Здраво, ме интересира дали некој има искуство со овој синдром, лично или на свои блиски или познати. Како се справувате со овој синдром и најважно како околината ве прифаќа? И со оглед дека е наследно дали би ви сметало или не да имате деца со личност со ваков синдром? Појаснување станува збор за пореметување со движењата заради одредено невролошко нарушување на мозокот кое е наследно. Туретовиот синдром нема никакво влијание врз самата интелигенција или рок на живeење. Симптомите се поизразени кај децата. Луѓето со овој синдром прават постојани движења и гласови што не можат да ги контролираат. Понекогаш луѓето со Туретов синдромот непрекинато ги имитираат движењата на другите луѓе, а некои ги повторуваат своите или зборовите на другите луѓе или дури велат вулгарни или навредливи зборови без да сакаат.