Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туризам во време на Коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 26 јули 2020.

?

Дали би оделе на одмор според моменталната ситуација?

  1. Да, нема ризик

    59 глас(а)
    18,6%
  2. Да, меѓутоа не ми е сеедно

    85 глас(а)
    26,7%
  3. Можеби

    41 глас(а)
    12,9%
  4. Не, има голем ризик

    58 глас(а)
    18,2%
  5. Не, од други причини

    19 глас(а)
    6,0%
  6. Веќе бев

    38 глас(а)
    11,9%
  7. Можеби, но само во Македонија

    52 глас(а)
    16,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.552
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ти сакаш обратно од мене. Ја нејќам да се возам на плажа. Сакам во градчето каде што сум сместена да има плажа до која ќе одам пешки. Одмор не ми е за возење. Држи се до Грчка ти. Ако тоа ти се свиѓа. Хрватска е потполно друг концепт и ако Грчка ти се свиѓа Хрватска нема да ти легне. Исто како мене што не може да ми легне Грчка потполно.
    @Ahoy плажите на втор крак ги знам. Многу се убави и имаат дел од нив сенка на плажа. Сум била и на таа Лагомандра и на Елеа (малку погоре од Лагомандра) и на тие од другата страна Lagonisi и слични. И убави се, ама плажа на едно место, гратче на друго се. Плус гратчињата не ми се ништо посебно. Никити на пример има убава марина (ако се иззезме ѕидот), ама е како на крај град, има во Центар (кај пристаништето) убави неколку таверни ама одма карши нив има детски панаѓур (со светлечки играчки што тотално комплетно и потполно го рушат впечатокот). И нема ништо специфично во ниту едно од новите гратчиња, со исклучок на Афитос на првиот крак и толку.
    @Biljarkata Опатија не сум сигурна дека има плажа баш во градчето. Односно има бетониран дел, ама плажа како плажа нема. Има во околина плажи. Местото не е премногу мало (како променада на Ријека отсекогаш служело).
     
    На Ahoy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller околу Кавала има феноменални плажи, песочни, бели, за мерак. Особено Амолофои, ти ја спомна @Ahoy. Заљубена сум во таа плажа, и пак ќе се вратам, сигурно, само не годинава. Штета што немаат капацитети на сама плажа, па мора да се сместиш во Неа Перамос на пример, пет минути со кола е до плажата. Нас ни беше проблем со децава утовар растовар на реквизити, ама плажата вреди за тоа. Каде и да одиме, во глобала гледаме да ни е смештајот на сама плажа, оти најчесто преку ноќ ги оставаме реквизитите на плажата, или во близина, да не ги влечкаме по соби и апартмани.
     
    На mal.ecka, CameliaMiller и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Не можам да најдам смештај што ми се допаѓа ни во Неа Перамос, ни во Ираклица, а ептен сакам таму :(
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Со рапид можеш. Само види назад список имам кои рапид се признаени од ЕУ, не се сите.
    За антитела реков уште првиот пат кога се начина муабетот, дека антитела не ги сметаат за доказ за прележан ковид.
    Доказ за прележан ковид ти е позитивен тест постар од 14 дена, а понов од 6 месеци и потврда од лекар дека си се опоравила (дека лечењето завршило).
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Ние бевме во приватна куќа, цел спрат со три спални, кујна и трпезарија со дневна за 50 евра од вечер, во Неа Перамос, на лице место го најдовме. Иначе грото се хостели со една бања на еден спрат и многу Бугари имаше. Градската плажа им е лоша, ама затоа Амолофои надоместува. За Неа Ираклица не знам, барав минативе години, ама не наоѓав ништо што ми фаќаше око. Ај да видам, може ќе најдам кај бевме.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа дека треба позитивен тест да е пред 2 до 9 месеци најмногу.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не знам, видете си кај грчко министерство за внатрешни/надворешни работи најдобро.
     
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Јас со тест ке одам, немам прележано, нема да се вакцинирам.
    За инфо пишав.
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Да, за Грција е така :)
    Било каков доказ дека го имаш прележано вирусот прифаќаат, и серолошки за антитела.
     
    На MilaSs12 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.240
    Дали јас не знам да гледам, дали што е, ама ми се чини како барем на Брач за до сите плажи да ти треба некаков превоз? Ако не, сериозно дај ми идеја каде - што - како. Нормално идеално е да ми е пешки некоја убава плажа преку пат, ама да не бидам во пустелија сместена, сепак да сум во град.
    Сериозно дај ми предлози, бидејќи сакаме да одиме во Хрватска, ама не сме биле по плажи, туку туристички на шетање, без бањање.

    Секако, не мора да е Брач, но тоа највеќе некако ми фати око, но ако сметаш дека има подобри градови со плажи дај ми предлог :)

    Не одам на одмор САМО за плажа, затоа не ми се оди во некое изолирано селце, сепак да има што да се прави покрај плажата. Генерално преферирам острови, но и да не е остров ќе погледнам.

    Ќе ги означам и @Cosmi @Ariel ако сакаат да споделат некое место и секако услови за патување.

    Доста граници се измеѓу. без оглед дали ќе одиме Косово-Албанија-Црна Гора-Хрватска или Србија-Хрватска, па дали е доволен мојот сертификат за мене и пцр тест за другиве, или и за мене сепак пцр ќе треба? Имаат ли полициски час? Со правила за маски како се?
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кај пишува серолошки за антитела?
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.240
    Proof of a negative test is not required if the traveler has recovered from COVID in the past 9 months. This can be proved through a certificate of recovery issued by a public authority or a certified laboratory. Another option is a certificate of a positive PCR molecular test result, confirming that the holder recovered from the SARS-CoV-2 virus infection, performed at least 2 months before arrival, and no later than 9 months before arrival.

    Меѓутоа нашиве па ова имаат напишано, што значи уште не се на чисто што е прифатливо а што не е


    Информираме дека Владата на Р.Грција, донесе нова заедничка министерска одлука бр. Δ1α/ΓΠ.οικ.29925 од 14 мај 2021 (во прилог), со која се укинуваат мерките за ограничување на копнените, воздушните и водните врски на Р.Грција со одредени држави, кои не се членки на ЕУ и Шенгенскиот договор (вклучително и РС Македонија) и се дозволува влез во земјата на државјани на посочените земји во периодот од 14 до 24 мај о.г, под следните услови (утврдени во член 3 од Одлуката):

    1) сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (достапен на веб-страницата: travel.gov.gr), најдоцна 24 часа пред датумот на влез во РГ.

    Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во РГ (по копнен, воздушен и воден пат);

    2) сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство и начинот на влез, се должни:

    а) да поседуваат сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа, согласно домашното законодавство и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на нивната вакцинација против КОВИД-19. Сертификатот за вакцинација треба да содржи: име и презиме на лицето, како што е наведено во пасошот, видот на примената вакцина, бројот на примени дози и датумот на нивното примање;

    б) алтернативно, да имаат негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа издаден од сертифицирани јавни или приватни лаборатории, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик;

    в) алтернативно, патниците можат да остварат влез и со потврди дека прележале КОВИД-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антигени со важност од 2 до 9 месеци од датумот на дијагностицирањето на болеста. Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик*.

    *Важно: во однос на последнава алтернатива, укажуваме дека грчките органи сеуште не ја вклучиле опцијата за влез со потврда за прележана болест во ПЛФ-формуларот и нема медицински протокол кој прецизно ја утврдува/разработува оваа можност. Ова создава одредени нејаснотии во однос на тоа каков точно документ е потребно да поседуваат македонските државјани, со кој би можеле да остварат непречен влез во РГ. Оттука, потребно е во дополнителна комуникација со надлежните македонски и грчки здравствени органи да се утврди типот на документ-потврда, издадена од соодветна македонска здравствена установа, кој би бил признаен/прифатен од грчките органи како валиден доказ за прележан КОВИД-19, со кој нашите државјани би можеле непречено да патуваат во РГ.

    Горенаведените обврски важат и за малолетни деца над 5 години.

    Горенаведените документи мора да се презентираат пред соодветните грчки погранични органи или Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

    Сите патници кои патуваат во РГ, независно од нивното државјанство и начинот на влез во земјата, ќе бидат подложени на rapid-тест на граничниот премин, врз основа на соодветен алгоритам и се должни за време на престојот во земјата да ги почитуваат вонредните мерки за спречување на ширењето на КОВИД, согласно претходните министерски одлуки.

    Лицата кои ќе бидат подложени на рапид тестови, остануваат на граничниот премин сé до издавањето на резултатот од тестот.

    Против патниците кои ќе ги прекршат горенаведените мерки, ќе бидат изречени соодветни законски санкции.


    2) Мерките од член 3 се применуваат на сите лица од членот 2, став 1, 2 и 3 на следните влезни точки во РГ:

    - сите меѓународни аеродроми во земјата;

    - пристаништата во Патра, Игуменица, Керкира;

    - граничните премини a) Промахонас и Ормениу (овие премини се отворени 24 часа) и Евзони (отворен од 7:00 до 23:00 часот по грчко време).

    Авиокомпаниите и бродските компании, како и компаниите за патен и железнички транспорт се обврзани да го проверат патникот пред да тргне на пат, за да потврдат дека ги има потребните документи опишани во член 3, а во случај на утврдени прекршувања имаат обврска да го вратат патникот на сопствен ризик и трошок.

    Оваа одлука ќе се применува за временскиот период од 14 мај 2021 година од 06:00 часот до 24 мај 2021 година до 06:00 часот.
     
    На eli25 и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нашиве ако, ама имаш докази луѓе што отишле на граница и ги вратиле. Плус нашиве познати се по мешање на работи.
    И во тој текст не пише никаде дека доказ е антитела.
    Мислам антитела не прифаќаат оти не се веродостојни сите, не се релевантни и нема контрола, па може да има многу фалсификати.
    Во принцип, не се расфрлајте со тврдења што не сте сигурни дали се точни.
    Разбравме ви се оди на море, ама некој ќе се залета со серолошки по ваши институции и ќе го вратат на граница.
    Малку посмирено :D
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Ама има и што поминале со антитела, и такви кои ги вратиле со рапид тест.

    На крај испаѓа дека најсигурно е ПЦР или вакцина.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сигурно не пуштаат како им текне.
    Ако пуштаат со антитела, битно е кој тест, каде направен, дали е преведен или сертифициран.
    Исто важи и за брзи, па ако сакате да помогнете ископајте ги тие информации и споделете :)
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.240
    Буквално во ова што ти го цитирав пишува дека
    Важно: во однос на последнава алтернатива, укажуваме дека грчките органи сеуште не ја вклучиле опцијата за влез со потврда за прележана болест во ПЛФ-формуларот и нема медицински протокол кој прецизно ја утврдува/разработува оваа можност. Ова создава одредени нејаснотии во однос на тоа каков точно документ е потребно да поседуваат македонските државјани, со кој би можеле да остварат непречен влез во РГ. Оттука, потребно е во дополнителна комуникација со надлежните македонски и грчки здравствени органи да се утврди типот на документ-потврда, издадена од соодветна македонска здравствена установа, кој би бил признаен/прифатен од грчките органи како валиден доказ за прележан КОВИД-19, со кој нашите државјани би можеле непречено да патуваат во РГ.

    Односно, пишува да НЕ се ослонуваат на антигенски тестови, се' уште не е усогласено КАКО тоа би се извело.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.240
    Па ги споделив бе Ангел бе :D
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.240
    Јас не би се ослонила на антитела, поедноставно е ПЦР да направиш, освен ако не си смислат посебни документи со кои е ПОТРВРДЕНО дека си прележал, како сертификатот за вакцина на пример, а не да се остави кој како сака да си толкува, па може ваму, а таму не, па минимум ат итн.
     
    На eli25 и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Од сертифицирани лаб. од МЗ, неколку пати е јавно кажано. Е сега, кои се тие сертифицирани лабс може има некој список на нет, ама сигурно можеш да си прашаш пред да правиш тест.

    Во грин пасот од следна недела ќе биле вклучени и серолошките тестови со количина на антитела, па ќе биде појасно.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.240
    Се уште нема такви, проверувајте на странава https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/covid-19 за секоја држава ставаат најнови информации.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.