Мексиканец шпански лафам по малце, португалски не баш Овие не беа бе на Егеј? Леле мим ми вика ај ма види нешто Закинтос, Санторини... абе оти бе местава мене еве око не ми фаќаат? Барем стрит вју како Полихроно ми се плажине Би одела да гледам туристички, ама за бањање не ми е тоа некако На Санторини па, на слики кога гледаш си викаш лелееее вау, отвараш стрит вју и... мех. Е на Крит би одела, ама со кола далечко ми е И на Кипар. Ама и тоа далечко ми е, со кола не се иде Спомнав Парга и добив изрично "не". Значи аман. За во Хрватска јас ќе си натнам патики за во вода, ама другиве двајца ми се нежни на стапалца многу
На Егеј се, ама мислам дека Карпатос е прекрасен. Ќе се оди кога ќе се има поголем буџет Санторини е за викенд брејк (пример денес да одиш и во пон. назад), плажите мислам дека не се убави таму. А Парос ми е како комплет прекрасен, по слики де . И тој до него, убави плажи има мислам. Аа... Наксос Закинтос... нах Пелопонез нешто?
@CameliaMiller на Брач барем на Бол и Супетар имаш плажи на кои се стига пешки од смештај. На Бол каде што е познатат Златни Рат плажа целиот предел е заштитен појас. Има борова шума околу плажата и немаш никаква потреба да бегаш од плажа во најжешкото само се криеш во шумата. Е сега зависи од смештај ама може и околу километар да треба да пешачиш зашто толку е долга патеката што води до таа плажа. По самата патека имаш бањање и мини плажички секаде. Има смештаи во самата борова шума по патеката ама само на почеток, на крај се само хотели. Малку подалеку е да си сместен по завршување на патеката во самото градче. На спротивниот крај од градчето кај Самостанот има уште две други плажи едната има сенка, другата е скроз без сенка. На сите плажи се ситни качиња и дефинитивно нема мов и алги во водата. На Супетар исто има плажа при крајот на градчето и према хотелите. Еве слика од Бол. Не не баш најдобра зашто плажите од десната страна ги нема обележано (ова е од хотелот реклама). Ако гледаш има сместување и во самата борова шума на почеток. ВО долен десен аго на сликата е плажата што нема сенка и со тоа завршува местото : Еве уште една од плажата најпозната (градчето е од десно): Хвар е исто уба остров и самиот град Хвар е многу убав ама плажа во самиот град нема (се оди со бротче на соседни островчиња). На Хвар исто е убав Стари Град ама исто без плажа во самото место. Корчула мене многу ми се допаѓа, ама плажа како што вие сакате има на неколку километри од Корчула, ама треба да се вози до неа. Во самиот град плажата е карпа и вода и мал дел мали камчиња што први ги фаќаат тие со деца. Од она што го читам влез во Хрватска со две дози вакцина, прележан Ковид или негативен тест (Ministarstvo unutarnjih poslova Republike Hrvatske - Hrvatski (gov.hr)). Од Грција островите пробајте го Скиатос, таму има плажи по мој ќејф и многу е мал островот па лесно се стига секаде. Или евентуално Скопелос има мало гратче и во продолжеток плажа. Мене ми е тоа место најслично со Хрватските места.
Еве ги моите две омилени ever, не се first choice на скоро никого што го познавам, ама јас на поубаво место не сум била. Првата е Саракинико, втората Писо Крионери, иако личат песочни, не се двете се со камчиња, до душа П.Крионери камења Затоа викам камења како камења не ми сметаат, обично е и водата побистра кај што има камења, ама стрит вју освен Златни Рат, другиве без врска ги покажува, а, и таа кај манастирот Мартиница личи ок, ама многу е можно крај на јуни да нема каде да седнеме. Обично до најубавите плажи се стига со кола или брод, барем е тоа моето искуство, освен ако нели немаш желба да одиш по 500 скали, а и до нив со кола треба Како што го гледам Брач, и таму сите плажи што ме потсеќаат на овие горе се изолирани до толку што бротче ќе треба да си најмиме Иначе ова е тоа што ме гади Можеш да приметиш дека камењата се зелени Не можам да поднесам никаво растение во вода, за жал имам нагон за повраќање и можно е да уништам раат на останат народ, па затоа стрит вју ми е најдобар другар Најдов неколку смештаи во Бол, и еден преубав во Pučišća (Пучишќа?) само не знам колку е паметно во гратчево да одиме, буквално нема никаква плажа во близина.
остануваат исти до 31.05 Прочитав вчера демек пуштале со антитела. ние сме со ПСР. Најефтино ми се виде во Биотек. 2100 денари плати мм, а јас 2000, фамилијарен попуст, така нешто. на граница милина. Имаше коли, ама не претерано. Поминавме за час. Документите ги погледнаа само и толку, не пуштија да врвиме. Ако планирате шопинг, откажете се или бидете спремни дека пред секоја продавница се чека ред. Јас демек ќе одев до најк и Адидас во о.салоника, ама иако стасавме пред отворање имаше ред до надвор. Секако не чекавме Во Космос иста приказна секаде. ИКЕА ја оставив за на враќање, ама веројатно и таму исто ќе е. Значи, ништо од шопингот
А да не знаете каде резултатите од антитела ги преведуваат на англиски, т.е. се спремни за патувања? Синлаб можда? ЦЈЗ не ми се верува, а други во Битола како да нема.
Биотек по дифолт ги праќаат и на мк и на англиски. Мајка ми правеше и доби 2 маила. Еден на мк, еден на англиски. Пред 3 недели.
Јас имав од Биотек, кај тој резултат што беше на англиски име и презиме ми беше напишано на кирилица. Па се јавив да сменат и пак ми го препратија. Сега гледам кај операторот што ми наплатил стои име и презиме на кирилица пак ќе треба да го преправаат. Печат нема,се надевам валидно е така? Но дали ќе се признаваат од секоја лабораторија,нели нешто имаше за сертифицирани лаборатории?
Биотек е сертифицирана лаб. Печат не треба, ел. валидно е. Ниту на сертификатите нема печат, само qr код, ама тестовите на Биотек цело време се валидни за патување, од лани, исто на Жан, Систина, Авицена, Синлаб.
Биотек мислам не е сертифицирана лаб. Синлаб е сертифицирана.Имаше некаде список на сертифицирани лаб.. И јас имам резултати од Биотек,на македонски, @Sofi.ja одговараат на мејл да им пишам да ми пратат на англиски?(Биотек) @CameliaMiller најде за резервирање ? И ние сме на сто памети. Малта се отвори за туристи или не?