Па после 7 ми септ тука во италија заборавија да известат изгледами. Нема ништо. Сумњам дека ова ќе потрае дечки. Пробав да барам нема ништо за продолжување. Ќе си поседеме вака уште некој период сигурно.
Здраво,дали знаете какво се условите за патување во Хрватска без виза,дали воопшто е дозволено со негатовен пцр тест или имаат забрана за влез на патници без виза?
Дали знаете каква е процедурата моментално на аеродромот скопје? Треба да отпатувам до истанбул на еден ден ? Потребен е тест?
Здраво на сите! Наскоро имам план да патувам во Грција од професионални причини па ме интересира дали некој досега имал искуство со влез во Грција за време на пандемијава. Се што успеав да најдам на инернет за патници со исклучок се однесува на стручни работници од областа на медицина, возачи на камиони, земјоделски работници, студенти и слично, а мојава професија не спаѓа во ниту една од тие категории. Дали постои можност да поднесам некакво барање за дозвола за влез/престој во Грчка Амбасада со тоа што секако ќе покажам и документ кој докажува дека патувам од професионални причини. Било каква информација ќе ми биде од помош! Ви благодарам!
Би одела и се надевам час поскоро, ако знае некој на пример @Ahoy што правила имаат комшииве на југ и Хрватска, нека каже
Ама ок, а таму не треба ли пораки, врагови, има ли полициски часови, не знам? Башка мим со пцр ќе треба да патува.
Пораки мислам дека нема, а полициски мислам дека има после 23, не сум сигурен. @koritsaki ако сака да ни каже
„Франс прес“: Европската унија ги отвора своите граници за вакцинираните патници https://makfax.com.mk/svet/франс-прес-европската-унија-ги-отв/
Пораки и такви глупости нема више , а во 12и30 по полноќ почнува п.час само дали е до 4 или 5 , не знам. Пцр тест бараат од 5 години па нагоре да знаете. Пред некоја недела го сменија ова. И читам по некои мк страни дека треба на плажа да се праќаат пораки и за изнајмување лежалки и слично , немој да верувате се е лага тоа
Одлично. Значи и јас и мим да се пријавиме на странава, јас дека со сертификат, он со пцр, и шишаме преку граница? 12-5 сабајле сеедно ми е, чим дење можам на плажа/во ресторан да одам
А и обавезно да го пополните PLF на странава , најкасно 24 часа пред поаѓање. Лесно е , само види порано да го пополниш. Пред 14ти мај имаше ограничување на луѓе што влегуваат преку Евзони. 400 на ден. И системот не им беше сменет до минатата недела кога требаше јас да пополнам за мене идецава , па остај што ме снајде во тесно се најдов. Не ми даваше QR код за датата што сакав. Ниту за наредните денови. А имав тестови правено со ќерка ми. Па ајде се јавував по кознулатот по граница не знаев што да правам. Ако не најдев решение да штиклирам дека сум професионален возач (само така ми даде код) ќе ми истечеа и тестови и се па ќе мораше пак да правиме. А ова со 400 луѓе веќе не важи. Само се надевам дека им е оправен сајтот сега. https://travel.gov.gr/#/ Можеш каде сакаш да одиш слободно
Корисни информации А продавници работат? На пример Икеа и сл? Не е одмор, ако не се отиде до Икеа Читав некаде дека треба да пријавиш каде ќе бидеш т.е на која плажа. Вистина е ова? И дали има други ограничувања на движење, освен полицискиот? И како е со маски? Кога се користат? На отворено, затворен простор...
@An-na да да , се работи нормално. Нема претходно пријавување никаде веќе. Нема пријавување ниту за плажи. А маски треба да се носат да , секаде и на отворено и на затворено. Е сега на плажа не знам , ама најверојатно има дистанца помеѓу лежалки и сл или најубаво носете си во чанта Знам дека се уште музика е забрането да се пушта по плажите други ограничувања нема
Види ова, вие имате прележано - Proof of a negative test is not required if the traveler has recovered from COVID in the past 9 months. This can be proved through a certificate of recovery issued by a public authority or a certified laboratory. Another option is a certificate of a positive PCR molecular test result, confirming that the holder recovered from the SARS-CoV-2 virus infection, performed at least 2 months before arrival, and no later than 9 months before arrival. Ама како и од каде се добива ова, не знам ич.