Да, знам за ова, меѓутоа колку што разбрав било најава на редовен прес од заменик министер. Не официјално одлучено. Ако пуштат со тест, веројатно и јас ќе си закажам термин
Нема да ги отворат границите уште многу време. Ако имаш грчки документи можеш да патуваш како што е тоа во овој случај со @koritsaki и да правиш тест
Јас тоа викав, барем мк граѓани со тест да пуштаа, моите ќе сакаа да прават (поради крштевката сакаа да дојдат)ете има групни тестови во ЖМ.. И нешто друго не разбирам. Нели секој ден има известување колку има болни во Грција и кои градови. Известуваат и колку има болни од тие што прошле преку граница. Па нели тестови бараат од секаде?
Реално сега кога и во Грција се влоши состојбата (не дека е таму кој знае колку лошо гледајќи ја бројката на тестирани и бројот на население) и имаме слични епидемиолошки ситуации (кај нас се подобрува ете) би требало да пуштат барем со негативен тест. Ајде ќе видиме што ќе договорат сега по средбата на министрите од цел Западен Балкан, Грција и Бугарија за меѓусебно отварање на границите со заеднички протокол. Резултатот од тоа веројатно ќе го имаме некаде околу 15.09, и тогаш е топ за плажирање
Сакам да прашам дали смееме да патуваме во албанија без тестови,самоизолации после тоа или карантин, и дали македонски граѓани смеат да транзитираат низ косово без тест? *не можев да најдам точни информации никаде па дури ни низ роднини што се полицајци и слично сите различно кажуваат па ајде да прашам тука или некој од вас ако знае или знае каде може да се јавам/број да прашам точни информации за ова...
Во Албанија 100% можеш да патуваш без никакви рестрикции. За транзит низ Косово не знам, можеби @mssuniquee знае?
Мислам дека не смее ни транзит низ Косово :/ Немам баш никакво инфо ново за нив,но каде и дае ако не ги отворат границите неделава ќе мора тест да правиме за да идеме пословно
Грчката граница најверојатно ќе остане затворена и по 15.09, а по добивањето на овие неофицијални информации, Србите најавуваат штрајк и протестирање со глад пред Грчката амбасада
Оуу не сум во тек баш. Добро нели е претеризам штрајкување и протестирање со глад? На сите ни се оди на одмор ама кога те нејќат џабе е па колку сакаш траќај се. Освен ако имаат други цели.
Има некој апдејт за Грција? Никаде ништо немам прочитано, а 15ти е. @koritsaki (извини што на секое те тагнувам, ама морам )
Нема се уште никаква новост и јас очекувам нешто да кажат околу ова Некои ќе кажат сезоната пројде, ама за мене и други овде што живеат не можат семејството да си го видат , ете барем со тестови да пуштаа.. Ќе чекам известување ако нешто кажат ќе постирам
Да тргам вечерва во 00 да минам граница, немаат одлука за после 15.09 така да мораат да пуштаат Се шалам, чекаме сите новости. Фала на инфо, мислев нашиве медиуми да не немаат пренесено случајно.