Најверојатно и егејско ќе биде. Секоја година фантазирам за јонско и на крај пак на егејско завршуваме. Додека не порасне детево изгледа така ќе биде.
@CameliaMiller на Крф сите градчиња се мали и не знам колку се живи. Исти се а на Халкиди, а на Крф. Ништо специфично немаат малите градчиња. Може да се живи само оние ептен севернине каде што има Енглези (што се пијанчат) и еветнуално Ипсос мислам дека се викаше местото каде што одат пртетежно млади. Островот е со преубави плажи. Има таверни по плажи и скриени ували ама бара возење. Два пати сум била и два пати возевме прилично многу. Има преубави места, ама ако сакаш да се возиш до нив. На Крф самиот град Крф е супер. Жив е постојано, со стари градби баш како што треба. Вториот пат скоро секоја вечер одевме во самиот град за вечера. Е сега зависи и што ти е идејата за живо местенце. Дали повеќе таверни или повеќе кафиќи и слично. Јас годинава ја меркам Хрватска. Веќе и резервиравме и се надеваме дека ќе можеме да одиме пошто сме со две дози вакцина.
Таа во центарот е Крионери, песочна е ама малтене на улица е, а одма на 200-300м после неа е Писо Крионери. На Лефкада убавите плажи ај што бараат возење, него се длабоки дури и за мене нормално, на отворено море гледаат А Нидри/Василики... не ми се за одмор цел таму терање. Агиос Никитас е добар, ама сепак патот до Лефкада е ту мач ако немаш желба црева да превртиш до Мегали Петра/Каламици Амудија по на шала го кажав, сериозно е рај ама за мали деца, на Ана не е толку мало Да сакаш не можеш во длабоко да стигнеш Амудија ми е мене предосадна реално, а и плажата е ок само ако имаш дете до 2-3 години, над тоа и нив ќе им е досадно Врахос не, не и не, едно што клаустофобија да те фати е, а друго што е насип и одма длабоко, не може детево да се бања а да го пазиш од лежалка.
Абе не ти е толку мала Носи ја во Парга има сите да се изнауживате. Единствено нема(ше) Лидл, па ќе си испазарите во Поликастро.
Таверни, мада и кафиќи се ок, лабаво, не барам журка, ама да не е ни мртво па. Ја барам Парга јас, ама ако ја спомнам дома уште еднаш, сама ќе треба да одам
Ех не знам баш. Ние на Крф преседавме. Ние бараме стар град со таверни. Добро е што ја бараш Грчка во Грчка. Јас барам Хрватска во Грчка и тоа е малку потешко. Ќе мора да ја пробам Парга некогаш сите ја фалат.
Не знам, мене ми е магична. Не ми е одмор само плажа, затоа Парга нуди и други уживања. Дај предлог и за Хрватска, 2019 бев Дубровник, сега гледав на Брач ама не знам, многу пат ми е (а и 2 години скоро не сум се бањала ) да не се зезнам Не ми сметаат камчиња, ама ми сметаат камења, не сакам по мов да газам и тоа е посебната убавина на јонско, камења има, ама мов, алги, треви не сум видела.
Оти бе, супер ќе си поминете Патот помалце од 12 саати ќе ве фати, а ние возиме толкав пат без проблем од 2 годишна возраст.
Од 1.06 ке видиме што ке биде со правилата. Од Скопје до Опатија,Ријека,имаш 9-10 часа пат ама автопат. Јас не сакам баш долго да патувам,ама еве ЦГ.да појдеш до Херцег Нови 8 часа ке не фати и тоа магистрален мачен пат. До Грција по островиве исто. Јас гледав сместување во Опатија и Цриквеница,9 часа пат,ми одговара.Плус сместувањето не ми изгледа скапо ко други години.
Не ми е толу за патот, колку за местото. Додека е помала сакам да се стационирам на плажа, без шетање и развозување со кола. На краците скоро сите места се вакви, на јонско ко што читам мора да возиш за да стасаш до плажа или до содржини.
Не е проблем патот, него Грција ми е "проверена", со Хрватска немам толку искуство, па не знам каде, како..
Да, Сивота и Парга @An-na Не мораш да се развозуваш, освен ако баш сакаш некоја плажа да видиш. На пример јас се сместувам во Полихроно, а на плажа/шетање во Афитос одам Полихроно е за се' поефтино, и поубав смештај за помалку пари, па ми се исплати возењето. Ама и во Сивота и во Парга не мораш да возиш до плажа, ако се сместиш некаде блиску до Валтос, може да не се помрднете сите денови За шетање дур се качите во Парга е угорница, ама јас вака тешкаш ја имам качено, не е страшно.
Јас само заради другите содржини не ја сакам Грција. Сакам борова шума за плажа (а Грците обично ги кратат боровите од плажа и треба да се печеш под чадор), не сум обожавател на песочни плажи (се ежам некогаш од песок на нозе, плус ми ги разранува некогаш прстите песокот), и сакам стар град за шетање блиску до плажа и нормално навечер да пијам вино во коноба/таверна со поглед на стари градби и ако има марина со едреници или луксузни јахти уште поарно. Годинава и ние сме на Брач намерачени. До сега сме биле два пати на Бол, сега гледаме друго место на островот. Инаку до Хрватска имаш опции за стигнеш по автопат и тогаш гледаш места околу Ријека/Истра, евентуално околу Спли ама подолго е патувањето. Таму горе Раб, Лошињ, Крк. Втората опција е Далмација. За во Далмација одиш низ Косови, Албанија, Црна Гора (и евентуално Босна ако не се спуштиш по магистрала туку низ Босна па директно на Дуборвник да се спушити). Во двете варијанти подобро е да си преспиеш ноќ/два во Дубровник или Херцег Нови/Котор па да возиш до островите (Брач, Хвар, Корчула). Опција на копно мене ми е секогаш Цавтат или дел од местата над Дубровник. Не знам што ти значи мов, веројатно мислиш на алги што може да ги има на карпи. Има и ткави места во Хрватска ама ова што ти го кажувам нема такви нешта на официјалните плажи. Еве слика од Бол што мене секогаш ме купува.
Во Грција не ми текнува на вакво место а да е како комплет Лагомандра на Ситонија е преубава плажа со природни сенки, а Неос Мармарас е прекрасен на вечер. 8км е помеѓу НМ и Лагомандра. Исто плажата Ковиу на 3км од Никити, најпрекрасна плажа, а и Никити е многу убав И Писо Крионери во Парга како најдобар комплет мислам, и град и плажа