали некој ќе се нафати да оперира без да го вади бубрегот - ако тоа е воопшто можно во твојот случај. Чаеви и билки не знам дали ќе ти помогнат ама позитивно мислење.... да, ќе ти помогне.
Бев кај повеќе доктори и тоа едни од најдобрите во државава, сите го делат истото мислење горе долу. Сега чекам уште еден магнет за убаво да се види состојбата дали има промени од последниот пред некој месец. Изгледа барем од ехото што видоа дека е поголем беше околу три сега е околу четири см ншто баш ме разочара. Сакам да избегнам операција, смртно се плашам од неа, само лоши мисли идат иако јасно ми е дека не треба, додатно и анксиозноста што ја имам, абе се ми е сега потаман, можеш да замислиш.
Операцијата е „најлесниот“ дел од приказната, јас барем така мислам. Легнуваш, те успиваат, стануваш, готово. Нема зошто да се плашиш - а и искрено, подобро да го извадиш ако расте, отколку да се оптеретуваш психички секој месец со прашања дали расте, како расте и колку пораснало. Психичкиот товар е поголем така. Само храбро и мисли позитивно, луѓе живеат со секакви дијагнози и состојби, се' додека се има лек и чаре за нешто, не е толку страшно колку што некогаш нашата потсвест не' убедува дека е. Верувам дека не ти е сеедно, верувам дека ќе треба да се прилагодиш отпосле на многу работи но... пак ќе речам, секакви работи се случуваат, битно е да се најде лек.
Ако станува збор за малигно заболување, не е ич за мислење. Имаш среќа што воопшто може да се оперира. Подобро без бубрег, него без живот. Тоа е мојот став ако станува збор за карцином. Можеш да ја напишеш дијагнозата, ако не ти е тешко?
Никако чаеви, сребрени води, надрилекари, ниту други сламки. Сум поминал низ оваа болест и сум видел многу пациенти кои се фаќале за вакви глупости и починале. Држи се до медицината. Ако не си сигурна во она што онкологот ти го збори, побарај второ мислење. Ако ти сугерираат дека треба операција, вади го сместа. Според новиот закон операцијата мора да ти биде закажана за помалку од 1 месец. Со секој ден чекање влагаш во ризик да метастазира туморот. Имам пријател што бил здрав и го донирал едниот бубрег на татко му. Па еве супер си е, си спортува и нема гајле. Операцијата воопшто не боли, ќе си бидеш под анестезија, немај гајле. Денес е вторник, работен ден, оди на лекар и закажувај операција. Те молам биди разумна и пиши што си направила, кога си закажала операција. Позз
Па не ги ставајте при срце годините пошто болест не бира по години. На другарка исто ради тумур и е изваден бубрегот уште пред 2 години, 25 беше тогаш. И супер функционира. Редовни контроли за другиот бубрег и се ќе биде во ред. Има луѓе со 1 само родени, има што 1от го донираат, така да гледај да не се оптеретуваш што би се извадил едниот.
Не одам на онколог туку уролог. Туморот е бенигнен за среќа иако покажува и карактеристики на циста комплицирана. Од анестезија ужасно имам страв поради претходно лошо искуство а не сакам ни без бубрег да останам. Додека имам простор ќе барам друго чаре освен операција. Фала ти сепак за советот.
Не може да не ги ставаш годините кога не е баш исто тумор на 20-30 години кога имаш пола век пред тебе и тумор на 50-60 години кога веќе си одживеал. Ете другарка ти прашај ја дали и` е лесно цело време да се мрцвари за контроли и да внимава цело време. Не е баш така лесно како што го кажувате.
Па уролозите оперираат де, онколозите лечат со хемо/зрачна терапија. Со оглед дека не е малигнитет во прашање, јас би ја пратела уште некое време творевината да видам дали расте. Ако расте, операција ти е најдобар избор. Затоа што ај ако е циста, под услов да не загнои итн. не е опасна. Ама и добрите тумори знаат да станат лоши тумори за брзо.
Мој совет е операција. Само како инспирација, баба ми веќе неколку години живее со еден бубрег, а има 78 години. Ја оперираа во Систина бидејќи исто имаше тумор. Нема никакви тегоби, не е страшно. Good luck <3