Можеме да заборавиме на патувањето во ЕУ ова лето со сите нивни мерки. Јас ќе го поминам мојот одмор во Македонија ( Охрид и Дебарски бањи) Можеби краток викенд до Солун, но Грција има повисоки цени во споредба со 2019 година.
Па машала Се вози до Лефкада, до пристаништето во Василики, па од таму со траект до Фискарди. А за Хрватска сподели ако знаеш како се со правила, плус каде да одиме ако решиме за натаму, уште не сме решени. Исто, поглед на море, убави плажи, да има некаков живот во околина за вечера
Порос ко далечку ми се гледа од поубавите плажи на Кефалонија, а и подалеку е за пат. Во Асос нешто да се најде
Сепак уште едно лето останувам во МК. Ги чекам хотелите во Охрид да извадат понуди, се надевам со добри попусти. За во Грчка не ми се даваат пари за ПЦР тест, а којзнае кога ќе ми дојде редот за вакцина.
Мислам сепак Крф ќе биде, наједноставно ми се гледа за пат, а не сме биле. Најдов предобра куќарка во Агиос Ѓорѓиос, е сега веројатно со траект ќе треба Игуменица - Керкира. Мада лично не ми значи да ми се блиску убавите плажи, повеќе да е така, поживо место за навечер, а дење не е проблем да возиме до плажите. Парга затоа толку ја сакам, ноќе е преубав град. Ама време е да смениме
Аг. Георгиос кој? Северен или јужен? И јас сакам на Крф, ама уште се немам одлучено. Имам заборавено смештај и погодна локација како се бара мме Парга е во срце
Јужен Претпоставив дека е оваа куќичка вчера кога ка видов на аирбнб, па не е многу скапа реално за локацијата и површината
Бидејќи е поактивна темава, да ве прашам (@CameliaMiller и @Ahoy ) дали на Јонско има место кое е погодно за пензионерски одмор со деца? Всушност, сакам да дојдам, гасам кола и на одење да ја палам. Без развозување во меѓувреме. Да може секаде пешки да се стаса. Да има какви/такви активности, плитка вода, погодна за деца.... итн...
Амудија Генерално на Јонско се ретки баш плитки плажи. Ама ако сте расположени за пешачење (а може и кратко возење и подолго) одете во Парга, Валтос е песочна и "нормална" во однос на длабочина, Писо Крионери е со камчиња ама е преубава. И на двете се стига пешки, само сепак имај на ум дека Парга е со угорници, зависи кај сте сместени. На сите плажи во и околу Парга секогаш има многу деца, а и самиот град е преубав, можеби и најубав од туристичките што сум ги видела во Грција. И дење и ноќе има што да се прави, морето е преубаво, навистина вреди да се посети Јас сега не знам каде да одам од што барам слично место
Мене ме кочи што е некако богу иза леЃа, не ми се гледа како да има некакво гратче во околина барем. Башка единственава плажа во близина не знам, не ми е вау. Давај идеи, ич не знам што да правиме.
Мене прво на ум ми падна Парга, затоа што има буквално сè и е преубава. Јас на Писо Крионери имам гледано многу деца, мали, ама да, камчиња се. Ако одиш преку агенција побарај дали ја има вила Фиоре, прекрасен смештај и на супер локација затоа што пред вилата има планинче и не е спарно како што знае да биде Парга. Плажата што е во центарот на Парга не ми се допадна. Амудија не сум бил, Врахос не е таков, а ни Канали таму. Евентуално Нидри на Лефкада, ама и таму се камчиња и не се плажите така добри како што ги знаеме за Лефкада, ама има прекрасни крстарења со обиколка на најубавите плажи на Лефкада, Фискардо во Кефалонија кој е рај и Итака
Тоа де тоа, никако да се одлучам. Од една страна сакам да одам на проверено, некаде каде што сум сигурен дека ми е убаво, затоа што не планирам да се разочарувам после две години без море Дерфор, размислувам за Олимијада затоа што Куба, Бабилон, Стагира... плажите се сон таму, или трет крак каде што немам одено А си најдов едно хотелче во Неа Скиони, сега дали да е таму или не
Ви благодарам. Не ми сметаат камчиња на плажа, ама сакам да е плитко. И по можност се да е блиску, да не мора со кола да се акаме. Баш пензионери